леле едвај чекам да дојде брате мили задутре колеги драги ем мили јас наступам па што биде нека биде_ еднаш се живее
Кому и да кажам дека сум те оставила, а ти само си се помирил, би ми рекле: Р. тебе никогаш не би оставил на мира. Не се ни бореше. Толку време не се гледаме и наместо како порано да ме искараш што се глупирам, да ме гушнеш и да чујам како коските ми пукаат, да ме бакнеш...ти само се однесуваш како ништо да не се случило и заспа еј.... Додека јас липав покрај тебе мислејќи каде згрешивме, ти 'рчеше. Ако ти не можеш да ме смириш, не ми ни треба да си до мене. Не знам на кого да сум лута, тебе или себе. И се чудам како дозволивме навика да стане. Мајка ми се уште вели дека ти не би ме пуштил, а јас си мислам - ех, тој одамна ме пушти само уште не станал свесен. Еднаш ми кажа дека не сакаш ништо на сила, а јас пак сметав дека од се срце човек се бори за она што вреди. Ама изгледа јас престанав да ти значам...
Мислам.. Наjдобро за дваjцата ќе биде да направиме пауза, да се одалечиме и да размислиме до каде сме и што понатаму. Со тешко срце ja донесов одлуката, остави ме некоj период, jaс ќе те побарам... До тогаш чуваj се и те сакам.
Не можам да поверувам кого сум сакала. Ми доага да си влепам два три шамара. Добро бе, нормална ли сум јас? За тебе знам дека не си ама јас? Не можам да поверувам дека малку фалеше да си ја погазам гордоста и да ти се јавам ! За ѓубриња како тебе, не вреди ни да се пишува, а не пак да се зборува. Следен пат, кога ќе пишувам на темата ќе биде за личноста која ме нарекува : моја принцезо. Ај мрш.
Ќе имаме уште многу убави и незаборавни денови и вечери поминато заедно,ти ветувам Не си свесен колку се радувам што те радуваат некои мали изненадувања,така уште посреќна сум и јас Како минува времето се посигурна сум дека си совршен
10 дена те немам видено, душата ме боле, сите ми приметуваат дека сум нешто тажна, а не сфаќаат дека ти ми фалиш, ти си мојата среќа. Тешка недела ме очекува ако вака се ти прават на работа
И се барам себе, знаеш ли? Се барам себе сега...по секое неодговорено прашање, по секој недобиен бакнеж.. Се барам себе...соголена,со блескави солзи во очите... Се барам себе...едноставна и до срж гола... Се барам себе... со дланки растреперени, со срце разиграно... Се барам себе...непрепознатливо покорна... Се барам себе... со рани по кожата, со крв на душата... Се барам себе... со милион зборови со кои љубовта ти ја опевав... Се барам себе... храбра, заљубена и насмеана... Се барам себе...божествено трпелива... Се барам себе...гордо со секој грев накитена... Се барам себе...молкум расцветена меѓу два твои бакнежи... Се барам себе... онаа кој гребе, гризе и на колена само за тебе се спушта в час... Се барам себе ...желна и сонлива, страсна и ненаситна... Се барам себе... па те молам провери да не сум кај тебе... Те молам провери да не сум ти под ноктите за останала, во мигот кога со нив душава ми ја гребеше... Те молам провери меѓу прстите да не сум се скрила, во миговите кога дел по дел ме кинеше ... Те молам провери под ѓонот од чевлите погледот мој од срна да не останал, од мигот кога ме газеше...газеше без исав... Те молам провери...провери добро... зошто се барам себе...
Љубов моја. Сјаеш. И јас сјаам кога те гледам. И кога ни се сретнуваат погледите јас сум на седмо небо. Ти го знаеш тоа. И пак ме гледаш, толку упорно, безмилосно, а знаеш дека сум слаба на тебе. Ти си се. Ти си воздухот кој го дишам. Само сакам вечно да си тука. Те сакам најмногу!
Женско сум, никогаш не ме потценувај. Ја имаме дарбата да нанесуваме зло на еден толку привлечен, волшебен, суптилен начин. Оплакувајќи се зад затворени врати. Криејќи ја сопствената среќа од себе, а заслепувајќи ги останатите со влажни очи полни радост, со насмевки и накит. Ти ни самиот не знаеш кој си, што си и зошто си, бездруго, не се ни обидувај да ме разбереш мене.
Кога си блиску до мене полудувам........не знам за себе. Толку нежност и страст во еден човек одамна немам осетено. Сакам да сум во твоите прегратки....да ме галат твоите раце. Те обожавам прасе мое
Prokleta da e taa vrata koja po tret pat denes ni ovozmozi takov sudar. Kaj se zanesuvam smotana jas... Fala Mu na Gospod sto bese kjerka ti so tebe. Fala Mu.
Имам потреба некому да кажам збор/два за тебе, но одбирам за премолчам... Ќе ти кажам "тебе", сега и вака... Не чувствувам грижа на совест за одлуката, знам дека не сум без срце и милост како ти што мислиш, напротив, имам срце во кое секогаш си имал мал простор и ќе го имаш.. Секогаш беше така, и така ќе биде... Моја права младост си, мало единствено право искуство, наивност и искреност, занес и шарм... Зрелост и треперење, наивност и шала, Бакнеж и страст, Хемија без крај, без причина, без последица... Те молев да ме оставиш, те молев да не ме сакаш, ги игнорирав твоите молења за само една шанса, зборови, ветувања, се игнорирав и успеав да те одалечам од себе.. Знаеш, има часови, па и денови кога не помислувам на тебе, но има и часови кога повторно "никнува" таа кнедла во грло, таа тежина во душа, ми се вртат како сцени од филм твоите зборови дека јас брзо ќе се вратам у нормала, но дека ти си изгорен и уништен, и дека машко тешко засакува и отсакува... Се надевам толпата девојки кои ти висат на врат ќе ти помогнат да се вратиш во старо темпо, ти реков и ти кажувам да им дадеш шанса... Иако ми кажа дека во нив ќе ме гледаш мене, ама времето ќе ја избрише мојата насмевка и слика во тебе, ќе видиш. Пред некој ден почувствував парфем како твојот, почнав да се вртам на сред улица, грешна мирисна нота, ништо повеќе. Извини за крајов, никогаш не би те повредила намерно, времето ќе покаже кој бил во право...