Ти... чувствуваш ли уште нешто за мене? Што е тоа? Колку е? Какво е? Зошто е? Ми фали да ми кажуваш се, од а до ш. Јас без тоа не знам, не сакам, не можам. Дали има можност некогаш да ме сакаш пак толку многу како тогаш? Дали сум јас способна да го постигнам тоа што го бараш? Дали и да го постигнам ти уште ќе имаш желба да споделуваш се со мене? Дали некогаш пак ќе ти биде битно секое мое прашање, секоја моја солза, ќе потскокнуваш на секој мој повик, ќе ме замислуваш само мене, ќе си тука секогаш за мене? И сето тоа со најголемо задоволство, кеф, желба, љубов... Ти... ми фалиш. Долго време чекам да се врати тој Ти... Проклето ми недостасуваш!
После толку месеци...ме побара да се видиме ,истрчав, а зошто? Незнам. Не е важно.Се видовме.Убаво беше,муабетче колку толку.. Ветуваш дека си сменет.Како и да е , ништо нема да ме врати назад. Колку и да си сменет, не можам да ти верувам. Не ни сакам.Моето последно е ова.
Tвоите најубави очи, кои секогаш ме гледаат заљубено и прават да се осеќам згрижено и најубаво на свет! Бебе мое најмило
Да знаев дека вака ќе се одвиваат работите помеѓу нас, на денот кога те запознав едно „Добредојде во мојот живот“ од се срце ќе ти кажев.
Ох Гпсподе Боже, колку ми недостигаш Ми недостигаат твоите прегратки, ми недостигаат твоите бакнежи. Ми недостига твое се! Ми требаш премногу, сакам да те видам.
Нејќам да те имам на моменти... Сакам секогаш да си тука до мене!! Премногу ли барам ?? Сакам да се будам и да заспивам покрај тебе ..
Те молам, не ми чепкај по раните што сѐ уште не се залечени. Не сме судени еден на друг колку и патиштата цел живот да ни се вкрстуваат. Оној ТИ во кој се влубив беше добар, нежен, чувствителен, некој кој сѐ би направил за мене сѐ до моментот кога сфатив дека всушност ништо не би направил. Овој ТИ што го гледам сега не е ништо друго освен кукавица. Те молам, остави ме да те заборавам.
Чуството кога дариш убав збор и трошка подршка.. неописливо. И покрај се ... ранетата птица сеуште те чека таму каде што ја остави..
изгледа дека ке престанам злато мое хороскопско со картичкиве оти не ми оди а со тебе шекерче што правиме? ми се допагаш да ама некако шизик на ризик не знам дали ке можам немој да биде после на виноскоп 4 дена дремев и ја чекав срцка па станав дрво пијан а јас тебе да ми те киснам ама во устето леле мајко срам ми е море и татко се вљубив во тебе па се одљубив, па симпа си ми само да не те начекам следен пат со брада оти верувал или не КЕ СЕ СКРШАМ од внатре
те сакав многу,но ти си ми минато. знам дека некаде ме чека некој што ќе ме сака.ќе му бидам се. некаде ме чека некој со кој ќе бидам среќна и ќе научам дека љубовта не боли.