Од иднината не се плашам само кога знам дека ќе те имам покрај мене.. Се молев за да те сретнам,да те имам..Уште пред да те запознаам знаев дека ќе бидеш мој. Со тебе ги имав најубавите сонови иако не знаев ни како изгледаш..Исто и во нив ме галеше,ме чуваше,на ист начин.. Судбината си скрои пат за нас двајца..Се надевам цел живот ќе ни биде како последниве неколку месеци.. Многу те сакам!
За моето најдобро другарче, зашто порака за него вреди повеќе отколку за сите бивши/идни љубови заедно Срцето ми се крши кога знам дека поминуваш низ тешки периоди, и ми е премногу жал затоа што никој не заслужува толку добрини како тебе, а никако не можам да ти помогнам. Толку чиста и добра душа, полна со страдања... Затоа што беше и ќе бидеш единствен до мене и во смеа и во тага, ти ветувам дека во овие моменти (па и било кога понатаму во животов) нема да се оттргнам од тебе. Можеби патиштата некогаш ќе ни се раскрстат, ама секогаш ќе бидеш личноста што ќе има најголемо место во моето срце. За жал со тек на време отупев во искажување емоции и тешко ги изустувам, ама во ова никогаш немој да се сомневаш Те сакам најмногу
Си направив турско чајче, само за неговата арома да ме потсетува на тебе, на твојата љубов, додека го грицкам црното чоколадо што ми го подари попладнево и ги толкувам песните на Бисбал. Да се чувствувам како да си до мене, како ме милуваш. Веќе ми фалиш. Посакувам само добро да патуваш и да ми се вратиш во прегратки во недела.
Кики, фалиш... Најмногу ми фалиш. Сакам секој ден да го гледам твојт насмеан лик. Би заменила се што треба на овој свет за да бидеш пак мој. Одвнатре плачам, а знам дека не треба да те барам.И да не избрзувам. Ќе бидам трпелива. Ќе се смеам на цел глас, ќе бидам среќна. Ќе бидам послушна. Овој пат ќе те слушам. Секој еден совет би го прифатила. Само еден твој потврден одговор. Го молам ноќва небото.. Да ми те врати
Не си свесен колку те сакам. Од нигде никаде ми влезе во живот и направи лом. За толку кратко време ми се упика толку длабоко под кожа што не ни можам да замислам сега поинаку. Не ни сакам да биде поинаку. После три години пак почувствував среќа и немир во срцево за некој па немој да мислиш дека ќе те пуштам од мене така лесно. А гледам дека ни ти мене и тоа посебно ме радува. Добро, малку си идиот и откачен во тоа паметот ама па да не беше таков немаше ни да се уцапам во тебе волку. Само те молам не претерувај, не ми се оди во Бардовци вака млада. Сакам ова да трае, да правиме нови спомени ради кои ќе заспивам со широка насмевка на лицето. Или па ради кои нема да можам воопшто да заспијам, небитно. Сакам да родам твој син, знаеш? Сериозно, замисли спој од наши карактери и гени... Кое совршенство би било тоа! Ете, до толку сакам да трае и до толку сум заљубена во начинот на кој постоиш. Те сакам, целосно... Таков никаков, со сите несовршености и маани! И најсреќен роденден миличок, ти посакувам јас да ти се случам (до крај на животот) па за останатото лесно заедно ќе се погрижиме. Секоја клетка од телово вришти од што те сакам!
- НЕ, ова човече што си го покажува голиот задник не е повик за секс, туку значи да си го начукаш сам. Друго, и сам си знаеш дека се лошо ти посакувам мислам да не се повторувам.
Poleka sviknuvam deka te nema,deka ne me sakas,deka nema da te vidam i dopram.deka i nema da da mi pises poveke.a najboli sto si daleku.bar se raduvam sto sestra ti e srekna,zasluzuva .stanav imuna na srekata o boze ti pomogni mi oti so mojov pamet daleku se stasuva
„Ако не знаете што чувствувате кон човекот, затворете ги очите и замислете дека го нема. Никаде. Го нема и нема ни да го има. Тогаш сѐ ќе ви биде јасно.“ Огромна празнина и болка која ја растргнува душата - Ете тоа го почувствував кога замислив дека нема повеќе да те имам.
„Се надевам дека ти оди добро. Не, не ми требаат детални информации за тоа што ти се случува, затоа што ќе се замуабетиме, а тоа не е целта на моево писмо. Ти пишувам бидејќи не ми треба одговор од тебе. Ти пишувам бидејќи сакам да ја затворам приказната. Ти пишувам да ти кажам извини и ти простувам. Бевме заљубени. И грешевме и бевме во право. Бевме и лути и на моменти злобни. Ги паметиме и среќните и тажните мигови. И нема да можеме никогаш да заборавиме, знам. Но, сега ми е доста и завршувам. Сеќавањата не ме болат повеќе, туку ми носат само убави чувства за она што се случило, затоа што се што ми се случи ми се случи мене и се нареди до редицата прекрасни приказни во мојот живот. Единствено се каам што те изгубив како личност, како пријател, кој секогаш беше подготвен да ми одговори, да се сочувствува и да ме сослуша, личност која многу пати излажа за да остане што подолго во мојот живот. Секогаш верував дека се сретнавме во многу погрешно време во нашите животи. Сега сфаќам дека ова не е вистина. Се сретнавме во правото време, баш тогаш кога си требавме еден на друг: ти ми беше моето огледало, во тебе си ги видов сопствените маани, се обидов да си ги сменам сопствените предрасуди, се обидов да бидам јас. И фала ти за ова. Да не жалиме што се љубевме бар за момент. Можеби ќе се сретнеме во наредниот живот, или можеби сме се сретнале во минатиот. Но за сега, само сакав да ти кажам дека ми е жал и дека ти простувам.“
Убавото време поминато со личност како тебе никогаш неможе човек да го заборави колку и да сака. Те молам врати ми се...Те сакам
Никој друг не може да разбуди ни малку болно искрена емоција како што ти тоа го правеше од самиот почеток ... Те боли, некој ти недостасува, видов, прочитав ... ама самиот ќе се појавиш и ќе кажеш. Тој ден ќе биде за мене, денот Д.