Hmmm cel zivot si imav rabota so inaetliva Skorpija,a sega naletav na tvrdoglaviot Oven,vo nesto slicna verzija,interesno neli ?!
Samo ti znaes da me iznenadis vaka..bez nekoj povod,bez pricina. Go obozavam ovoj pravec,nekolku cekori kon tebe i guskanje do zori. Te sakam najmilo! Zaedno se ke nadmineme,ne te pustam taka lesno
Ќејфови ми е кога и порај тоа што тврдиш и мислиш дека си во право на крај ќе испадне спротивното а тоа е дека јас сум во право
Незнам веќе како да се однесувам. Би те побарала но предвреме го знам конечниот исход.. Ти ќе ме обвинуваш, ќе направиш да се чувствувам неубаво, а на крајот ќе ме згазиш како бубачка и ќе кажеш дека си среќен со неа. А јас ќе си заминам со наведната глава и прегазена гордост. И на крајот ќе се прашувам зошто сум те барала кога сето ова нема да има позитивни резултати за мене. Не сакам нејзе да и ја уништам среќата со тебе. Не сакам да градам среќа врз туѓа несреќа. Да беа други времиња, да не беше таа можеби ќе продолжев да се борам. А боли, боли кога гледам дека нашите планови ќе ги оствариш со неа. Сите ја прифатија, зар не? Таа е поинаква од мене зар не? А не знам во што. Таа го прави сето она што ти не го сакаше нели? Цигари и алкохол? Навредливи содржини? Дива девојка е таа нели? А сепак ја сакаш. Мене ме фрли како корка леб на куче, безмилосно. Но, сега не е важно. Биди ти среќен со неа, јас не сум важна. Никогаш не сум и била.
Одведи ме!Таму каде ноќта и денот се спојуваат,каде злото не постои,каде целото време е само наше,каде нема пречки,каде ќе бидeш само мој.Одведи ме каде сакаш,само до тебе да сум!
Ме нервираш многу ме нрервираш, зошто за се мислиш дека си во право, не си ме разбирал во последно време? хах не се ни трудиш да ме разбереш како што гледам. Не можеш толку да бидеш љубоморен разберии, ова е притисок, зошто не сфакаш дека со ова самиот ке ме одалечиш од себе, знам дека ме сакаш, и јас те сакам премногу, но се плашам дека нема да траеме уште долго ако продолжиш вака.
Свесен ли си колку си сакан? Колку ме правиш среќна? Колку е секој момент совршен поминат со тебе? И после толку години сеуште ни светкаат очите кога се гледаме.. Ти благодарам Те љубам
„...ако не поминува, значи не треба да помине.“ Знам дека не ти поминало ни тебе, дојди, не одовлекувај веќе, не можам да издржам. Никој после тебе не успева да ми ја пополни празнинава во душава..
Се плашам дека еден ден ќе ме оставиш како играчките во ќошот како дете. Не ме повредувај со твојата широко отворена уста која нема влакна на јазикот. Те молам,подобар си од тоа.
и сите ти веруваат колку само си добар и секогаш расположен а ниту сам не си веруваш кога се погледнеш во огледало! Никој не те знае доволно, секој верува на тоа твое однесување, сите сакаат како зборуваш, како се однесуваш, сите те гледаат и си мислиш дека си ок, не си! Сам си, осамен си, се што правиш го правиш за да си зафатен само за да не чувстуваш она што навистина го чувствуваш-дека си осамен и дека ти фали се! ти фали искрено внимание, ти фали мајка ти, ти фали градот, ти фали сестра ти што е далеку, страв ти е да се соочиш со стравот од тоа дека си сам. Го мразиш то чувство, го сфатив тоа уште при првиот муабет, при првата средба, те прочитав, признај си веќе едншка сам на себе. Не на мене! Признај си сфати како ти е и поработи на тоа, не се криј од се. Покажи она што го имаш а не она што другите веруваат дека си. Тешко е кога човек гледа како не може да помогне на некој. Сакам никогаш да те немав сретнато, да не знаев дека постоиш, никогаш да не се сретневме, никогаш да не отидов тој ден таму, на местото кај што се запознавме, сакам да немавме заеднички пријател за да не запознае, се беше така совршено пред тебе. Никој не ме знаеше пред тебе, сега е друго, не сакам да ме знаат, не сакам да знаат за тебе, не сакам да знам за тебе ти сакам да бидеш НИШТО за мене, и мразам што напротив не е така. Би пишувала предолго за се што мислам за се што ми смета, за се што не сакам во врска со тебе, не сакам да знам дека постоиш, не сакам да го слушам од други секој ден твоето име и како на секој начин те поврзуваат со мене, не сакам, сакам да сум своја на своето а нечија. Нечија а вистината е дека сум сама. Барем да имаше повод и причина сите да зборуваат за нас. Ние не постоиме. Никогаш нема да постоиме. Отиде.
сакав да те запознаам те запознав ама ти си премногу начитан, и интелегентен-да ти кажам не изгледаш за таков и не те свакам зошто си љубопитен и по малку љубоморен си одбрал многу атрактивна девојка па макар ова би било и проводhug: те гушкам највеке на цел свет