Едвај чекам да те видам!Ми фалиш бе човек.Ти ја сакам близината,допирот случаен.Начинот на кој се лепиш до мене кога спиеме па после ме кривиш мене дека не те оставам да дишиш Ги сакам утрата кога ме будиш со бакнежи туткајќи ми тањир полн со овес и банани за доручек притоа криејќи баничка во другиот послужавник оти знаеш дека го мразам!Не можам да се наситам,знам дека е рано,знам дека премногу чувствувам..Дај боже да трае..Дишам човеку..Дишам со полни гради,ме разбуди..Мe oживеа...
„Како пред љубовта ќе се правдаме дека ја убивме“ Ана Бунтеска Не знам ниту една голема љубов што поминала со убост со смеа и радост без згрчени срца и стиснати дланки и сега некој ќе рече оти љубовта не боли еве и јас би сакала да е така да не боли да не остава лузни ниту тажни песни и писма замачкани од мастилави точки и солзи и како сега да објаснам дека нашево љубов беше како да ја кренам главата и гордо да свикам дека нашава година љубов беше кога во неа најмалку љубов имаше кога полна стравови не’ остави и ги паметиме повеќе ноќите кога раат сме спиеле без телата да не’ вијат без зборовите стрели да ни се со кои срцата си ги избодевме дека заминувавме полни бес и се враќавме ко избркани кучиња со подвиени опаши и клапнати уши до следното до следното касање по душите до следната борба од која крвјосани излегувавме и секој во својата дупка се пикавме раните да си ги лижеме да подзаздравиме до следното до следното видување кое со верба почнуваше а со војна завршуваше како да објаснам некому еве како себе да си објаснам дека љубов беше кога еден со друг не се чувавме ниту од болести се пазевме кога само се надвикувавме од очај од тага од бес од пусти бес оти нема да не’ биде оти крајот уште од почетокот го знаевме оти лажевме и време купувавме со ветувања кои во себе ги прекршувавме како себе ќе се убедиш дека љубов беше дека љубов е кога ниту до мене си ниту пак јас до тебе стојам кога сам си и јас сама венеам со скаменета насмевка и вкочането тело облечено во црн долг фустан а под него рани на телово под него жива рана која пулсира кажи ми кажи ми како пред љубовта ќе се правдаме дека ја убивме дека ја изгнасивме дека нејзината крв на раце ја носиме кажи ми!
Значи сакав само да ти кажам што не ми е ок во врскава а ти одма се налути. Каков човек си значи, и цел ден те нема да ми се јавиш ни да пишеш ама ако и јас не те барам па да видиме до кај ќе оди ова. Што сака нека биде веќе
Ти благодарам што постоиш во мојот живот ... Ти благодарам што си секогаш тука за мене ... Ти благодарам што ми даваш толку голема подршка во најтешките моменти (а ги има многу) ... Со тебе животот е поубав, ми даваш мотив да станам наутро рано со насмевка на лицето. Ти благодарам срце за се, најмногу те сакам и ќе те сакам Поминавме низ тешки мигови заедно, си бевме подршка еден на друг и си помагавме, и ќе продолжиме да го правиме тоа. Остани силен, не губи верба и запомни дека јас сум секогаш тука за тебе.
Боли.... Знаеш што? Ме боли празниот простор во душава кој само ТИ го потполнуваш... Ми недостига делот од себе, кој е кај тебе... Еј, синоок
Ме боли празната прегратка! Ме боли празното место во душава! Ме боли твоето отсуство! Ме боли тоа што си толку блиску а толку далеко всушност! Ме боли што сме двајца странци! Недостигаш ми најмногу, ама пуста гордост и инат не даваат да ти признаам .. некоко се посилни...
Едвај чеκам да видам κаκо ќе ρеагиρаш вечеρ κога ќе ти тρопнам на вρата со тоρта и свеќичκи Ахх едвај чеκам Те саκам.... Спојлер: .... Да се ожениш годинава ете тоа ти посаκувам
Мислев дека се откажа и дека повеќе никогаш нема да ме побараш, но ме побара.. Ми рече дека не било тоа тоа кога не си ти до мене, дека не си ме заборавил. Јас упорно те бркам од мојов живот, таман ќе помислам готово засекогаш исчезна како да не си бил дел, ти пак се појавуваш! До кога ќе трае ова ? Сфати бевме, пробавме заедно, но не одеше назад нема.
Интересен човек си ти ама не, воопшто не си мој тип па затоа и не ми се верува како успеа по толку месеци да ме ќариш. Тогаш кога ме натера да ти раскажам за мојата најголема досегашна љубов ти реков дека никој, никогаш нема да сакам толку многу како него. Ми рече дека ти ќе ми помогнеш, само да ти дозволам. Несвесно почнав да ти дозволувам и ти успева, знаеш? Тоа малку ме двоуми и плаши, не можам сеуште да ти се препуштам целосно... Ама убаво ми е со тебе. Остани таков