Многу ми недостигаш,ми требаш како никогаш до сега. Посакувам заедно да си легнеме и разбудиме,да појадуваме и вечераме .Да се тушираме. Ми недостига твојот мирис и твојата топлина. Се сеќаваш кога ти кажував дека си како парно,хахаха епа навистина е така. Уште малце остана,ќе издржиме.
Многу ме разнежнува начинот на кој се однесуваш со мене кога сум болна. Толку се трудиш да ми олесниш, да ме утешиш, да ми угодиш... Тогаш лимонадите ми се најпогодени, супите највкусни и најубаво стоплени, чаевите - совршени. И ти си совршен.
Честитам. Повторно успеа во намерата да се испокараме, да се извреѓаме и уште да се истепавме фалеше. Со ова што го правиш ми даваш сила и поттик да си барам друг, пошто правиш да се чувствувам гневна и бесна спрема тебе. Повеќе од очигледно е дека не сме исти, не сме еден за друг. Може имаш чувства ама не е тоа тоа, не ме разбираш, јас ти зборувам ти ме прекинуваш и излагаш надвор да збориш на тел...разочарана сум бре разочарана...знаеш сега дека плачам? Не знаеш, и ако бевме еден за друг сега во прегратки ќе ти бев а не да плачам безврска. (не сум ни во пмс, епа замисли колку ми правиш да ми е тешко) Толку тебе би ти кажала, а ова е реторичко прашање: - Добро, кога ќе бидам јас среќна? Кога ќе најдам некој како за мене? Нели за секое грнче има капаче? И за мене ова важи или потешко? И побрзо нека поминат овие денови на ЉУБОВТА не можам да поднесам вакви глупости, нели ова е католични празник? срциња, мечиња, глупости бе глупости...
На денешен ден пред 9 години, за него направив нешто што за прв пат... Нешто што потоа за никој друг не го направив... Ми кажа дека тоа премногу му значело, никој не му приредил нешто слично, дека е нешто што за цел живот останува во сеќавање... Сега после 9 години... Не двојат стотици километри, илјадници недоречени работи и што уште не... Од неговото сеедно почна и мене да ми станува сеедно... И не знам дали да се радувам или да жалам за тоа...
Слушам песна која ме потсетува на тебе, можеби има вистина во неа. Но, направи нешто те молам, додека е време. Да знаев дека ќе биде вака, никогаш немаше да те пуштам, ќе се борев за нас.
Ова чудово наречено заљубеност не' прави како деца. Одиш некаде, наеднаш ќе се сетиш на нечија порака,на нечиј лик, па почнуваш да се смешкаш како зелен. Мислата не бира ни време ни место, само случајно ќе ти долета од никаде, па после не можеш да ја оттргнеш од глава. Ех,бе,што ми направи... Ано, опрај се, полека.
Затоа што те доведов до тесно, затоа се ми призна. Нема врска, кога би знаел дека е обострано би ти било полесно, го знам тоа. Но сакам да заклучиш сам и да ме откриеш сам. "Те сакам" би била само реченица, можеби безначајна, но трудливоста и делата кажуваат многу повеќе. Се во свое време, драги.