Aбе чоек зошто не ме оставаш на мир , како да ти објаснам дека не сакам да имам повеќе ништо со тебе.
Се трудам да држам дистанца и да се повлечам малку и секогаш кога ќе го сторам тоа,ти правиш потег со кој повеќе ме освојуваш,а јас се топам се повеќе. Едвај чекам да се топлам во твоите прегратки и твојата рака да минува низ мојата коса. Толку див, но толку нежен,а толку мој.
Не сакам да правам грешки поради кои би те загубила, но не сакам да ги правам и истите грешки ко порано затоа ја играм таа игра - да ти бидам потребна, а знаеш дека те сакам
Кога искачаме те частам пиво последниве четири пати и оставам бакшиш, а ти секогаш имаш изговор дека си заборавил пари. Дај да му се невиди, работиш, имаш пари, а бетер од цинцар си.
Психопат е овој, ама ич не му се плашам, партал еден.Циркузи ми прави со неговите закани нема граница да поминам глупак
Таман се израдував што гледам дека ѕвониш,таман помислив дека не ми си повеќе лут,а тоа ти било само да ме потсетиш која пијаница сум била.Супер
Да бевме двајцата или барем еден од нас малце поразумен, постабилен па да иницираше да седнеме, да се разбереме. Ама не, ние вака ќе тераме, во еден смотан круг.
Како сум можела да сум толку глупа, како можев да се изгубам себеси за да ти угодам тебе, за да на крај ме фрлиш како потрошена крпа. Каде ми бил паметот не ми се верува која глупача сум била.
Уф, не ми било сето ова ако ја немав твојата подршка и верувањето во мене. И што ме изненади утринава со нешто. И неможам да посакам повеќе, зашто не ни треба.