Ја чувствуваш ли промената кај мене? Те навикнав на многу внимание и сега ти е чудно, ме нема ? Мислеше дека ке ми пишеш и дека повторно ке терам по старо? Јас навистина се откажав и веќе полека се навикнувам дека веќе никогаш не би била со тебе. Ти не ме заслужуваш го сватив тоа, вака е подобро,со тебе е многу тешко и болно. И навистина незнам и не те сваќам, пишеш нешто што нема смисла и толку... ма не се ни трудам веќе да те разберам,не си ја тупам главата со непотребни работи!
Како успеа толкава љубов и толку убави чувства да ги претвориш во гадење? Колку ужасен треба да си за да го можеш тоа? Многу.
И во екот на овие протести, на немири, не можам а да не ти признам дека на претседателот ценет ме потсетуваш ти... Ти што носеше одлуки кои мораш, ти кој оглуве и ослепе на сите немири од моето срце... Ти што занеме пред сите „графити“ поетски што ти ги истурив тука... Ти што ми расветли дека не си достоен да царуваш со моето срце... Ти што без да ме помилуваш со гола рака, направи да чувствувам дека си ме аболицирал... Си ме аболицирал од вината што ти крадев мигови силум, од теретот да те помнам, од каењето зошто сум те сакала... Си ме аболицирал... и фала ти...!!!
Ако се случи повторно да ми пишеш ке те оставам на seen !!! Навистина ме пореметуваш со секое твое глупаво пишување! Знам дека воопшто не ме ни мислиш, ниту пак се замараш со мене. Само уште да си го пикнам тоа во оваа моја глава, и јас така да постапувам. Преку СЕ ми е од тебе. Ти си глупав идиот, а јас уште поглупава што уште падам на тебе! Исчезни те молам, не ми пишувај !!!
Како тоа одма ме сметаш за блиска ми кажуваш се, проблеми фамилијарни, сето неубаво шо ти се случило. Каде си со кого, шо ќе правиш, дури и слика ми праќаш. И како тоа одма ти недостигам само шо се разделивме ми пишуваш дека ќе ти недостигам
Никогаш подалечен не си ми бил... И не, не мислам на километрите меѓу нас.... Скоро и да ми се одмили и ти и се во врска со тебе... Само еден мал дел во мене не ми дава да пресечам еднаш засекогаш, ме потсеќа на се убаво со тебе... Како трн во здрава нога да си ставив со тебе... Свесно, познавајќи те... И пак, како трн, ме боцкаше - некогаш посилно, некогаш послабо... Но, убаво ми беше и тоа, велев не може нешто што доаѓа од тебе да не е убаво, дури и болката што ми ја предизвикуваше... И пак ми вети нешто, овој пат се надевам дека пак нема да си стоиш на зборот, како и секогаш досега... Не сакам да те видам, дури ни случајно... Зошто се плашам од себе, кога си ти во прашање не можам да си ги предвидам реакциите...
Нека не ми се враќаат чувствата за тебе те молам, не се однесувај така најубаво, знаеш дека на крај пак ќе страдам јас.
Леле. Готово крај. Ме полуде. Не можам и не сакам ова да ти го кажам, ама чувствата ми се толку силни што мислам дека не можам да дишам! Не можам да чекам... бројам часови, минути, секудни до нашата средба! Не знам што ми правиш ама, да , убаво ми е!
Кaкo дa ти пријдaм,нoвa симпaтијo... те знaм јaс си oслaбел, лепoтaн си стaнaл... aјде те aднaв нa фб ти стaвaм лaјкoви a ти мене?
Убаво ми е со тебе некако, интересено. Мил ми си на некој начин, ама како тоа ме сакаш ? Ме збуни скроз
Огладнувањето е подобра варијанта отколку да оладиме. Потоа, треба време, малку по малку да се загрееме. А до тогаш, повторно сме во фаза на чекање... Колку да не сакаме, сепак, чувството на погоденост не погоди. Им ја отвораме врата на испадите и лутината за твојата нетрпеливост и мојата интровертност со потребата од похармонично секојдневие.
Сакам да те видам! Сакам да те видам! Сакам да те видам! Сакам да те видам! Сакам да те видам! Сакам да те видам! Сакам да те видам! Сакам да те видам! Сакам да те видам! Сакам да те видам! Сакам да те видам! Сакам да те видам! Сакам да те видам! Далеку од очи далеку од срце! Сакам да те видам! Сакам да те видам! Сакам да те видам! Аман сакам да те видам!
Ме нервира ова исчекување додека се појавиш... Не знам до кога вака, ајде, ме нервираш страшно, појави се. Моето трпение има граници и нема да толерирам уште многу.