I sto da kazam na ova sea? Od kaj pa sea kako ni e kerkiceto? De bre covek izvadi ja zena ti na videlina, neka se zapoznajt so svetov, neka ve prasaat vas kako vi e kjerkiceto a ne nas Od loso poloso
И кога... И кога идеализирањето се замени со болно анализирање... И кога летот на пеперутките се замени со горчлив стомачен чвор.. И кога недостигањето се отруе со исконски бес.. И кога несоницата се замени со уживање во ноќта... И кога потребата на утробата се задоволи со инаетливи воздишки со друг... И кога љубовните шепоти се заменат со навреди... И кога желните усни на горчлива омраза ќе замирисаат... И кога мирисот на љубов се замени со пискот на душата... И кога бурата чувства се замени со безлична суетност... И кога очите сакани се преселат на друго лице... И кога копнежот се замени со каење, со горко каење... И кога секој кажан збор е погрешен... И кога не боли веќе... Тука љубов веќе нема...нема....
Да ти кажам дека те обожавам..... да ти кажам дека си најубавото нешто што ми се случило во оваа година....да ти кажам дека ми влезе под кожааа.....сакам се да ти кажам грицкооо
Ти благодарам за прекрасното изненадување, никогаш не ни помислував дека вакви емоции ќе имам кога ќе го изговорам моето ДА, ти благодарам што одлучи да ти бидам вечен сопатник.
Fala za ponudata ama ne Poarno ke akam peski nego li da idam so tebe so kola pa... Dosta mi e od "nesakanite" situacii.
Денеска по толку долго време бев на места, каде шо шетавме со тебе. НЕмав од тогаш таму појдено и ми се вратија спомените со тебе, се потсетив на се. Се е исто како лани, само јас и ти не сме истите.
Ми недостасува твојата прегратка во која се чувствував толку сигурно, толку безбедно, толку смирено. И тогаш размислував како да го запрам времето бидејќи изминуваше пребрзо кога ти си присутен. И не жалам за ништо кога знам дека се тоа е посебно,за мене најпрекрасно. А требаше да бидеме пријатели.
Љубов моја. Уште една година помина, а јас пак не мрднав. Никаде. Уште сум на старото место и те чекам. Те чекам со секој атом, со секоја клетка. Не ми е смачено, не помислувам да се откажам. Затоа што знам, знам дека денот доаѓа, денот во кој повторно ќе се насмевнам од срце. До тогаш останува да се борам. Секоја секунда, секој ден. Со тебе во срцето, со нашите прекрасни спомени во мислите. Те сакам најмногу!
Не знам ете изгубив желба да те видам, да бидам со тебе, не ми недостасуваш, се трудам да го избегнам секоj твоj повик, да бидам глува за твоето "Те сакам".. Се трудам да си одговорам на самата себе, навистина престана да ми значиш или лутината е толку голема и не ми дава така лесно да преминам низ се?
Е обожавам да ти правам, купувам поклончиња, изненадувања, без никаков посебен повод и уште кога ќе те видам дека искрено ти се допаѓа, што значи сум ти го погодила, абе срцево ми се полни Љубов!
Пред една година на оваа дата го славевме твојот роденден заедно и бевме среќни.Среќен роденден Ј. да ти се множат и жив и здрав да ми си.Ти посакувам да си најдеш паметна и добра девојка која е остварена на сите полиња во животот.Некоја која ќе ја сакаш пазиш, почитуваш што никогаш не го почувствував јас. Еве веќе 4месеци откако раскинавме,малку по малку си продолжив со животот но не сум среќна. До тука било најмил мој,ти посакувам се најубаво.
Така така И винце и чоколадце и кафе и се. Се за мене правиш а јас доаѓам лута и ти викам "лош играч си" А ти ми викаш "е душо моја". Е е де,е.
Дојди земиме и не враќајме кај моите повеќе, неможам веќе да издржам, главата ќе ми пукне од нивните бабини деветини
Еве ја заминува... заминува... Заминува годината што ми го кршеше рбетот дел по дел.. која ме труеше бавно секој час... која чиниш ништо добро не донесе, а која сепак со ѓердан од трпеливост и сила како лавица ме накити... Годината која чиниш најдобра другарка ти беше, па како соучесник ме убиваше додека ти ми ја дереше душава... која грлото го стегаше додека ти мудро насмевките ги бришеше... која ме месото му го изеде, за коските полесно да ми ги кршиш... која секундите не ги мереше додека ти ме китеше со брчки и рани, која облаци праќаше додека ти погледот ми го замаглуваше, душата отруваше и сосема друга јас креираше.. Гледам заминува... заминува и те носи со себе... Ко да сте најдобри другари... Ко да не знаете дека никогаш не ќе ми занедостигате...