Вчера додека седев на вечера со стари пријатели на мајка ми, еден од нив раскажуваше за неговата прва љубов, за онаа која и после 30 години ја чува во срцето и со еден празен поглед и блед тон рече: Ние се сакавме, ама ете не успеавме, не ни било пишано. Не можеш ни да претпоставиш која болка ја почувствував во тој момент. Не замислив нас двајца, можеби некогаш и ние ќе прераскажуваме за нашата голема љубов и уште поголем неуспех. Можиби и ние со истиот блед тон и празен поглед ќе се бараме меѓу толпата луѓе кои секојдневно ќе ги среќаваме. Можеби еден ден ќе му раскажуваш на твојот син дека постоела жена која ти била се во животот и која лесно си ја пуштил да замине. Советувај го, научи го да ја чува неговата љубов и да ја брани од сите, научи го да се бори за неа, кажи му ги твоите грешки и научи го да не ги повтори. Мене, после вчерашната ноќ, во мисли ќе ми останат зборовите: Се сакавме, но не успеавме, не било пишано.. И твојот лик .. П.С. Ланчето сеуште го носам, немам срце да го извадам
Не ми се допаѓа играта што ја играш, воопшто... Ти никогаш нема да се промениш, а на крајот сепак ти си знаеш, голем си. Јас своето го направив одамна, и кренав раце. ******* Ми недостигаш...Ајде, те чекам.
Прави ги нештата ко ќе ти дојде - Ана Бутеска не чекај совршен момент не чекај коцките да се наместат или месечината полна да е налет ако ги бркаме идеалните услови и само пред себе се оправдуваме со ...за малку ќе дојдев за малку ќе те гушнев за малку... ќе те бакнев ќе ти кажев дека те сакам ќе ти се јавев за малку... од тоа “за малку” си патиме ете од тоа љубови пропаѓаат и пријателства згаснуваат од твоето-за малку-пократки за убост останавме сакам бре ко ќе ти дојде да ме побараш па што ако сум на состанок?! и што ако во моментот под туш сум небаре којзнае што ќе се случи! сакам ко ќе ти дојде да ме изгушкаш ко да не сме се виделе два века и баш ми е гајле ако е среде улица или во преполна кафеана или бакни ме, да му се невиди! не чекај сами да сме не чекај! ништо не чекај а особено не совршено време оти тоа само во главите ни е не постои ете така, ако не си знаел го нема! од “за малку” светов на глава ќе ни се урне еден ден да, не се смеј од тоа сме исфрустрирани и тажни уморни и без живот оти времето си оди а со него и ние полека заминуваме и ко ќе видиш еден цел свет зад себе сме оставиле да чека и “за малку” низ раце сме го испуштиле така е тоа, драги мој така те отсакав во тој јаз од моето СЕГА и твоето ЗА МАЛКУ за толку многу малку колку што требаше за да те љубам и твоја да бидам покрај тебе да останам со горчлив вкус во устата те оставам од само два збора и неколку сиромашни букви за да ги џвакаш за ништо за ќеф за малку...за многу, многу малку за онолку малку колку што многу празнина ни остана п.с. ете така те отсакав.................................
Знам дека си женкар, ама интересен ми е колегијалниов флерт! Сепак фала ти на внимание. И што се грижиш дали ќе настинам, и што сто пати ме праша дали ми се јаде, и за убавото кафе. И што ми ја праиш попријатна атмосферата дур си даваме бизнис идеи. Убаво си се осетив. Почнаа да ми се будат фантазии и да ми лета паметот младичу, опрај се. И облакај се пошироко, у транс паѓам коа ти ги гледам оцртаните раменца, машала.
Љубов моја. Денес нема да плачам. Нема да бидам тажна. Нема! Ќе се обидам да бидам ок. Ако за ништо друго, за тебе барем. Се надевам дека ни претстојат убави денови. Тешко е да се поверува, после се, но ќе се убедам самата во тоа. Те сакам најмногу!
It breaks my heart 'cause I know you're the one for me Don't you feel sad there never was a story Obviously it never be, no. You will never know, i will never show.
Ako sakam da te otsakam znaes mnogu e lesno Ke te zamislam kako edno cvejke ke zamislam i kosacka , ke ja zemam i ke kosam na tebe rr rr r se do koren i kje te frlam
Знаеш дека сум инат и кога ќе решам нешто морам да го направам па и се да биде против мене. Ама после тие зборови што ми ги кажа неможам да се борам против тебе.
Толку до тука било нашето. Подобро сега да заврши,додека не е ни почнало. Неможам,се чувствувам напнато секој ден,ти веќе не се ни трудиш,а и те гледам дека ти е сеедно по твоите постапки. Се чувствувам лошо поради тоа што само јас предложувам некои работи и ти пак ме одбиваш,тоа ми кажува дека треба да заминам од тебе. До толку неможеше да најдеш време за мене?Ха, само видов колку си навистина заинтересиран. Само сватив ако останам со тебе не би била среќна,а си ветив дека по втот пат нема така да се чувствувам со некој. Секое добро како што ти и реков!
Знаеш колку пати помислив на тебе овие два дена? Два пати, еднаш онака ми помина низ глава и еднаш во сон се сетив дека кога бев болна, не сакаше да спиеш до мене. Мислев од грижа за мене, да имам доволно простор, а тебе ти беше да не се разболеш. Немам апсолутна никаква желба ни потреба да бидам со тебе, не си ми згрешил ништо, а сепак се чувствувам слободно. Без досадни муабети, без ќутенки, без разочарување, без трпење на твоето задоволување со тоа нашата врска да е само една рамна линија. Едно време посакував да се бореше за мене, сега сум среќна што не ме побара. И немој....
Не можам да се средам, ми недостигаш и денес, и имам потреба да ти кажам дека те сакам, да навистина те сакам, каде си?
Незнаев дека волку тешко ке ми биде. Само на тебе мислам,ми се плаче,ми се вика и многу ме боли,се ме боли. А ти дали ме и помислуваш и знам дека нема ни да ме побараш голем инает си, ама овојпат нема ни јас тебе.
Ми фалиш, сакам да го поминам целиот викенд со тебе, да се гушкаме и да се глупираме .. Сакам да си ми поблиску, да ми се присака да те видам и да ми бидеш тука и кога ке ми е најстресно како периодов да ме гушнеш и да ме смириш и да ми кажеш дека веруваш во мене и дека се ке биде во ред Многу сакам а?