Nitu ljubov nito vino,samo gorki solzi ostavi zad mene.stradam a ti ?ne ni pomisluvas na mene ,dodeka jas besno i gnevno placam ,i ocajna kutrata da ti znacam bar seks vo zivotot.kako bihter bez svojot behlul sum!!
Биди поинаков.Биди таков позитивен и насмеан каков што те видов и првиот пат.Биди мој..биди мој? Сакам да те запознаам,и да ме запознаеш подобро.Сакам пак да те видам.Да се насмеам,затоа што те гледам толку насмеан и среќен.Весел, се задеваш ,а потоа од далеку ми се смееш со широка насмевка.Јас занесена сум од музиката и играм,те гледам, се смеам и јас. Нема да се заљубам за два дена ,не не.Само да те видам пак.Побрзо.
ОД толку многу книги јас ја фатив баш таа која ми ги врати спомените. Баш таа книга која ја купив за тебе, но никогаш не ја доби. Иста таква книга имам дома, само појма немам кај е, некаде само да не ја гледам. Со колку љубов и среќа ја купив таа книга не знаеш. И после проклети 2 и пол години си присутен, ме мачиш, ми навраќаш спомени. Само се прашувам дали некогаш би се заљубила како во тебе, или ти ќе ми бидеш единствената љубов, а би била со некој колку да се речи како до сега.
Љубов моја. Да, се уште така те нарекувам. Така ќе биде уште долго. Не заборавам ништо. Само еден поглед беше доволен за уште повеќе да ми го свртиш умот. Ти. Твоите очи. Твојот препознатлив од и начинот на кој го движиш телото. Би те препознала од километри. Би те препознала и би те нашла и меѓу илјадници. Слаткото страдање е поубаво од било која радост. Те сакам најмногу!
Како ти ја собира во срце таа добрина што ја имаш ти се чудам секој ден ... Навистина е среќа што те имам до мене
Убаво е. Ме правиш многу среќна и гледам дека нашето оди во правата насока. Секое нешто што го правиме заедно е многу подобро. Секое чуство е поинтензивно. Но има едно ама.. Едно минато болно лето. Кога само на момент се сетам, ме облева гнев, немир, лошотија.. Ниско е сега после 6 месеци да зборам за ова и да се жалам за нешто што тогаш сум го преминала и преќутела. Сеуште болат некои зборови, сеуште печат солзите тогашни, сеуште се лулам со довербата кон тебе. Кажи ми се бришат ли некако таквите работи? Се забораваат ли? 6 месеци не успеав. Ќе ли?
„Мислата за тебе во умов ми се крши“ Ана Бунтеска Ми се крши мислата за тебе како топла погача на весела слава како за убаво, за арно да е како секој касај со вино да ќе го поттурнам со црвено и богато со мирис, вино кое усните ќе ми ги бојадиса а мислата за тебе низ грлово ќе ја истурка ми се крши во умот мисла за тебе ми се крши како сува гранка среде силен ветар стара и исушена, од времето изедена гранка со тресок што паѓа и останува уште некое време бељи по улици да прави дур некој не ја истурка подалеку од патот мислата за тебе во мене се крши се распрснува како стара светилка како соџвакан мраз во устата како прстиве стиснати дур ги држам сплетени кај градите како да се пазам од тебе како душман да си како да не те познавам како да не ме знаеш како странци кои збор не си размениле таква ми е мислата за тебе кршлива и тенка нежна нестварно воздушеста миризлива како топла погача во старинска фурна испечена мека како постела спремна за првата ноќ на младите вкусна како првиот бакнеж украден меѓу две бркотници мислата мислата за тебе ме мачи оти не знам до кога жива ќе е оти не знам дал ќе истини ко задоцнет ручек на трпеза на која никој не седнува или вкусот ќе го изгуби ако ја оставиш долго во воздухот да седи а можеби и ќе испари како да не постоела а со неа и тебе ќе те снема заедно со неа со мојата мисла која се крши која на делови се раздробува и трошките пилците ги јадат до насит до прејаска до слошување а само пилето во градиве гладно останува и одбива да ти запее колку и да го задеваш, ќе ти молчи дур мене мислата за тебе ми се крши и исчезнува заедно со желбата по тебе полека полека полека