Премногу сум љубоморна, па што ? Ова е само период знаеш дека не сум таква, ете само чувствувам преголема потреба да бидам до тебе ПОСТОЈАНО. Сфати ме
Te sakam zasto si moeto vtoro jas, zasto pokraj tebe se cuvstvuvam kako cel svet da e moj. Zasto se sakame nesebicno, bez ogled na se, so site doblesti i mani. I ke te ljubam zasekogas. Ljubov moja.
И го гледам овој снег кој толку го обожуваш, кој радост ти носи в час Па се сеќавам на секој снежен чекор кој војнички храбро го сторив... Па се сеќавам како метарски снег разгазував за тоа што чинев љубов беше, И луѓе молкум разминував И глува станував на сечие „леле колку си пропадната“, „леле преслаба си“, „леле како да не си ти“ И гордо , војнички ги носев овие „комплименти“ низ снегот ладен...како ти ѕвездите на твоето рамо... И горда во очи го гледав додека со навреди ме китеше... И без збор ги носев солзите кои за тебе смрзнаа...па го гребеа безмилосно ова лице бело... И пак храбро тоа што чинам љубов беше како чин на градите ја носев... И пак храбро, чекор по чекор, како војник на Голи Оток снегот го разгазував... И не се криев од куршумите твои... И не ме рани рамнодушноста, недостапноста, студот во градите твои... И само храбро одев, го разгазував снегот на тоа што чинев љубов беше... И се казнував со глад и жед, со солзи и самотија... И само газев убедувајќи се дека јас без тебе среќа не заслужувам... И само газев... самоуверено и цврсто како никогаш... носејќи го на градите она што чинам љубов беше, она што бајка да се стори требаше... И го криев од тебе, да не го убиеш, додека снегот црвен го боев од крвта што ја плукав од куршумите твои... И само одев...храбро и одлучно... одев во самотија за она што чинам љубов беше... И не стори ништо за овој премрзнат и гладен војник ти... Траговите во снегот со инат му ги затрупа... Да не знае од каде тргнал...да нема каде да се врати... Па молкум патот го замрзна... чизмите му ги зеде... алиштата му ги спали... Го остави да замрзне во белината сам... со светлост на градите...само со она што чинеше дека љубов е... сам , убиен само од студ и каење... сам, замрзнат без човечка рака и топлина... сам ,без љубовна воздишка... сам, само со студ затрупан... А одеше храбро тој војник во снегот... Храбро сам, за тоа што љубов чинеше дека е...
Се сеќавам уште бившиот кога ми пееше "Ne idi s njim jer sa njim srecu neces naci, put je dug a sa mnom putevi su kraci, okreni se jer on te ne vodi ka sreci.. " И тој пак, како да предчуствуваше дека последен пат ме гледа. Шта чу, тогаш најискрено го оставив дека ти ми беше повеќе при срце. Ама и во право беше. Не дека немаше среќа со тебе ама најискрено ме разочара, не очекував до толку од тебе. Ми докажа колку си ладен и бесчуствителен, иако навидувам не изгледаш така. Најмногу ми е жал што не успеавме, а требаше.
Како да не те сакам, кога стално ме изненадуваш како абе не ме разгалувај не сум мало дете има да те изнагушкам и изгњавам, деновиве немавме време сами да бидеме
Доста бре! Ќе прицркаш од таа љубомора од одма немам стапнато без тебе..Нигде не сум била мило..Кај ќе одам не ми убаво без тебе да одам некаде.Дома имав гости роднини па бев зафатена па затоа бев отсутна од фб..можеш мирно да спиеш мило ајде добра ноќ! Дури ме фаќа смеа од тоа шо си љубоморен како дете Пуфле едно разгалено,мило мое
Ти кажав веќе вчера..Ти кажав фала што ме оживеаЈа почувствував старата таа позната миризба на пресно готвено и радоста да седнам на полна трпеза.Најприсутно е твоето отсуство вечерва.Да си заспијам така спокојна и припиена до тебе.Плачам дури пишувам.Си велам од среќа ќе да е... Сакам да вриснам,да ти кажам колку многу те сакам!!!Те молам дозволи ми,те молам!
Никогаш веќе душа не ти отварам па макар горела од внатре! Знам дека ти значам,знам дека ти фалам.Нема да ти падни круната ако ми кажиш.Нема да го злоупотребам твоето те сакам!Ти ветувам
Сакам да сакам да не те засакам. Мора да го можам тоа....не смеам да си ја дозволам ова забранета љубов. Ахх кај се појави бре човекк.........
Дали знаеш како го дочекав јас првиот ден од новата година, а како ти ? Можеби знаеш, претпоставуваш, бидејќи намерно тоа го направи. Ми приреди права бомба. Се докажа дека си едно големо ѓубре, баш си машка курва да. Да знаеш само колку убава работа ми направи не си свесен. Така така, лајкувај ми, продолжи, зошто ми лакуваш на сликите мои ? НЕмаш одма нова љубов од неколку недели, каква е таа љубов а мене ме бараше ? Допрва се ќе гледаш, не само мене туку и секој мој успех. Толку се чуствувам убаво, позитивно, имам енергија мислам цел свет ќе го освојам Конечно се ослободив, мислам ќе го пронајдам мирот. Никогаш не мислев дека ќе ги кажам ова ама фала ти многу многу
Снег*******снег си ти****** Навидум нежен и бел, чиниш радост носи кога ненајавен на градите ти слета, косата ти ја помилува... чиниш неповторлива форма е, а тоа обичен мраз без душа... чиниш најнежно усните ти ги бакнал, а само воден траг по лицето оставил зад себе... чиниш ќе те стопли од што те допира по телото, а тој ладна санта од тебе прави... чиниш ќе црташ по него, ќе го обликуваш и менуваш, а тој во мигот леден мраз се направил... чиниш нежно мора со тој мраз, да не го скршиш, да не го повредиш... чиниш ти го пазиш, а тој те лизнал, си паднал... си скршил срце...душа си скршил на него... чиниш студот вечно ќе го помниш и болката по скршениците, а сонце огреало па ги однело... Снег си******велам јас снег си ти********