Конечно после месец дена асално те изнагушкав и изнамазив. Ми фалеше ова многу.. премногу! Те љубам до бескрај!
Мило ми е што си среќен стварно го мислам тоа од се срце.Така насмеан никогаш не сум те видела. Те променила љубовта, мило ми е. Се надевам дека конечно ти дошол умот и глупостите се зад тебе. Во право кога ми кажуваше дека некој некаде е роден само за мене, дека само треба да верувам и еден ден ќе се појави. Имам до себе човек кој ме сака и почитува и тоа е најважно. Кога не можам лично, еве овде ти кажувам: Во право беше за се'.
Иако често ме нервираш со твоето однесување како 5 годишно дете, сепак те сакам и едвај чекам да те видам
Никогаш не стигнав да те прашам , од што бегаш. Додека со саати знаевме да лежиме неподвижни, и само со очите одговаравме на прашања ни малку важни. А секогаш близу, подготвени да ги чуеме одговорите . -Мехмед Бегиќ
ми е криво што раскинавме мило ми е што имаш перспективна иднина а ми е искрено жал што не сум дел од неа што си толку љубоморен? зошто толку брзо се откажуваш? не сме заедно со колегата само ми се допага и 10 години е постар од мене мислам дека на сестраму не и се допагам ете толку.
Ја удавив тагата во шопинг. Барем тоа можам да си приуштам, ако тебе не можам. Не лечи како твојата насмевка, ама за момент ми ги отргна мислите и ме направи среќна. Ќе бидам добро, време е да продолжам да живеам.
Планирав да се однесуввам ладно, да сфатиш дека ме губиш, ама наместо тоа ти се предадов со истата страст како и првиот пат, треперев во твоите прегратки ко лист на ветер, се смешкав на секоја твоја насмевка и збор ко некоја тинејџерка. Те сакм, не можам да одам против срцето, не можам против себе..
дека си најсебичниот човек на светот,но сепак јас те сакам ама очигледно тоа не ти е доволно па се однесуваш вака...
Би му кажала дека многу го сакам дека ми недостига, дека се чуствувам многу лошо и многу ми е потребен, многу сум среќна што доби прекрасна прилика да го продолжи школуванјето надвор од МК но несакам да замине тоа ќе ме уништи
се потсетувам понекогаш на тебе.посебно во деновите кога сум осамена.толку болка ми нанесе а сепак не можам да те заборавам.побегнав од тебе ама во мислите пак ме прогонуваш.се уништив. на крај не остана ништо.душата ми е празна.срцето ми е празно.само мислите ми лутаат. ниту далечината,километрите не се пречка да мислам на тебе. остани ми во минатото.те молам.се сакавме многу ама се сретнавме во погрешно време. затоа не успеавме.
Ќе останеме како времето и просторот, јас никогаш нема да имам време да те побарам повторно убедувајќи се дека ќе треба да помине време, а ти ќе ми го оставиш просторот кој мислиш дека ми треба.