И знам дека паѓаме за да станеме, и дека секое лошо за добро е, но е знам зошто морав да те преживеам тебе? Зошто милион пати од смртта оживував само кога ќе помислев на тебе? Зошто проклето ти се поклонував пред немилосрдните правила? Зошто дозволував триумфално да ме гледаш, накитен со супериорната рационалност? Зошто до лудило ги обожавав тие очи кои милост немаа? Не, не знам зошто морав да те преживеам тебе... Зошто морав да се навикнам да преживувам наместо да живеам? Зошто не знаев да ти вреснам „одјеби“ додека умирав да ме допреш? Зошто кога ти не ме ценеше, се убедив дека вредност немам? Зошто кога ти не ме допираше, јас да се гребам и да губам крв дозволив? Зошто ти и таквите како тебе дозволив за убавината моја да судат? Зошто кога бев ранлива дозволив, „за срамота“ да бидам? Зошто дозволив да го замрзнам срцето свое, зошто според тебе големите одлуки со срце не се донесуваат? Зошто дозволив нежноста да си ја изгубам борејќи се низ боцките за трошка твое внимание? Зошто дозволив со гола душа пред човек без душа да бидам? Зошто вредноста си ја изгубив гледајќи со твоите очи? Зошто поверував дека јас нечиј терет можам да бидам? Зошто големите соништа ми згаснаа слушајќи те тебе? Не, не знам зошто морав тебе да те преживеам... И денес кога се е како порано... и трагот твој не го барам веќе, ниту душава ми копнее за тебе, ниту погледот твој ми треба близу до мене да е, јас се уште не знам... Не , не знам зошто мораше да се случиш...
Јас навистина незнам зошто само така ми пишеш и толку. Ми праќаш смајли и се исклучуваш, од култура те прашав што правиш, гледам сабајле си ми вратил еве шетам по Србија. Хах, барем и ти од култура да прашаше што правам јас, знам дека не те интересира ама од култура бе. Ајде да речеме дека ми пишуваш само од досада, ама тогаш барем ке направиш 2-3 реда муабет, ама нееее ти само чисто онака како психички да ме пореметиш, веќе не ти успева тоа да си знаеш. Ке те заборавам и еден ден ке се смејам зошто толку сум ти придала значење! Сега толку многу со игнор ти вратив се надевам веќе нема да ми пишеш.
Те обожавам, и самиот го знаеш тоа, не можам да ти бидам долго лута. Но ајде, појави се веќе еднаш, ме излудуваш, овој пат навистина ќе сум ти лута.
Љубов, зошто ми се случуваш баш сега? Сега не е време. Сакав да расчистам со се што ме повредува, да бидам слободна. А се што можам да почувствувам се твоите окови. Стегнати цврсто околу мене. Се плашам дека е доцна да се обидувам и да чувствувам. Сакајќи да си одам, да те избегнам, како се почесто да налетував на тебе. Знам дека со себе не носиш среќа. Го знаев тоа од првиот момент. На крај пак јас ќе бидам таа што ќе плаче. Сакам да те сакам. Има нешто во тебе. нешто што ме смирува. Но сакам и да заборавам. Зашто не знам дали имам сила пак да бидам повредена. Зошто дојдов кога ме повика? Зошто барем еднаш не можам да размислам... да го употребам разумот. Се плашам.
Без конкуренција... Сеуште си ми најдоброто нешто што ми се случило во животот... А тоа што не си свесен за истото е друго дваесет...
Незнам шо сакаш ти од мене стварно не те разбирам.. Викаш дека ме преболе дека повеќе не ме сакаш,а ме бараш да ме видиш,ми пишуваш,сум ти била нешто кое те опушта и си смирен покрај мене.... ТИ СИ РЕТАРДИРАН!
http://gph.is/1VqlKE8 Види бе смотан,види и учи! Знајш како се дружам со мајка ти? Поќе муабет со неа правам како со другарка да ми е бе ќутук... Ама ништо од тебе...дрво разбирало?
Таман помина некој ден се трудев да те заборавам, да бидам зафатена, да не мислам на тебе... ете порака ми пиша, мораше? Не ти вратив ништо, и веќе следниот ден во исто време пак ми пиша. Зошто? Или не ти беше убаво дека си игнориран. Гледаш како било да не те рецка некој што ти значи? Гледаш како е монолог да држиш? Сега знам пак прееемногу ќе ме изнервираш овие денови, ама не ти враќм. Се молам само да се воздржам да не ти пишам нешто. Ама искрено не знам колку ќе издржам пошто не сум навикната никого да игнорирам, во моментот се лутам ама имам меко срце и одма ќе попуштам.... АМА... овој пат решив да бидам поцврста, само Господ нека даде сила.
Ми рече каква сум била женска со каков цврст карактер, одма на нашиот втор состанок, уште ни пола од тоа не си видел Се однесуваш како да ме знаеш долго време. Умот по мене ти се заврти уште од сега, а шо би правела ако се заљубиш ?
Да се разбереме, не ми помагаш вака. Не ми помагаш ни со разменување броеви, ни со допири, си со физичка близина. Напротив. Се во мене почна да гори кога ја почувствував твојата рака врз мојата. Зошто? Знам дека веќе нема каде да бегам. Пропаднав во тебе. Потонав. Да се разбереме... Како од најубав сон си. Тонам во синилото на твоите очи. Не смеам да те сакам. Барем не вака лудо. Зошто баш сега мораше ова да се случи? Сакав да ти кажам да не ме гледаш така... Да си одиш, што побрзо, што подалеку. Но така блиску до тебе, како да почувствував топлина од твоето тело. Вибрација. И знаев дека нема смисла да бегам. И да ти признаам, денеска беше еден од најубавите денови во мојот живот. Се учам да живеам во сегашноста. Што ќе биде утре? Ќе си одиш ли пак? На крајот, зошто тоа би било важно, што ни е загарантирано? Со тебе живеам во сегашноста. Те сакам денес и те чувствувам денес. За утре, којзнае...
Зошто го немам тоа чувство како на почетокот? Зошто? Ќе ми кажеш ли? Зошто повеќе ја немам таа сигурност во тебе и доверба? Не знам зошто сум попустлива? Знам дека ќе ме прашаш "Што има проблем" а јас морам да те лажам и да не ти ја кажам вистината, и на крај повторно на почеток. И не знам зошто не можам да се однесувам толку ладно со тебе и незаинтересирано кога срцето ми лупа кога ќе се појавиш а не се чувствувам исто ко на старт? Да бидам искрена и да ти кажам што ме мачи или да гледам до каде ќе одиме? И лута сум... многу сум ти лута.
Затоа што не треба да ти кажувам како да се облекуваш. Man, damn, you know your thing. I know mine, & together we're a power couple.