Обожавам да те гњавам, да ти досаѓам, да те допирам цело време. И додека ме игнорираш кога го гледаме филмот што го сакаш . И кога ти паѓаат очите за спиење. И што не те пуштам никогаш без да те удавам од гушкање. Ама тоа е, не сум јас крива што си толку мил . Душа моја
После овој разговор не знаеш како ми доаѓа да ти ја удрам една па можело ли вака да биде а ? Цела недела ги чекам овие два дена за да бидам со тебе, ти реков ли не планирај ништо викендов сакам цел ден да бидеме заедно, а ти што направи, ќе си помагал на комшијата, епа браво
У курац да фатиш и ти и животов. И јас пошо не знам шо сакам. У курац и далечината, и ти со твојата пасивност. Тотално различни света, јас со амбиција да го освојам светов, ти со амбиција да пиеш кафе покрај езеро. У курац и сите моменти што ги поминавме заедно, пошо сеа ме прогонуваат, и наместо да ми сведочат за нешо најубаво шо го имавме ме потсеќаат дека веќе го немаме. У курац јас да фатам, пошо не знам како да се справам со се ова, али ти очигледно немаш проблеми. Се у курац.
Да, тешко ми е да се помирам дека веќе секоја граница ја помина со твоето однесување,лошо се чувствувам тешко ми е премногу.Се надевам дека ова нема туку така да остане без да се реши и јас ќе бидам таа со последниот збор, не заслужив вака НЕ !
Секој изминат ден се повеќе ми значиш.Во туѓ град конечно се осеќам дека некаде припаѓам.Покрај тебе,гушнати под 3 ќебиња и јорган
Што да ти кажам, а што да премолчам... Премолчив многу, а потоа кога замина се покајав... Се каам што не те гушкав повеќе, се каам што не те бакнав, се каам што не ти кажав колку секси ти стојат тие неколку бели влакна за кои се потресуваш што се појавиле, се каам што не ти ја бакнав бенката на брада во која се заљубив многу одамна... И да, немој да си се бричел, нека си стои таа така прикриена, for my eyes only... И само уште ова...
Секоја вечер повторно сум САМО твоја. Што ли ќе беше ако сеуште бевме заедно? Ти седам во скутот, а ти ме галиш по косата... Ти раскажувам се што ме мачи, и како и секогаш ме ислушуваш и ми даваш совети. Ти го паметам она:Еј, срц Ми недостасуваш, К.
Не знам со каква причина се појави во мојот животт........ Не знам колку ќе траеме.... Но знам дека се чуствувам прекрасноо. И со нетрпение чекам следна средбаа
Љубов моја. Знам дека се што правам се забележува лесно, но посилно е од мене. Жедна сум за секој твој поглед, за секоја секунда од твоето присуство. Но ти знаеш. Знаеш, а знам и јас дека не е правилно. Дека се што добивам е осудување. Секој поглед во твоите сини очи ме оживува, ми дава надеж дека не постојам напразно, дека треба да продолжам да се борам. Те сакам најмногу!
Велат дека времето ги лекува сите рани, но мене досега ми даде само повеќе време да размислувам за тоа колку многу ми недостасуваш.
Да ти κажам ли деκа силно ми тρебаш, да те повиκам ли да ми дојдеш вечеρва со топла пρегρатκа.. или.. Или паκ да си легнам сама, без тебе.. Сонот во κој саκам да ми дојдеш во оваа есенсκа ноќ неκа биде еден убав сончев ден. . Неκа светнат очите, да се спојат усните.. Јас и ти. Κаκо до сега, таκа и од сега .Вечни! Те љубам мало!
Кога гордоста би паднала од мене како маска ти би ме гледал со очи полни со љубов.Мислев дека ти не си вистинска љубов,ама времето покажа спротивно.И утре ќе биде тешко и по еден месец...Тешко да те гледам секој ден и да се правам ладна.Ме измачува тоа што секогаш останал по некој недокажан збор.Мојата душа го носи товарот на се она што не ни успеа.Очите ми се полни со солзи и срцето со бес кога гледам како и ти се мачиш,ама не признаваш.Одиш до мене а погледот го вртиш на страна,всушност ме гледаш тогаш кога мислиш дека јас незнам.Ме набљудуваш со минути и сигурно се восхитуваш,а во исто време копнееш.Тој твој поглед ме прави да се чувствувам прекрасно,во исто време и ме боли што знам дека тој сјај во твоите очи секогаш ќе ме прогонува.Јас утре пак ќе бидам насмеана и на секој наплив на љубомора главата ќе ја свртам настрана.Тоа твое срце ми припаѓа мене,од секогаш било така.Колку посакувам за последен пат онака спонтано да ја пуштиме љубовта од стегите и уште еднаш да ме бакнеш.Ќе успееме ли некогаш?
Имаш фора до 2016 да го средиш нередот кој го направи... После тоа се' ќе биде залудно. На тебе оставам, овојпат зависи од тебе. Не сум веќе јас виновната, уствари никогаш и не бев, секогаш беше ти. And i promise you, you gonna miss me when i'm gone...