Ne si ljubov, znam. Ova e drugo nesto. Opsesija, izgleda si mi samo opsesija Ke mi pomines I toa go znam. Go mozam jas toa, bar mislam
Ми притекна на тоа кога ми ја прати сликата на твојата животна желба,нашата ќерка која ќе имала коса како мојата а очи како твоите..Токму оваа слика ја чувам Ми ја згреи душата најмил мој и јас го посакувам истото,да сум со тебе до крајот на мојот живот..Да се надеваме дека ќе ни се остварат соништата Spoiler: <3 богами ќе ја имаме ќеркичката доколку се метне на мене,а очињата не дека моите не се плави ама ајде тие нека се на тебе ама затоа јас посакувам и синче кое ќе биде целото на тебе да ме потсеќа на тебе
Фалиш, како никогаш до сега... Требаш, како ретко кога си ми требал. Сфатив, јас грешев. Во право си, факинг си во право за се што рече. Жал ми е... Не, не ми е жал.. Нема збор за тоа што го чувствувам... Да требаше сама да се казнам јамката ќе ја земав, ама ова бетар од јамка е... Чудно ми е како сета твоја огромна љубов испари наеднаш.. Па, може не е ни чудно со оглед на околностите.. Тоа што знам е дека ми фалиш.. Премногу... Нечовечки многу, невозможно, неиздржливо многу. Како ли сум жива јас без тебе.. Ако ова може жива да се нарече... И дека те сакам... Уште.. Многу... Силно... Најсилно... Мил мој...
Знаеш ми недостига љубов, таква на која и се препушташ безгрижно, како дете кое трча по топката, весело си игра, ми недостига топол допир по лице и нежен поглед меѓу две очи од различен свет. Слух на тивки отчукуваања на срцето и спој на магично сплотени души. Ми недостасува топла прегратка,глава на рамо и допир на туѓи прсти по мојот грб. Ми недостига еден различен поглед на нештата и допири со рака, еден до друг изгубени во светот наречен љубов.
^ да ти кажам, одричам да од љубовта Се шегувам. Не се одричам од љубовта, одричам се од тебе. Ајде добра ноќ.
И да, уморно изгледам... Уморна со бледа кожа, која се збрчкала трудејќи се патот на секоја солза да го запомни... Уморно од верноста на Ана Каренина , што бев ја сочувала само за тебе во градиве... Уморна од деновиве во кои молкум ги барав сите тие чувства... ги барав како салфетките што со стихови за тебе ги напишав... а ги нема веќе... а се празни и бели...безлични... Уморна од штитењето на теориите кои ми ги уби...дека ти си тој...дека љубовта е се... Уморна од собирањето на секој твој дел, по милионитиот пад во очиве... Уморна од леснинава што душава ми ја исполнила, без тебе... Уморна без товарот кој душава ми ја скина... Уморна без тоа што чинев љубов беше... Уморна од гледање во прстите, кои чинев исти ни се... а кои ете, инаетливо збор не милувале како твоите... Уморна од тишината која ме обвила, во која молкум е разговарам со тебе, не ти раскажувам,не те љубам... Уморна од што те нема околу мене...од што молкум не ме поседуваш... Уморна од заспивањето без тебе... Уморна од црнината во соништата, во кои чинам век цел не си свратил... Уморна од будењето во 03:15... во кое веќе не те чувствувам, во кое веќе е заплакувам по тебе... во кое веќе не се лажам дека ме мислиш...дека ме чувствуваш... Уморна без загубената потреба за тебе... Уморна од ликовите кои ги мразев додека до барав само твојот... Уморна од нозеве што е ги проколнувам веќе што е ме водат до тебе... Уморна од фригидноста што ме обоила, во која нема „еби ме“... во која нема бакнежи....во која усните не се поткасуваат од желба веќе... Уморна од забрзаното вдишување, со кое се казнувам само за да го почувствувам здивот твој, кој не сакајќи сум го изгубила... Уморна од отпетлувањето на патентите кои некогаш ти си ги отпетлал, само за топлина во градиве пак да почувствувам... Уморна од тежинава на утробава, која не те бара, која не зоврива веќе по тебе... Уморна од мижење и молење да се врати милината која беше се за мене скрила на линијата која папукот со препоните ти го спојува... Уморна од трагањето по знак, по збор , кои топлината во градиве би ми ја вратиле... топлината од која цветав...топлината за која верноста на Ана Каренина ја скрив.... Уморна без болката од љубовта која ме оживуваше, болеше и убиваше... Уморна од омразава со која не знам како...која да ја преживеам чиниш не знам...
Zosto bas jas? Od tolku predlozeni, ti me odbra mene za Skopje. Ne, golemo ne! Nikako nema da prifatam. Glasot vo mene vika Odiiii!!! Ama ne, ke stavam kamen na srce I nema da idam. Znam sto ke se sluci. Zar ke bidam mirna posle toa? Zarem toa nevino i tazno lice na kjerka ti ke mi izleze od glava nekogas? Nikogas! Ke me jade griza na sovest cel zivot. Izlezi od mojot zivot. Izlezi od mojava glava. Trgni mi se od pred oci.
Штом така сакаш, сега ќе бидам ладнокрвна кучка. Ќе ме бараш, во тоа сум сигурна. Само што веќе нема да бидам истата што ја знаеш.
Те сакам многу знаеш и сам, ме сакаш и тоа знам , но некогаш пред да кажеш нешто размисли, размисли за да не ме повредуваш повеќе како тоа што го направи сега ..
Честитки! Да сте вечно среќни и вљубени како денеска Најди и прекар, не сакам да ја викаш со моето име...