Ах бе шо неможам да се разбудам наутро и да видам како успеваш со сите кебиња да ме измоташ како мумија,пола саат крајот неможам да си го најдам од кревет неможам да станам
Знајш кој датум е денес? Денес требаше да дојдиш овде, денес требаше да почнеме се од почеток и да ги оствариме нашите планови кои долго време ги планиравме, но нема да дојдиш и денес то ме убива. Останува само да си мечтаам за далечна иднина во која незнам ни самата јас што ќе биди, вечер ќе се погледнам во месечината и ќе си помислам дека и ти истото го правиш и ти фалам, Вечер ќе се напијам една чаша Скопско, бидејќи најмногу го сакаш, и ќе наздравам за убавите мигови поминати со тебе, што можеби и допрва да ги има. Фалиш за се шо иди понатаму, Фалиш ненормално многу, издржувам со цело срце и со цела душа, ама боли проклето многу боли секој ден шо поминува без тебе. Останува да ќутам и да продолжам понатаму како што знам и умеам. Ме скрши само да знајш, Ме крена и толку ме акна од земја шо не знам како се прибрав, ми го скрши срцето на милион делови кои полека полека ги составувам. Останува да се надевам дека ќе биде ова нашево, Живели
Фалиш ете мн ми фалиш да бидиш блиску до мене да планираме заеднички излегувања на забави журки да си поминуваме онака како само ние знаеме дека ни е најубаво, но ете уште еден викенд пред нас а ти си далеку од мене....... Кога би живеел и работел тука се би било поинаку... но ете таму некој друг одлучува за нашата судбина , си игра со нас како мали марионетки и не ни дозволува да ги живееме нашите животи онака како што само јас и ти знаеме.
не те свакам јас тебе душичке воопшто откако само ти писав дали може да се видиме со еден другар ти почна да се менуваш(и тоа на настан) море за таквите како тебе е искористи и фрли не да ке трчаш по мене ке се скриш трчајки што сум бе будала(ама ич не ми беше денот) бакни го, па и крајниците ако ги има нека му излезат а не вака(едвај бакнежче во образ и два пати го гушнав и да има и да немал друга што ми е гајле па нема за маж да го земам нели
Еј ти се сеќаваш ли на оние денови кога знаеше како да ме љубиш? Се сеќаваш ли на сите денови кога бевме заедно среќни? Се сеќаваш ли на нашите почетоци, нашите спомени? Се би дала макар само на еден ден да се вратат тие денови, кога едноствано знаев за среќа. Сега незнам каде да одам, дали да сум со тебе или да си одам од тебе?!
Не си ти глупав.. Јас сум... Спојлер: .... Ми се иде да се спакувам и сместа да си заминам...ете до толку сум лута и тажна
Знаеш и самиот дека никогаш нема да ми е сеедно кога си ти во прашање... Еве и после повеќе од 10 години не ми поминуваш, будиш чувства во мене кои на моменти и ме плашат и не знам како со нив, како со тебе... Единствено што не ми е јасно е тоа што всушност чекаш?! Се однесуваш како да го имаме цело време на светот само за нас... Или чекаш да ме снема, за тебе повторно да те има?!
што толку ти пречи љубави ако се видам со другар ми? ете ме извести дека нема да може и ти пишав заедно одевме на два курса другиот другар што ми лајкнал на статуси се знаеме од средно-не бевме нешто блиски ама ок изгледаше *ете се допишувавме вчера, ме покани и на кафенце ама ти ми значиш нема врска колку и да си посебен и колку тој да навалува приметив дека не сме за врска и не форсирам воопшто така да те молам без љубоморни скриени страст;те чуствувамhug:
Оваа ноќ многу работи сакав да ти кажам........но кога те видов таков убав, насмеан, нежен и мил.....не можев да кажам ниту збор.
Се сеќаваш ли љубов на онаа вечер летово негде јули-август? Кога си рековме дека нема да се заљубиме..тогаш тоа беше премногу јасно кажано или пак недоволно убедливо? Каде е тоа сега љубов...? Се случи чудо,не не наше чудо...Те сакам мило мое и не можам без тебе.Те молам имај сила да ме истрпиш во овој мој лош период.Те сакам !
За идниот..... Жедни за љубов...... Ненаситни.... Врели бакнежи .... Опоен мирис..... Воздишки.... Тишина..... Твојот здив на мојот врат.... Тешко дишење.... Поглед што СЕ кажува... Очи врели страст.... Само тишината и нашите воздишки....
Лута сум ти се уште иако во моментов ми спиеш во прегратки, ме повреди многу, не си ни свесен колку измамено се почувствував кога ја прочитав пораката Имам многу да ти кажам ама ми фали храброст. Бесот во мене ми вели да ти плеснам се во лице ама проклето не можам, сакам и овие малку денови да ги поминиме во мир. Ме повреди овој пат премногу...
„Секој од нас со својот камен“ - Ана Бунтеска “како си Ана?” “уморно”-велам, “ти?” “туркам некако” ништо не реков само го оставив телефонот на страна туркаш некако драги мој, туркам и јас ама налет животов со туркање како Сизиф секој од нас со својот камен по угорница еве туркаме а мене туркањето и не ми е забавно ме болат рацете плеќите ме болат нозете ме дробат и душава бе душава од туркање ме боли туркам, а не знам каде не гледам ништо пред себе како ќора да сум ама упорно туркам и камен и денови уморот ми е како пријател болката исто ми дише во вратов и се обидувам да не се вртам да не видам што сум изврвела ниту пак сила имам за да почнам од почеток со некој друг со себе дури и еве, гледај како туркам некако како да е некој друг во телово всаден и тој некој не ме познава ниту јас себе се познавам веќе со мисли како од замрзнувач извадени тврди и студени туркам и туркаш на двете страни од нашата планина којзнае колку сме смешни гледани од некоја страна двајца возрасни луѓе кои знаат срцата каде им се ама тој камен од животот подарен го туркаат ко блесави наместо да го пуштат нека оди по ѓаволите нека се истркала кај сака и без непотребен товар да продолжиме кај што сме кинисале на врвот на планината таму горе да се најдеме без бреме врз нас со раце спремни за гушкање и души чисти од стравови ние туркаме и попатно само збогум на среќата кажуваме помирени ама не смирени туркаме дур не заборавиме зошто така сме се осудиле на имитација на животот да се радуваме ако радоста воопшто ја препознаеме жално за тебе жално е а и за мене ништо поарно не е двајца- ко еден ама сам по сам не живееме само туркаме по угорница туркаме ко блесави само туркаме