Љубов моја! Деновите поминуваат. Нека поминуваат уште побрзо за конечно да се вратам кај тебе. Сакам да верувам дека се ќе биде во ред. Јас се борам и ќе се борам и понатаму. За тебе имам сила колку што треба. Те сакам најмногу!
И предавањето без љубов... е чиниш принуден егзил , принудно иселување од кожата своја, раскинување со душата.... Да љубиш , а да не си љубен, е рана која чиниш никогаш нема да зарасне... Чиниш проклет си, недостоен за милост љубовна... А телото ти пишти за љубов... и чекорите ненајавено те одведуваат... Во раце кои не се плашат сантата да ја стопат... Раце кои молкум те прават покорна... те потсетуваат колку кожата ти е маѓепсувачка... И прсти кои те ослободуваат од облеката...ти ги милуваат ребрата... И прсти кои познаваат... кои ја потегнуваат косата покажувајќи ти колку копнееле по неа... И раце цврсто над главата стегнати...и „ препушти се“ прошепотено И прсти кои играат....радосно поседувајќи го малото тело... И очи кои радосно те пијат... кои се восхитуваат на белиот врат... И само усни, усни кои бескрајно љубат, додека не ја видат онаа посакуваната насмевката.... онаа во која се вљубиле, за која и сами се смееле.... И тишина... И милување налик на молитва... И неосетно шепотење на „колку ми требаше...“ И бестрашност пред сопствената слабост... пред својата кршливост од очите на една личност... од гребежот на нејзините нокти... И тишина... И бакнежи по трагите на секоја солза.... И „диши само диши“ на папокот промрморено И само на мирисот на мошус кој не бледнее со години... И сјај на бела кожа на дневната светлина... И гордост сокриена во рбетот и бескрајната искреност во погледот... И бесрамната жед по малото тело.... И привлечноста на раните по телото...од слабеењето...од водените борби... од сокриените солзи... И жив си... И љубен си... И молчалив си... И среќен си...
Абе ич да несакаше да се караш што човек ке беше.Само некогаш се контраш, мораш да вратиш на моите провокации.Ама и јас ич не сум лесна ама баш ич.Ах каде ке излезам јас на крај со тебе буцкалче едно.Се топам во твоите прегратки ..Те сакаааам!!Обожавам гушкање, ги обожавам твоите гради рамења на кои сум спокојна.
Со среќа нека ти е. Жал ми е што не можам ова во очи да ти го кажам. Ама не, не сакам ни да те видам. Само се надевам дека ти помогнав да ја донесеш вистинската одлука и ќе ѝ ја пружиш сета љубов што ја заслужува. А мене после толку време, сеуште не ми е јасно што беше тоа меѓу нас.
Премногу ли сакам? Премногу ли очекувам? Само една желба имам моментално и таа нема намера да се исполни..
Скоро се што сакаше беше твое, а скоро се што сакав не беше мое. Ми велиш дека си крив,мислиш ќе потпаднам,но имам и јас ЕГО.
Сериозно ми честита роденден со пет букви на ѕидот од фб?! Па брат ти и мајка ти се потрудија повеќе околу честитката од тебе... Кога немаш намера да ми го разубавиш денот, немој ни да ми го уништуваш!
Понекогаш ме фајќаат кризи за тебе, вчера имав многу голема желба да те слушнам да те гушнам... Ама никогаш нема да имаш повик од мене колку и да сакам да те слушнам... Имав само една желба и тоа ти ја кажав, да се заљубам, а ти беше сигурен дека ќе ми ја исполниш. Ти дадов шанси, ти кажав ако продолжиш така да се однесуваш дека ќе ме изгубиш....и ме изгуби, а назад нема да ме вратиш без разлика што и да направиш! Ме боли душава, ми недостига прегратка, разговор, да се јавам да му кажам на некој кога сум среќна, кога сум тажна... Ама подобро да мислиш дека сум студена, безчуствителна, како да не ми е гајле за ништо, особено не за тебе.
Денеска се разминавме за 20 секунди... Јас брзав и врнеше дожд, а поминав покрај тебе без да знам дека си ти... Но кога се оддалечив по гласот те познав дека всушност си ти. Касно беше да се вратам за да те видам
Денес додека сите ми посакуваа реализирање на моите соништа, ти реши да ми го одземеш најголемиот. Ми ветуваше средба на 16-ти, а се што добив беше едно ладнокрвно „Продолжи со животот без мене.“ Имаш некоја чудна смисла за хумор, секоја ти чест! Се обидов да останам силна до крајот на денот, да не се скршам од емоции. Чекав да си отиде друштвото, па да можам тивко да се повлечам под постела и да ги пуштам солзите. Вечерва ќе ги пуштам нив да ти го кажат сето она што ми го раскинува срцето. Остави ме да се исплакам, да соберам сила да се збогувам со тебе љубов моја.
леле бивши ме насмеа ама и ме запали сакаш да ме масираш, да ме галиш, со свеки со масла многу си романтичен, нежен а факсов, курсот Кинески и волонтерството што правиме? (секако тоа се само изговори за да причекаш запаленко) финтата е што после жежок петинг следува секс а мене шубе ми е