Да е недела. Па да си седиме кај тебе. Па јас да варам кафе за мене, чај за тебе, оти ти си од оние кои не пијат турско а јас не ги сметам за релевантни кафиња оние со вкусови. Ти да местиш кабли за филм да гледаме. Да гледаме Казабланка. Под едно ќебе, со едно куче покрај нас. Знам точно кој што ќе носи. Јас белиот, ти црвениот џемпер. И ќе бидеме идила во мало. Идила меѓу четири ѕида. Да е недела, да знаеше.
Ме уништи психички. Џабе ми е на секој ебан курс што се запишав и што се окупирав со милион работи кога пак ми се појавуваш во некој темен, осамен дел од главата. Стално те мислам. Тешко заспивам, ме стега срцето, сета таа психичка болка ми се манифестира и физички веќе. Не спијам бре, ало! Се мачам по 3 саати во кревет да заспијам, и кога конечно ќе ми се пружи таа прилика да се одморам јас пак те сонувам! Истави се, замини од секоја моја клетка!
Јас не знам како ќе се истрпиме јас со овој карактер ти со тој твојот никаков....ќе се изнамачиме ама мораме, се одбравме, дадовме завет кој ниеден суд не го раскинува, тоа малото паметното
Човеку, ми дојде во вистинско време, на вистинско место и онака целиот вистински! Прекрасен си во секоја смисла на зборот, а јас будала што избрзав со некои работи...
Земи ме и гушни ме силно,нека ја снема тагата.Колку само сакам да ти кажам како правиш да се чувствувам!!Не можам,не смеам!.Премногу ми си,не можам да те издржам веќе.Ти се предавам и на тебе оставам да ме чуваш онака себично како што никој до сега не знаел...
Ми ги тренираш нервите, добро бе што се дешава со тебее а ? Ќе биде најдобро да не ти кренам веќе никогаш, ЗАГРИЖИ СЕ ТИ ЗА МЕНЕ, мисли си што сакаш, а јас ке се трудам да те заборавам. Па ќе ти текне како ми било некогаш и мене, кога ти не си кревал.