How about a round of applause?standing ovation ?And the award for the best liar goes to you for making me believe that you could be faithful to me.Let's hear your speech out...
Незнам зошто кога ќе помислам на тебе некое чудно чуство ми се јавува.Неможам да опишам,незнам ни дали е пријатно или непријатно чуство некако безвезе...чудно
Остани сам кога веќе така сакаш,но немој да ти текне да ме побараш повторно. Нема да ти се вратам колку и да те сакам. Шкорпии двајцата,огромни инати.Ќе пукнам ама не ти попуштам овој пат. Сакаше сам да бидеш ? Сега си сам, сам и остани .
Ме доведуваш до раб на лудило, јас и ти не можеме да се разбериме никако! редактирано: И понекогаш ми се повраќа од твоето однесување, ама навстина ми се повраќа!!!!!
Дај бе пиши ми макар два-три збора или јави се да ти чујам глас.. http://www.youtube.com/watch?v=wwgucnPN ... C&index=46
Како успеа.. Во рок од две минути се да зафркниш. Така е..И за кретен да бидеш треба дарба. А ти неа ја имаш во изобилство. Добро е што си свесен за тоа. Ми се повраќа од тебе.
Моето претерување не беше без причина.Би ти го кажала ова во лице да ја имав можноста сега.Можеш да речеш дека сум себична,но мојта себичност се состои во тоа што сакам да имам добра иднина,сакам да ми е како подмачкано и сакам мојата иднина да те вклучува и тебе.Но твојата себичност е различна.Ме сакаш премногу и свесна сум за тоа,но гледаш секогаш како ќе ти биде на тебе.Ако одам во друг град не се работи затоа што ќе бидеме разделени,тука затоа што ти ќе бидеш далеку од мене,ти ќе бидеш тој што нема да спие мирно,ти ќе бидеш тој што страда,а каде сум јас во сето тоа.Помислуваш ли дека и мене ќе ми се случува истото.Ќе бидам далеку од дома,далеку од сите и далеку од тебе,ќе почнам нов почеток и ќе ми треба подрашка од некој,а ти си мојата најголема подршка и сакаш да ме оставиш кога најмногу ќе ми требаш.Како да се потпрам на тебе ако те нема?Целата моја енергија и љубов ја вложувам во нашата врска...ти ги искористи шансите кои на никој друг не би ги дала,ти ми го правиш секој ден убав,ради тебе секогаш се враќам кога решам да заминам и ме боли тоа што мислиш дека не си доволно добар за мене и дека кога тогаш ќе те оставам за друг.Ме боли тоа што мислиш дека поради различни гледишта на животот неможеме да функционираме во иднина.Мислиш ли дека се лутам кога зборуваме за тоа затоа што сум лигава или нешто слично, не , се лутам затоа што сум бесна и повредена, а ти никако да го протолкуваш тоа така.Нема да те оставам за друг, нема да најдам некој богат, убав, паметен....зошто нема ни да го барам.Те имам тебе и доволен си ми.Нејќам да ме оставиш, нејќам да бидам без тебе, не сум подготвена за тоа, ако ме принудиш само можам да се помирам дека веќе те нема.Не принудувај ме на тоа.Нејќам никој друг до мене, на никој друг нема да му се враќам секогаш, како што има потреба да ти се вратам тебе кога се караме, никој друг нема да ме прави среќна,весела, заљубена,тажна, бесна во исто време како тебе.Секој љуби на различен начин, а ти тоа го правиш на толку совршен.Реален.Болен.Прекрасен.Затоа и никој друг не ми е потребен.Остани со мене.Можеме ние и преку ова, преминавме толку многу.