Немој не ми отежнувај, донесов одлука и конечна е. Немаме иднина, те молам не ме барај, не ми пишувај, не доаѓај. Те молам остави ме да те заборавам.
"When i first met you, i never realised how much you would end up meaning to me." Ама како велат, очекувај го неочекуваното... Како сме погодени и двајцата со исти карактери, абе комбинација врв, што да речам ...Арно ти реков јас на почетокот, или ќе се исколиме или па ќе биде ептен убаво, ама има од се' по нешто. Дури и кога се контраме и ,,расправаме" за оние глупости за кои еден со друг погрешно се разбираме и никако да се доискажеме и објасниме, едноставно не можам толку многу да се изнервирам или па да држам лутина на тебе толку долго. На почетокот бев ладнокрвна, мислев ништо нема да биде, ни на крај памет не мислев дека ќе продолжи ова. Слатки се и тие мали ,,расправии" , она кога нон-стоп ме зезаш за нешто и ми тераш инает, иако ти делувам како да се лутам, си се смешкам во себе. Сепак ми значиш и колку и да негирав во почетокот, чувствувам нешто кон тебе, иако не помина долго време откако се запознавме и се случи нешто меѓу нас. И малку порано, но сепак среќен роденден лутко, ти посакувам се' најубаво.
Сега после еден месец ти текна да ми го кажеш тоа, дека држиш дистанца и не ја фаќаш работата озбилно бидејќи можно е двајцата да отидеме на различни страни? Океј во ред јасно ми е и на мене дека така не би ја биднало работата,но ова требаше да го кажеш уште на почетокот и двајцата ке бевме на чисто,а тогаш баш нешто друго кажа спротивно од ова. Но,во ред е од сега и јас барем знам како заслужуваш да се однесувам со тебе.
Како те осеќав... Знаев дека ќе се појавиш и ќе ме бараш. Ама не ти треба воопшто ова.. те молам... Таман те заборавив дека постоиш, и си тргнав по добар пат. Ти во тој пат не си, тоа сигурно. Не сакам веќе одамна со тебе...
Ми фали една прегратка од тебе, да ми ја стопли душата и да ме направи најсреќна. И кога само ќе помислам дека сме почеток на неделата Ахх оваа далечина пак успева да ми го уништи расположението Толки многу ми фалиш
Љубов моја. Како што знаеш, брза сум на јазик, остра на зборови. Ама пред тебе не знам што се случува. Се претварам во невидливо, срамежливо, потчинето суштество. Не знам како, но успеваш да ги донесеш на виделина најлошите страни од мене и да ме направиш импулсивна, нестрплива, да пукам од нервоза, да се однесувам како во делириум. Но ми се допаѓа тоа, знаеш. отсекогаш сум била толку чудна, баш како и од првиот ден кога ме запозна. Верувам дека ме паметиш таква, маркантна и малку поразлична од групата. Ретко сум оптимист, но сега за тебе ќе се обидам да сум. Те сакам најмногу!
Ako sega go storam jas toa so tebe, nikogas nema da si prostam, bas nikogas. Begaj, ne mi go remeti umov ziti se.
Листајќи низ нашите спомени, еден ми фали, што дури и кога ми текна на тоа, се замислив дали ти некогаш си бил таков. Како додека лежев покрај тебе, ме галеше по лицето, а јас со затворени очи бегав во некоја друга реалност. Дури после почнаа изговорите дека ти не си романтичен. А мене од романтика само толку ми требаше. Некој така вљубено да ме гледа како да сум му најважното нешто на светот. Одамна не сум ти тоа и исто толку одамна не си ме гледал така...
Како утре ќе се соочам со тебе Ќе бараш од мене да те погледнам во очи и да ти кажам дека е завршено. А нема да можам, ќе се парализирам и најверојатно ќе те гушнам што е мноогу погрешно. Умов и срцево водат војна
Песнава би му ја испеала ...Да те волим мало је речи, ти си мој пар под ѕвездама и ја ништа не би знала о сречи, да те још нисам пронашала....
Од ланското време до денес, а храната на трпезата ја крстивме од тука до Кина. А ако нашите маргини зависат од либералниот ум, ти си само тука...додека јас, јас само што слегов од Зрзе.
Испаничи мило? Од што, од сопствените постапки? Како и да е, убав муабет направивме, душата ми се исполни. Знам дека и тебе ти беше убаво, ти блескаа очите како моите. За тоа ти зборував, гледаш како работите си доаѓаат на свое место кога сме заедно? Дали ќе ме бараш за дружба како што вети или не, оставам на тебе. Едно знам, и никогаш повеќе да не те видам, колку и да мислам дека тоа ќе биде штета, душата ќе ми биде мирна. Си го кажав тоа што требаше да ти биде кажано. Поздрав!