Љубов ти денеска ми фалеше најмногу до сега... Чест ми беше што присуствував на такво свето случување со твоите,со нашите луѓе. Потајно се надевав дека ќе дојдеш да ме изненадиш и да ми го насмееш лицето и душата само како што ти знаеш...но ништо. Сакав да стоеме заедно фатени за рака пред толпата верници и без да изустиме збор во себе да ги повторуваме истите молитви и желби. Се молев најпрво за здравје,па се друго како ќе каже Бог така. Повеќе пати повторував во себе: Боже само да сме среќни,и да живееме убав живот...
Тој саат време пред да спиеш што го одвојуваш секој ден за да праиме муабет на телефон, не ми е доволен. Не сакам да зборуваме само за тоа како ни поминал денот. Не сакам да чувствувам обврска да ти кажувам што сум правела денес. Не сакам да чувствувам и дека тебе ти е обврска да ми го прераскажеш денот. Сакам да чувствуваш потреба да ми го слушаш гласот. Онаква каква што јас чувствувам. Денеска премногу размислувам... Дај боже сабајле да не се разбудам со некоја чудна идеја.
Зошто упорно ме бараш зошто ? Па уште ме праша дали сум добра ? Хаха морав да се преправам дека сум, дека е подобро без тебе.. Не знаеш дека ми правиш полошо со твоите повици и твоите пораки Вчера мислам дека ми беше еден од најтешките денови, умирам во себе, а пред другите глумам среќна. Не мислиш дека е касно за се, дури и за нов почеток Не знаеш како боли!
Би сакала да можев во очи да ти кажам колку ми е жал и колку многу се каам за секој изговорен збор. Би сакала да можев да те прегрнам, да ти се извинам. Би сакала да го вратам времето назад. Ти беше последната личност на која требаше да и го кажам тоа, ти најмалку заслужуваш. Рече дека не си лут, дека ми прости ама јас знам дека не е така, твојот глас те издава. Жал ми е, навистина ми е жал.
Spoiler Со секој изминат ден болката во градите ми се зголемува. После тебе не ми остана ниту трошка радост се претворив во сенка. Се давам во сопствениот океан од солзи
идиот па ти немаш срце немаш душа мразам те говедо губре идиот идиот идиот како можеш да имаш такво камено срце таква сурова душа па не ли си свесен колку ме повредуваш знаеш ли колку болат твојте зборови ама има господ да знаеш..идиот си ама шо и да кажеш шо и да направеш јас пак ПРОКЛЕТО ТЕ САКАМ.....
Знам дека згрешив многу. Те повредив. Немав никаква надеж дека ќе ми пишеш пак, но ти фалам знам. Кога го видов името твое во пораки плачев и се радував како мало дете на играчка. Не сакам да си признаам на самата себеси, но мислам дека се заљубувам повторно...
Те сакам најмил, не сакам да бидам одалечена од тебе ни една секунда, најсигурна сум во твоите прегратки.Можам да молчам со часови и да те гледам и пак нема да ми биде досадно.Нема човек како тебе не планетава, и ако си некогаш нервозен и лут и љубоморен, нека те овде до мене.Те сакам и кога цело маало ечи од нашите викотници, кога се караме, и кога комшиите неможат да заспијат од нашето смеење во доцните часови.Со тебе доживувам нови работи, најубави во животот, убави спомени кои никогаш нема да се заборават, никогаш нема да те заборавам, твоето преубаво лице секогаш ке остане во моиве очи, и сега и за 10 години и секогаш.Уште две години да издржиме и ќе ставиме почеток на ново поглавје од нашите животи, но заедно.И јас го посакувам тоа повеќе од се, иако ти немам признаено. И јас навечер се замислувам како безгрижна,поубава од кога и да било одам во маркет да пазарувам за гостите што ке ни дојдат на ручек, а керка ни трчка наоколу и не влече за фустанот.Замислувам како ни го носиш синот на фудбал.Замислувам како со спреман ручек те чекам од работа а ти си сеуште истиот човек кој вљубено ме гледа како и сега...Ке бидеме многу среќни знам најмил...Иако овие работи можеби никогаш нема да излезат од мојата уста, можеш да ги прочиташ во мојот поглед, можеш да ги препознаеш во мојата прегратка...
Зашто си таков спрема мене ? Знаеш дека тоа ме повредува? Знаеш ли дека те сакам премногу, никогаш нема да си ни свесен ..колку многу те сакам..знаеш ли дека не сакам да те изгубам? Со тебе имам планови еејјј! Зашто си толку ладен во последно време ...што ти е? Дај те молам смири се, не сум јас виновна..за ништо.
За сите оние штрекања, за сите оние потресувања што ги имав... За тие стравови, случајно дане видам нешто што "не треба ", дане имаа некое значење "што не сакам "... Нешто што би те оддалечило од мене, што би не разделило... Благодарна сум Од кога си го променив механизмот, прво, прво нешто беше дека не сакам да се сеќавам на глупавите мисли што ме обземаа (стравот) и бесмислените очекувања што ги имав. Ми беа како некоја мртва точка, од која многу се оддалечив. А сега гледам, си мислам... Па ако, ако. Може било јасна порака за мојот пат (тогаш во тоа време) Мојот пат кој не те вклучува тебе. И би ми било полесно, да се даваат такви знаци. Кои стварно значат нешто,за нас. Ама за мене. Дека не си за мене. Но тоа помина, во тоа време тоа друго значење имаше за мене. Нешто што поинаку го толкував, а може во тоа време и така требаше. А за ова време ќе видиме што ќе правиш, па што ќе одлучувам . Што ќе одлучам? Дека можеби си За мене
Ти благодарам за разбирањето што го имаше вечерва и дури ме искара што повеќе пати ти се извинив. Те сакам
Те мразам скоте еден.. те мразам.. го мразам твоето постоење.. ме боли секоја повреда и навреда од тебе.. ме боли секој лош збор што го претрпев овие години,го презирам моето име кога ти го изговараш.. Се барам себеси.. се барам која сум јас,се изгубив.. се изгубив скоте поради тебе.. Тебе ти ги поклонив најубавите години од животот.. Ме боли секој изгубен ден покрај тебе и трудејки се да ти бидам најдобра,, а сега ти посакувам само едно УМРИ!! цркни скоте,ни солза не би пуштила за тебе. Би викнала свирачи и би ја направила најголемата веселба знаејки дека повеке те нема!! Да ,чудно ти е што го читаш ова од мене.. ТИ ГО СТВОРИ ОВОЈ ЅВЕР ВО МЕНЕ.. ѕвер кој допрва ке го запознаеш!
Остави ме на мира аман веќе, остави ме,остави ме Раскини ми(ке почнам да го сонувам ова веќе,се повеќе и повеќе сакам) Џабе ти е љубов ... И да ќе се однесувам ладно и негативно си заслужи.
Ах да ти кажам..... Многу си ми интересен кога глумиш дека не ме приметуваш. Кога се убедуваш самиот себе дека лесно ке заборавиш на мене. Но моментот кога случајно ке ни се спојат погледите е толку возбудлив. И за крај. Можеби сега за сега сме во едно искушение дали некој повторно ке попушти и ке се случи нешто мегу нас, можеби ќе остане се како што е и ништо повеќе од тоа. Ноо....Ова е нешто што ќе остане во моето сеќавање.
Оддалечени сме само 100 чекора, дознав пред некое време, а никако да те видам... Поминувам „случајно“ да те сретнам, и упорно се разминуваме. Знаеш колку те барав во гужвата викендов? Зарем можеше да бидеме на различни места, како да сме се договарале?!? Ах, оваа желба што ја имам за тебе, како некоја болест е, не знам... Но, не сакам да се излечам... Толку блиску, а толку далеку... Во Пекинг да бевме поише ќе те видев