Ми фалиш како најдобар пријател кој единствен би ме сфатил како во моментов ми тежи туѓата болка. Да ти кажам колку ме боли помислата дека некој поради жена си со која е само година дена се осудува да им се дере на своите родители кои го одгледале од парче месо. Сакам да ти кажам дека утре кога ќе го видам ќе му кажам дека треба да срами што ја понижува мајка си. А ти би ми рекол дека треба да молчам и да не се мешам. А знаеш дека не трпам неправди и во моментов додека замислувам како таа жена плаче заради мојата сестра, и мојата душа се кине. Еве ако ми веруваш плачам замислувајќи ја иако не ми е ништо, како синот и се дере поради некоја новодојдена. Се срамам и од двајцата и единствено сакам да ја гушнам и да и кажам дека има некој што ја сака и почитува. И после ова, ти не би ми рекол дека ме цениш што сум ваква, туку дека се заморувам непотребно. Ете затоа веројатно е и најдобро што ќе си се искажам само на овој начин.
Љубов моја. Уште малку остана. Да се радувам или да плачам? Длабоко во себе се радувам иако знам дека секоја минута до тебе за мене е само болка. Но зошто уживам во неа? Ги бројам деновите. Глупава сум. Но од љубов е. Те сакам најмногу!
Сакам кога ме гушкаш најсилно на свет, сакам кога ме фаќаш нежно за рака и ме привлекуваш кон тебе, ме држиш цврсто и ме бакнуваш. Но најмногу сакам кога ќе се припијам до тебе, и гушнати ќе танцуваме цела вечер.
Ќе ме молиш бе, ќе ме молиш, и не знаеш колку само ќе уживам кога ќе ти треснам врата пред нос. Џабе ти е теретаната и бицепсот, не си доволно психички јак за да повредиш некоја олку психички јака ко мене. Не си толку длабок.
ти мислиш јас сум ти гаранција на која можеш да се враќаш кога сакавш во овие 6 години? јас си седам мирна ти ги мањачиш гимназијалките.Манијак гледам се како гледаш,и што правиш,не си слободно пиле ко некои твои другари,а другите што ти се оженија? Гледај пример и од нив хаха Си играш со оган,ми се смачи да те гледам како ги изгледуваш другите,не беше таков!
Незнам.. Не ми недостасуваш ама сепак чувствувам некоја празнина. Не те барам на мобилен а честопати фрлам поглед на екранот и чекам да се јавиш и тогаш кога ќе се јавиш, се однесувам ладно. Сакам да сфатиш дека ме изгуби. Готово е. Прв пат во овие години ти реков дека не сакам да дојдиш, дека сакам да си ги средам мислите и чувствата, а ти едноставно го прифати тоа. И боли, проклето многу боли и те мразам поради тоа
Другарче, новата ти е за никаде! Кај ја најде жити се`? Ко од шипка да си ја симнал... Ќе да е точно дека љубовта е слепа. Ама денес среќен ми се виде многу. Си се чудам на мозоков, ама се радувам за тебе. Е ај пишете ми памет...
Уште малце време ти остана,побарајме дури сум достапна за тебе! Почнуваш да ми бледиш,па да се враќаш,почнувам да сваќам па пак има сигнали кои пискаат за тебе. Незнам шо е ова,ама ако некогаш сме пак заедно има да го видиш попот во бело!
Да ти кажам дека кога ме нервираш за ситни работи те сакам уште повеќе. Да ти кажам дека тебе ти е тоа време да ме правиш љубоморна а јас па мутава потклекнувам. Ама ќе ти кажам кога ќе те видамм