Љубов моја! Кога некој ќе ме праша дали сум добра, одговарам дека сум. Но ти знаеш дека не сум. Најмногу боли кога поминуваш покрај мене. Секогаш брзаш некаде. Не ме погледнуваш. За тебе сум никој и ништо, знам. Знаев уште кога почнав со ова. Знаев дека секогаш за тебе ќе бидам никој. Никако од глава да ги извадам нашите убави сеќавања, убави денови. Колку боли кога некој ти остава такви сеќавања, и си заминува. Всушност не си заминува, тука е, покрај тебе, но исто како да не е. Затоа што не сакаш да знаеш за мене. Не сакаш да видиш колку страдам и не сакаш да знаеш дека секој ден за мене е пекол. Не можам да те извадам од срцево и покрај се. Сакам уште еднаш тоа да ти го кажам. Те сакам најмногу!
Не сум веќе мала и наивна. Пораснав. Ти ме порасна. Ти ги научив тактиките и сега почнувам на тебе да ги користам... Немаш право да се лутиш ко ќе те игнорирам, ни да се жалиш ко ќе се правам дека ми е баш скроз сеедно... Оти учев од најдобриот љубов, учев од тебе. Нова песна почнуваме сега, сфатив дека секоја врска е игра до негде. И декс машкото его се крева можи и несвесно ама со одредени постапки ти го хранам. Нема поќе.... Иначе да, уште те сакам тикве едно само попаметно ќе те сакам, со резерва.
До пред некое време во истава соба лежевме еден до друг, трескавме глупости, се смеевме, си ги меревме дланките а сега... Ти на едниот крај од собава, јас на другиот, ти си играш некакви игри а јас се прашувам што се случи со нас вака наеднаш, од каде овој студ меѓу нас...
И кој за тебе и да ме праша ќе речам ти си минато веќе,а знае срце дека е лага,ти се уште си ми се...
Тоа што те запознав ми е една од најпозитивните работи годинава. Ќе ти го кажам ова на наредна средба. Те гушкам, силно!
му благодарам на господ што ми дозволи да те видам колегаhug: тооооооолку сме слични ама ретко се гледаме леле Господе многу ми се допагашhug:
Велам, остави ме. Тивко те оттурнувам од себе. Уште една ноќ затемнета од глутница лаги и ништо повеќе. Празен лист хартија за да ги искажам чувствата и избришани пораки кои мораше да ги прочиташ. И само една вистина. Кога сакаш нешто да потрае, не си признавај ниту себеси дека започнало. Немој да си го корнеш срцето со нереални очекувања, не си ја растргнувај кревката кожа со надеж, не молчи пред темнината за да зборуваш со сонцето. Никогаш нема да бидам способна да те мразам. Ниту бар да не те сакам. Дури и кога би те заборавила, твојот мирис би останал во моите пори. А моите раце како безживотни малечки стапчиња од коски и крв, вечно ќе болат во твоето отсуство. Полусмрзнати и осамени, ќе се вкочануваат и тресат и во најврелите летни ноќи. Оваа ужасна болка ќе ја вкусувам секогаш кога ќе се осмелам да погледнам во своите мисли. Каде си ти? А, каде сум јас? Остатоците од нас лежат на дното на самата мизерија. Очајно ти го барав погледот во топлата луѓе несвесно чувствувајќи дека всушност се барам себеси. Јас сум само обичен смртник, повторувам. Среќата никогаш не ми била наменета мене. Никогаш не се обидов да те удавам во вирчињата од кои ми е потопена душава, во спротива, сакав да ти помогнам да го препливаш океанот направен од љубов кој заради некои други лажни луѓе, го исплакав само за тебе. Замина без збор. Остави пустина полна тивки, осамени ноќи полни исчекување и притаени ерупции болка кои никогаш не се осмелија да излезат за да не го уништат тивкиот пејсаж. А јас во целата болка сум подготвена да ја пронајдам својата среќа само ако некој дојде и ми шепне дека ти си ја пронашол својата, ете бар таму, далеку од мене. Целата вселена чека на тебе, љубен. Се надевам дека ќе биде љубезна кон тебе. Не заборавај дека ниту земјата, ниту небото а ниту облаците не ги поштедиле оние полни злоба и подла безначајност. Истискај го гневот од својата душа во малечки украсни шишенца парфем кој ќе го истурам на вратот. Никогаш не си ги крши рацете, нозете ниту желбите за да се вклопиш помеѓу оние чии бои не изгледаат убаво на твоето лице. Насликај сосем нова слика користејќи ги мелодичните нијанси скриени во коморите на твоето срце. Подари и ги сите мои омилени ѕвезди, дури и кога тоа би значело дека моите ноќи ќе бидат најтемни. Не се грижи за мене и не барај иднина во своето минато. Живеј во меката сончева прегратка. Создади нов свет.
Пред некој ден барајќи нешто друго, тарашкав низ кутијата споменар. Знаеш дека чувам се' и сешто, од споменари и дневници, до љубовни писменца, честитки и секакви влезници. Меѓу другото, ми дојдоа при рака билетите од кино, од нашиот прв „дејт”. Се сеќавам колку бев скептична и колку мислев дека тоа ќе биде нашето прво и последно излегување. Го осудив на пропаст уште пред да почне. Си се прашував зошто воопшто прифатив да излезам со некој со кого очигледно немам допирни точки. Се' до моментот кога филмот заврши, а нас ни тргна муабетот. Не се сеќавам во колку се вратив дома, ама знам дека 3-4 пати го вртевме истиот круг во моево маало, зашто не можевме да се доискажеме. Години подоцна, пак знаеме да останеме по цела ноќ и да си правиме муабет на најразлични теми. Да си раскажуваме случки, да филозофираме, да дискутираме и да се натегаме кога не мислиме исто. Само што сега тоа го правиме гушнати. А јас можам да си дозволам да те удрам со перница ако ме изнервираш