Фала што ме остави, ќе те сакам ама никогаш нема да дознаеш зошто тогаш си многу силен и знаеш само за навреди и понижувања а и фала што ме научи дека не треба да се верува на секој...Биди ми жив, здрав и се надевам ќе си најдеш некоја што ќе е спремна да те трпи тебе како личност а богами и твоите лаги што ги кажуваш вешто, поздрав и секое добро
Ti dodeka se setas po Italija, jas tuka maka si macam da ne te izneveram. Ti vetiv deka nema, ama ova nestovo izleguva od kontrola.
По вчерашната казна белким ти дојде памет дека домашната работа што ти ја даваат на работа треба САМ ДА ЈА НАПИШЕШ ! Нема белким јас војник да бидам па сите пушки на памет да ги знам и веке не те будам сабајле ! Имаш аларм , сам станувај
Само да знаеш дека никогаш, ама никогаш, нема да те повредам намерно. Ни по цена на сопственото его, инат или гордост. Се трудам да бидам малце на повисоко ниво од тоа во животот. И не, не сакаат сите да те повредат. И не се сите исти. Аман од штитови, аман. Без разлика, мислам дека длабоко во себе си многу подобра личност од тоа што го прикажуваш и тоа е единствената помисла заради која се обидувам да дишам. Само и моето трпение има граница. Ако решам дека нема назад, нема да има, па што сака нека се случува после.
аааа немој веќе чоколадо, торта, палачинки и други глупости полни со калории да си купил. Лето иде. Да не се караме
“Да имаш, па да немаш” - Ана Бунтеска Не сум суеверна не есапам црни мачки ниту бандери по тротоари не поплукувам за да го избркам малерот во дрво трипати не потчукнувам а петок 13-ти та бил, та не бил, исто ми се фаќа и не сум по адетите ниту пак некојпат суеверна сум била не верувам дека можи некој некому магии да прави ако душата чиста ти е и срцето светло не не верувам ниту во клетви во поганштина на зборови со кои некому зло ќе се случи ама пусто во градиве страв ми се збира ко ќе го чујам она “да имаш, па да немаш” и тогаш снагата ми трепери и се намовнува та телово ко рана жива ми е а нервите внатре истенчени до пукање и како со коцка мрз по грбот изврвена како во сон гола ко се шеташ како пред испит како после болест исцрпена ете така ми е така во душата ми е ко ќе ми текни на “да имаш...па да немаш” та си мислам оти поголемо проклетство од тоа ко да нема оти ко немаш не ни знаеш дека немаш ниту знаеш дал страден си бил по нешто дал ти недостига а вака вака душата да ти се мачи дур не умриш да копнее и да се суши по она од што само спомени ти останале оти душата најмногу памети и најдолго страда најобилно крвари а вака чоекот здрав ти изгледа навидум ама внатре во него пустош и душата гробница му е “да имаш, па да немаш” како со нож во стомаков како утробава да ми се отвора да имаш љубов да имаш и во љубовта себе да се најдиш а од себе и на другиот да му дадеш да го нараниш и напоиш да го гоштеваш со тело и мисла да имаш...и потем да немаш со очи појќе љубов да не видиш со раце да не ја помилуваш со усни да не ја целиваш оти ја немаш оти клетва те стасала таа најстрашната од сите клетви таа од која се умира луѓе таа!!! да ти даде Универзумот Господ да ти даде љубов да имаш и низ неа да живееш за после да ја немаш да ти се излизга низ раце и низ срцето само гребаници да остави та џабе и дишењето после и се’ е џабе оти никој ист не останал никој на себе не се вратил после она проклетото после “да имаш...да имаш, па да немаш”
Да имав вклучено некоја камера сабалје па да те снимеше ќе си се смеевме долго време Гледаш како можеш да се спремаш за 5 минути и тоа без да се расонуваш со 2-3 цигари во кревет?