Зошто не бев малку похрабра и полуда? Мина толку време, живееме свои животи без да знаеме што се случува со другиот, не зборуваме иако не паметам дека сме се скарале, а сепак се уште се сепнувам во ретките мигови кога некаде ќе те здогледам. Чудно е, ме замислува, ова е една од оние работи во животот на кои никогаш формално не и ставив крај. Имавме минато. Се сакавме кратко, но силно, со пеперетки во стомакот и страст што излудува. Се разделивме, без збор и без причина. Не се залажувам, иднина одамна немаме. Но сепак, се уште знам да помислам на тебе и да се запрашам, што ќе се случеше ако барем еднаш соберев храброст да ти кажам дека те сакам...
Јеботе глупакот. Не ме барај, не ми се јавувај, не ми пишувај денес. Исчезни. Многу те сакам, и многу си секси и се тоа по ред ама почна да ми станува интересно да те напнувам вака.
Рече дека јас без тебе нема да можам да живеам. И во право беше. Еве 7ми ден како се губам и пропаѓам,живеам од минута за минута. Ни гласот сум ти го чула.ни сум те видела. Јас одлучив да биде вака,ти се заколнав дека никогаш повеќе нема да бидам твоја.дека не ме заслужуваш. И еве не сум.И ме боли,многу ме боли. Нема вечер а да не те сонувам,се будам среде ноќ од болка во градиве. Не можам да ти ја опишам оваа мизерија и овој пекол низ кој поминувам. Има моменти кога толку многу кризирам,што ми доаѓа да ти дојдам пред врата,и да си ја земам дозата. Мислам дека ќе се онесвестам ако те видам и ме изигнорираш. Ќе умрам ми се чини. Што направив јас,правилно ли постапив ? Ќе се исплати ли сето ова еден ден ? Ќе си речам фала што се спасив од него.Или како вечна сенка ќе ме прогонува неговото отсуство.
бивши луда сум по тебе(последниот) ке те чекам ако треба до крајот на животот абе не ме интересира никој друг а ми ње пуштаат многу ЧОВЕЧЕ МИ ГО ДОПРЕ СРЦЕТО, ДУШАТА
Почнав да се навикнувам без тебе и ти оп пак се појави, пак почна да ме прогнуваш ме бараш ми пишуваш. Чекај мислиш дека си единствениот маж ? Не знам шо ти е филмот ама верувај нема да ти успее.
Тажно е тоа колку одиш од крајност во крајност. Ние скоро цели две години заедно ги минуваме деновите, но се уште не можам да верувам што може да направи нервозата од тебе. Одбери ме мене а не бесот. Те сакам кога гледаме цртани и се смееме, те сакам и кога плачеме заедно, но, разбери не можам да те сакам кога знам дека си на чекор да ме повредиш.
Кога во жената ќе ги разбудиш и зауздиш љубовта, болката и гордоста со еден тупот на чекорот, ќе одјава таа од тебе знај!
Интересно, како поминува времето, и си тука и не си тука. Секаде те има но ко да те нема. Ме изненади со потегот, но те молам, не се враќај во мојот живот ако не си подготвен ЗА НАС. А и сакам друг.