Окца убави... Ги видов во топлиот јули како ме гледаат, и уште не можам да ги заборавам. Ти ја видов душата во нив, и ти мојата, ме познаваш без да ти кажам ни еден збор. Пробав на неколку начини да ти се доближам, и ништо... И дури вчера ти текна дека треба да превземеш нешто во врска со тоа, ејјј се изначекав. Но убаво ми беше, почувтвував дека сакаш да ме држиш близу, но се плашиш. Од кај собра храброст? А како ми избега минатиот месец, почнав да оладувам, но знам дека се срамиш. Душа... Реагирај, запали ме повторно!
Жива сум - јадам, дишам...постојам. А одвнатре - дух кој тешко за скоро да ја види светлината.... Фала
Мало мое убо, шо убо вчера си шетавме за рачиња, и си лежевме под ќебе, абре се стопив I want to be with you
Темaвa,кo психијaтaр ми делувa хaхa. Еве пет денa кaкo не сме се слушнaле.. знaчи нештo мaтиш... ме избегнувaш...ќе искрсне прoблем..a ни се ближи гoдишнинa
Овие два дена имам желба да ти пишам да ти кажам само колку многу ми недостасуваш, да ти кажам колку ме боли што те нема и дека многу си ми потребен за да сум среќна и исполнета... И што ако ти кажам? Тебе те однема без збор, како само тоа да го чекаше, а не го кажа. Не ти фалам бар малку? Не помисли како ми е мене? Навистина ме боли, се ме боли. Ми фалиш ти со твојата позитивна енергија, со твојата убава насмевка, со твојот убав машки глас...копнеам по тебе навистина и искрено! Во ништо не си одговараме и подобро да е вака, ние сме две спротивни личности. Уште колку ке ми биде вака тешко и мачно? Сакам да те заборавам што побргу за да бидам пак среќна.... А, да и во пмс сум и сама седнам и пијам пиво, браво за мене Дај бе искрајте ме, да не потклекнам и да го побарам И јас веќе незнам што пишувам...
Не знам што се уште барам со тебе, и од тебе. Ко лавиринт некој е ова.. Ма бегај, доста ми е, преку глава ми е.
И секако после една недела потклекнав и ти пишав, се надевав потајно дека можеби пак би било како порано, но сега конечно се уверив дека се е завршено! Ти пишав дека ме фалиш одговор немаше никаков, за да се избрукам уште повеќе ти пишав и на фб дека веќе никогаш повеќе нема да те побарам. Ми враќаш со бакнеж ха хаа... кога ти пишав ме зафркаваш, твојот одговор беше па малку! Значи слободно може да ми ја доделите титулата глупача на годината! Овде завршува се, веќе не постоиш за мене...и да, не ти посакувам се најдобро! Последен пост посветен за тебе!
јас кога игнорирам, игнорирам толку јако што мислам во еден момент би требало да се запрашаш дали и уопште постоиш џабе гледаш, и очи да ископаш и пред мене да ги ставиш нема да те погледнам повеќе. ИДИОТ.
Баш ми е криво оти немаме повеќе време за нас. Ми е криво оти сме далеку толку километри. Жал ми е што барем не се слушаме почесто, едвај еднаш во 2-3 дена. Џабе дека си дојдов, не успеавме ни да се видиме, презафатен беше со твојата работа... Што ќе правиме бејб? Кај оди нашата? Ќе успееме ли да се справиме? Ќе ги издржиме ли сите притисоци? Би сакала барем повеќе да можам да те слушам... Ме фаќа паника веќе, став ми е за нас. Сакам да сум блиску до тебе. Те сакам бејб... Ми недостигаш.
Љубов моја. Денес поминав на "нашето" место. Ништо не се менува. Како да не чека. Си ветив дека нема да се растажувам. Се сетив на се убаво што се случуваше баш таму. И се насмевнав, само не знам дали беше од срце. Ми фалиш. Те сакам најмногу!
Абе или влегувај во срцево кај што ти беше порано местото, или не,само не стој пред врата луѓе чекаат...