Имам некое чувство дека никогаш повеќе нема да го видам твојот број на екранот. Секое утро се будам со истата празнина и горчина. И очекувам твој повик. Проклета да сум јас што неспремна ставив крај.
Ти мене неможиш да ме заборајш, знаев, знаев дека кога и да е ќе пишиш, еден си и покрај се еден си и те сакам и мислам дека то многу добро го знајш
Толку многу ми фалиш што почнав да те барам во секое машко што ќе го сретнам. Како да продолжам понатаму кога останаа многу работи недокажани?
Сеуште си ја чувал мојата слика во рамка. Мхм,да не ме бакнуваш случајно пред да заспиеш? Да не ти недостасувам како што ми недостасуваш ти мене? Научи да почитуваш љубов! Сите тие авантури кои што ги добиваш за една ноќ,никоја од нив нема да ти пружи љубов и внимание. Разонода,разгорени страсти и неколку разменети бакнежи и течности. Вреди? Вреди да изгубиш љубов поради тоа? Мил си ми,никогаш не сум се борела олку многу за некој. Ти ги сакам сите несовршености,а тие истите те прават да си совршен. Дојди и свири ми на гитарата,свири ми само за мене....само за нас <3 Освојувај ме секој ден,исто како тогаш. Кажи ми дека сакаш да украдиш бакнеж,барај ме низ темниците. Бушави ми ја косава,прошетај со усните по мојов врат...гушни ме силно и кажи ми дека се ќе помине. Се чуствувам како заљубена тинејџерка во почетна фаза на пубертет,нешто не е во ред со мене. Јас сум заљубена. Јас сум и повеќе од тоа заљубена. Те сонувам,будна те сонувам. Разбуди се и барај ме,ќе создадеме нова бајка. Те љубам
Ни јас сум излегла на крај со тебе, ни пак некој друг ќе излезе. Знам каков си, ама сега стварно се разочарав. Лаги, лаги, лаги и само лаги...нема крај ова. КОлку пати се правам наудрена иако знам дека лажеш, ама сега не можам веќе.
Колку фино вака што ме излажа.Алал да ти е.Не ти верувам веќе ништо.Ма засрами се.Ми иди да те разбудам сега па да разбереш убаво.Затоа станав незаинтересирана за тебе.Ке ти фалам чекај ке видиш.Не ме фатил инат да ти се лутам, ама и онака почнува да не ми е стало до тебе, тогаш дури ке молиш.Не си во право.Само незнам зошто така детски се однесуваш Свести се каде си,џабе ќе ти е во блиска иднина.
А сакав само да те прашам:„големи сипаници ли беше љубовта наша, па со 10 дневна изолација ја излечи..?“ А само тоа прашање во главава ми се вртеше секој пат кога паднав деновиве... Зошто и луда бев додека вриштев од болка додека ти полетуваше... Зошто и крвава бев додека те мислев дали си безбеден... Зошто креветот Нил го претворив,од пискот, од солзи, чиниш брег е на кој чекам само еден глас... Зошто не се насмевнав ниту еднаш... Зошто калта под ноктите ја чистев, од земјата што можев да ја ископам за тебе.... Зошто молчев...без инает, без пакоз... молчев зошто сакаше ти... Зошто по којзнае кој пат не смеев да ти се обратам... Зошто ми дадоа карта за напред, во мигот кога потонав уште поназад и пак те мислев... Зошто ладна пот ми го обливаше телото во проклета самотија, додека дланките во проклет ритам ми играа, а јас само се прашував: „големи сипаници ли беше љубовта наша, па со 10 дневна изолација ја излечи..?“ Зошто душава ја перев со солзи, и кожава ја триев до бесозание од тие „сипаници“ и пак заборавот не дојде... и пак те мислев.... Зошто ме болеше секој дел од телото од болка, и крвта не сопре ни миг како чумата да имам, онаква каква што сум јас за тебе... Зошто гребев и молев за лек, за утеха, за рамо да врискам на него и пак те мислев... Зошто сите реков „ти се поклонувам, од каде таа сила бе...?“ а јас пак само тебе те мислев и во сонот тивко прашував: „големи сипаници ли беше љубовта наша, па со 10 дневна изолација ја излечи..?“ Зошто од тие сипаници, од тој твој третман, само крвави траги останаа по мене, траги под кои љубоморно сум сокрила уште мал дел од себе, дел кој ме држи... дел кој ме води, дел кој не успеа да го убиеш....
Љубов моја! Кога ме игнорираш, уште повеќе ме привлекуваш. Знам дека полудев т.е. ти ме полуде. Го знаеш тоа. И колку и да е апсурдно сево ова, и целиот мој живот, продолжувам со тебе, продолжувам... и убаво ми е. Не сакам и не можам поинаку. Зависна сум од тебе. Те сакам најмногу!
Да знаев дека првата средба ќе ни е и последна, повеќе ќе те гушкав... За да ми траеше подолго... Фалиш... Премногу...
Ајде нека се врати 02.01 2014, да не ја правам истата грешка...го проколнувам овој датум. Нека се врати тој ден, за да бидам ладнокрвна, ништо да не ти вратев и никогаш да не се запозневме. Го мразам советот што ми го даде тогаш, го мразам секое зборче што ми го пиша тогаш, камо никогаш да не ми пишеше. Ама многу си упорен и мразам што си упорен....све мразам....ништо не требаше да се случи, од ова што се случи, ама баш ништо.
Кога ми е лошо се враќам години наназад, на тој 18ти април. За миг сум таму, на тоа место, со тебе. Преживувам се одново. На безбедно сум.