Spoiler Tи си направил да заборавам што е вистинска болка. Мислев дека покрај тебе ме боли, но тоа биле слатки маки. Сега кога уште еднаш животот ме тресна од земја како што знае со мене, само кога ќе помислам на тебе ми доаѓа елан да мрднам од кревет, од стол, од куќниот праг. А како патолошки болна и безнадежен случај те оддалечувам од мене. Оваа есен ме разнесува како да сум исушено лисје. Душата ми пресуше, малку треба и да стапне некој да ја искине. Пролетта и летото не можам да ги вратам, ама сакам пак да расцутам одвнатре како тогаш, како кога почнавме. И не знаеш како самата идеја дека ти постоиш ми го згреа Октомври, потопол не го паметам. Ама Ноември да ми бил наменет за некои други. Сеништа и злокоби кои ме вадат од кожа. Извини. И помогни ми, те молам. Во магла сум. Се изгубив. Најди ме, првиот пат ме најде без да ти речам, најди ме повторно. Ако треба и во снеговите најди ме. Не сакам да чекам, но и така нека биде ако мора. И ќе ти речам овој пат. Ветувам.
многу ми е криво што се одалечуваме...а сме заедно... ти не знаеш што е проблемот а кога кажам сум ти здосадила мењаш теми..до тоа ќе да е...а во ден по 3 пати се слушаме како си сшто правиш чао... жалам...
Љубов моја! Ти си како сон, мојот единствен неостварен сон, мојот единствен неостварен копнеж. И ти си мојата единствена желба. Кога поминуваш покрај мене, срцето и после толку години ми прескокнува. За секунда застанува, додека твоите сини очи сјаат и одбиваат да погледнат во мене. И како и секогаш во брзање си... но барем еднаш застани, погледни ме, погледни колку страдам и копнеам за тебе. Погледни каков жар има во моите очи, не згаснува и после толку време, и после толку години. Погледни ме барем еднаш, и во моите очи ќе се видиш себе. Те сакам најмногу!
мило мое..викам а?епа не си ми ти шареното петле па само да те галам..знам да сум нежна и да те размазувам ама знам и да сум мнооогу лоша на моменти(како сега пред малку,кутрото ти)можеби претерав ми те искарав но секогаш за твое добро ти велам..ахх бе како со бебе да иам работа само се мазиме мило мое хахахах....смешки сме.Мноогу сум заљубена си признавам,аама исто толку и лоша! галено размазено едно!Не те цакам!Миш!Абе каде можам јас без бебчето мое неможам да дишам
Љубов Се бројат деновиве кога осаменоста и студот засекогаш ќе заминат од нас двајца, кога двете ќе ги претвориме во едно, но премногу вредно, кога веќе ќе се сплотиме и ќе живееме далеку од сите и се, кога одамените студени ноќи и секоја капка солза ќе ја снема од нас, кога месечината,ѕвездите и небото ќе го гледаме од ист хоризонт, кога нема да сме сами и отуѓени, кога телефонот ќе го фрлам далеку од мене,кога секоја твоја желба ќе ја направам реалност и ќе се радувам гледајки во твоите очи,чуствувајки го твојот мирис, и прифаќајки ја твојата прегратка. Се за миг ќе стане минато и заборав,сето лошо ќе биде добро.. се ќе остане таму каде што било.
Hahaa ne. Za drugo e NE, da ne dolzam Na nego koga ke mu kazam ke vidam ama sigurno za toa nesto odgovorot NE ke mu bide
Добро се држев некое време, ама сега ми недостигаш, толку многу сакав да те слушнам А сакав да мислиш дека не ми е гајле за тебе, дека не си битен повеќе.. Морам да соберам сила да издржам и да те заборавам
Се правев силна, но ете и јас еднаш попуштив Многу сакав да те слушнам, да ти пишам. Ти пишав, ми се јави, ми кажа дека не си ме заборавил, дека сакаш да сме пак заедно.. И што направив, само полошо си направив....