Ова вечерва што се случи ми беше еден потсетник за тоа какви се луѓето всушност. Ова вечерва ми ги отвори очите каков дијамант фрлав јас во ѓубре за малце заради туѓ памет дека не вреди. Му благодарам на Господ што те имам. А тебе ти благодарам што секогаш си тука за мене иако си толку далеку. И не се плаши, мене не ме губиш никако. Се срамам од самата себеси дека за малце ќе дозволев да ме изгубиш поради сосем трети личности. Те сакам, душава ми ја грееш.
Спојлер Не знам како не ве гризе совеста за тоа што го правите? Не знам и не можам да разберам кога си станал толку бездушен, не знам ниту зошто ова го правиш и што е толку големо уживањето што страдам ? Зошто? Толку ли е тешко да ме погледнеш во очи и да ми кажеш се . Многу повеќе ценам искреност колку и да боли наспрема кукавичлук и изведуваље на евтини игри.
Што ти пречи да прифатам да отидам на кафе со згодниот колега, м?? А не, не, не си љубоморен само така не сакаш да одам. Јас не гледам друга причина освен љубомора тука. Хахах...
Љубов моја! Сеќавања... Нашите места. Песни кои ме потсетуваат на убавото време кое го поминував со тебе. Спомените ќе ме убијат, полека но сигурно. Ми требаш. Исто како порано. Не можам без тебе. Звучи наивно и глупаво, но не можам. Секој здив кој го земам е тежок, секој ден беа тебе е казна. Врати се. Те сакам најмногу!
Се надевам, мислава последна е до тебе... Не сакам, но морам. Ти сакаш! Сите лаѓи и неостварени ветувања низ годините, сите празни зборови – нека ти служат на чест. Ти ги простувам, човечки е. Не сакам да си држам горчини на душава. Те сакав, ооо само да знаеш колку! И уште те сакам, а мислам дека и засекогаш ќе си држиш свое место во срцево мое. Секогаш ќе треперам на твоето име и твоите очи. Се надевам среќен си, сепак твој избор беше мојата болка. Ама ако, барем ме научи како да се справам со неа. Не грижи се за мене, ќе се снајдам и ќе преживеам. Биди добро, да не ти е за џабе што ме губиш! I am a dreamer and when I wake, You can't break my spirit - it's my dreams you take. And as you move on, remember me, Remember us and all we used to be...
Blagodaram sto postois vo mojot zivot! Mi pokaza sto znaci vistinski da sakam i da bidam sakana. I povtorno da se rodam, vo sekoj nareden zivot sakam da ja delam mojata ljubov so tebe ❤
И никогаш повеќе да те сакам нема...знам... Како во книгите...во оние на кои сум плачела... Без страв...без усул... Без разум...без лоша мисла... Без јадење...без пиење... Без паметење ништо... Со храбар чекор низ живиот песок кој го посла за да не разделиш... Со станување за никаде... со ликот променување... Со мртов сјај во очите... со насмев за разубавување... Со станување проѕирна и празна... Со мисла која сонот го одзела и срцето го прободила... И никогаш за никој нема да ме видиш веќе таква... знам... Да те посакувам како луда... Да облекувам црни подвезици... Да ти ги милувам брчките како скапоцености... Да ти шепотам меѓу две воздишки... Да ти се смеам меѓу бакнежи... Да се расправам со тебе со пцости... Да те следам со љубоморен поглед... Да плачам... Да воздивнувам .... И никогаш нема да дадам да ми ја прободеш душата пак...знам... Па да станам слепа за другите... Па да чепкам по кожава што си ми ја потпалил... Па да станам сенка на себеси, која ни топло ни ладно без тебе не чувствува... Па горда на колена пред тебе да бидам... Па да не ми се живее, зошто лек ми е само твојот здив... И нема повеќе ништо во мене за тебе... знам...
Иако деновите овде ми беа исполнети со љубов и среќа со насмевки и муабети со семејството но ти ми фалиш... Ми фали секоја твоја насмевка и секој збор, ми недостигаат рацете кои наубаво гушкаат ,ми фали се што е од тебе. Со душа те чекам љубов моја да ме земеш и да се изгубиме заедно каде што знаеме најубаво да уживаме
бебуше мое љубоморнохехее..Те сакам Ми недостигаш бебе мое..и едвај го чекам денот кога ќе дојдеш да те изнагушкам
Кога поминавме покрај паркот, на една клупа седеше помлад пар кој ме потсети на нашите почетоци. Кога се запознавме цело време седевме во паркот, на клупата под липите, се сеќаваш ли? Бевме како мали деца кои не можат да се изнарадуваат на новата играчка, цело време заедно, насмеани, исполнети...Пораснавме заедно, го завршивме факултетот заедно, созреавме заедно, правевме планови заедно, речиси истовремено се вработивме и двајцата. Ама продолживме да го посетуваме паркот, и клупата под липите. Така беше до пред една година. Откако сум тука се се смени наеднаш. Одамна не сме блиски, не памтам кога последен пат се смеевме заедно, кога последен пат седевме безгрижни во паркот. На моменти те чувствувам толку далечен, како да не сум со истиот човек од пред 6 години. А веројатно и јас не сум истата, времето и околностите не променија, ама на полошо. И не знам дали ми недостасуваш повеќе. Искрено, немам потреба од твојата прегратка така како порано. Едноставно се навикнав да сме си далечни еден на друг. Изгледа и тебе ти е така, не покажуваш никакви знаци на љубов. Сега заедно живееме, а не сме заедно. Никогаш не сум била поосамена во животов.
Љубов моја! Толку многу имам да ти кажам, и да те прегрнам пак сакам повеќе од се. Пак да ја почувствувам топлината на твоите дланки. Но има уште време, знам. Уште долга борба ми претстои, иако половина од патот поминав. Солзите сега ќе ги надокнадам со многу насмевки тогаш. Само треба да помине уште време, и пак ќе бидам до тебе. Те сакамнајмногу!
Галено,галено,разгалено мое ци ти хехехе..Абе има некој што е повеќе разгален од тебе?-Хмм мислам дека нема!Сакано мое..Аххх крива сум што олку те разгалувам ии тоа мн крива..Амааа неможам брее ма да не те ижедаммм слатко ци мии.....хахахахах