Те обожавам... Те обожавам зошто на секој празник знаеш да ми го покажеш местото.... Те обожавам зошто секогаш наоѓаш начин да ми покажеш „колку вредам“ Те обожавам зошто секогаш за тебе сум иста како другите... Те обожавам зошто секогаш ми покажуваш дека „љубав ту не станује“... Те обожавам зошто знаеш како да ме насочиш да уживам во туѓото внимание, љубов... Те обожавам... цар си!
Пред заминување легна до мене па така успана ме зема во прегратки.Обожавам кога ме будиш.Почнуваш со галење па следуваат кратки бакнежи по цело лице.Јас па се преправам дека спијам иако те осеќам само што ќе ме доприш.Ти го сакам фацулчето што го имаш кога ќе видиш дека си успеал и си ме разбудил.Абе тебе те сакам,тебе! И да... Ми го пишуваш текстот на Владе-Од овој ден,сабајлечки во 7 саатот.Си ја слушнал во автобус песната. Кого лажеш ти бе!Знам дека така се чуствуваш!
Ај фати си девојка, може така ќе се спасиме двајцата од ова. Не требаше вака да биде дефинитивно. Ќе ме боли многу, ќе ми треба време да се навикнам ама мора да најдеш девојка, пошто јас не сум во состојба за да имам некој сега, па затоа ти биди спасителот. Требаше малку да трае се ова, а не олку долго. Претеравме и тоа 10000000 пати над граница. Не ми е сеедно ако знам само дека си допрел некоја, а не па да ти биде девојка ама МОРА така да биде. Не сме еден за друг и се малтретираме вака двајцата, а пак се бараме...и до кога? има крај ова? немааа... Може 3000 скандали ќе направам ако стварно фатиш девојка, ама ако, ќе ми помине, ќе издржам се само да заврши ова.
Кај ја најде жити се? Али нема веза, те личи тебе со таква. Не си способен ти да најдеш подобра од мене. Знаеш бинго се паѓа еднаш во животот, не успеа да ја искористиш шансата... Смешно ми е дури колку си очаен. Ако не друго барем нема повеќе да ме замараш и проблеми да ми правиш во врската. Среќно вљубена сум, знаеш? Ме чува ко снегулка, не дозволува ниедно кристалче да падне од мене. А ти само можеш да завидуваш. Оти ти никогаш нема да имаш таква врска. Успех е во животот новиот/та дечко/девојка да биде подобар/ра од предходниот, како во мојот случај. А ти жалниот падна од авион на овца. Ма ни овца не е. Карма. Сам си залужи. И престани да зјапаш по мене кога ќе ме сретнеш, знам дека сум ти незаменлива. Остај ме да дишам. Одбивен си ми. Алергична сум на тебе. Римембер: Уат гоус араунд камс араунд.
Уште те сакам,знам дека ме сакаш и ти ама глумиш,дозволуваш гордоста да победи! -Ама каде гордоста е на прво место љубовта си ги пакува куферите!
Не знам што да ти кажам. Средбава ме збуни. Не беше таква каква што очекував да биде. Не се чувствував така како што очекував да се чувствувам. Ни прееска, а сега уште помалку. Требаше да бидам исполнета и среќна, а се што чувствувам е само една голема празнина. Целата сум некако збунета и во прашалници. Можеби и ми беше потребно ова за да сфатам дека веќе не ми требаш. Толку од мене, јас повеќе нема да те побарам. Не отежнувај, немој ни ти.
Денот е поубав кога ќе ми почне со твојата порака. Само еден повик и имам сила да го издржам и нај тмурниот ден. Ахх мало мое смотано детулее
Што се бламираш на сликите со таа припорска сељанка со цртани веѓи не ми е јасно. Дај не изигравај паљачо! Не ме болиш за да јадеш блок, ама ептен ниско падна. Другпат во Деспина ќе ти бараме цура, за да докажеш на тие безмозочни амеби околу тебе колку не ти е гајле за мене. А ти така очајно пуштај ми тужни посвети од песМи, јаранееееее, ме трогнуваш ептен Ќе кажев кај ми биле очиве али оправдано ми е на диоптеров, ама паметот кај ми бил па? Ај ај.
кај ме сретна вчера иден социологу низаеден-јас будала ти титнав ти ми се јави и фала ти што ме испочитува пред колегата, кај се најде да ми излезеш пред очи леле мајко ама ти киднав ти киднав трала ла ла ла ла уште другар ти ми фалеше да му експолодирам во лице арно што се тргнавме душичке чуствувам дека колешките ке те свртат против мене-доволен знак беше погледот и пристапот на твојата колешка јасно ми стана се не изгледам зрело а тебе женичка ми ти треба не студентка најдобро е мирољубливо е да раскинеме
Иаκо сум ти лута и сум ρазочаρана од тебе, денес сто пати ја пρочитав твојата поρаκа и сто пати се насмеав.. Ми недостасуваш иаκо се тρудам да не ти го пρизнаам тоа. Го чеκам Петоκ ама и не саκам да дојде..
Иди,иди несанице да не видим твоје лице да ми зора болка во глата не ствара ааааа иди иди док сатор не ухфатам,аааааам...
Ме болиш, многу.. Не можам да те сфатам. Зошто правиш вака, немам сила веќе да се борам за тебе, за нас, а не сакам ни да те пуштам туку така, не после тоа вчера..
Сакам да заспивам и да се будам во твои прегратки. Така сум најсреќна. Таму нема грижи, ни тага, само љубов, бескрајна љубов.