После овој викенд навистина сватив дека назад нема! Треба и да се навикнам дека понекогаш ке бидеме во исто друштво, баш како оваа сабота. Ке глумам ладна и дека се чувствувам одлично, ке се смејам, а тебе нема да те погледнувам. Ќе ја вртам главата на другата страна, а очите упорно ке ги бараат твоите. Искрено се до саботата имав трошка надеж дека ке сакаш повторно да ме видиш, но ти си виновен за тоа, зошто ми пишуваше, зошто не ме остави да те заборавам, мене и толку малку ми фалеше за пак да си се надевам. Зошто ми ги броиш чашките колку алкохол сум испила, зошто покажа љубомора на другар ти, зошто? Ми рече дека сега само на работата си сконцентриран, не ти било до девојки, дека готово веќе нема да се гледаме. Не издржав ги пуштив солзите пред тебе, а ти толку силно ме гушна и ми рече дека не сакаш да ме повредиш... И кој к*урац вчера ми пак пишуваш и ме прашуваш дали си добро облечен за свадбата, дури ме викаш и мацо , те прашав сакаш само на пријателска база да останеме, ми велиш и јас незнам што веќе да ти кажам, дека и ти незнаш што сакаш, но не сакаш воопшто да ме повредш! Епа ме повреди, баш со оваа твое детско однесување! Ке се појавиш, па пак ке игнорираш! Е доста е, доста јас самата себеси се залажувам, доста одам со главата во ѕид, доста се свесно повредувам! Проста е работата, ако некој ти се допаѓа, имаш желба да бидете во контакт, да се гледате, нема што да се комплицира. Нашето е спротивно, и колку само треба да сум наивна и глупава да гледам надеж во нас!? Џабе ми велиш дека уште ти се допаѓам, кога и двајцата знаеме дека веќе не е така! Штом ти незнаеш што сакаш, јас знам дека не сакам таков човек до мене и веќе го направив првиот чекор. Ке ги потиснам овие чувства, тешко ми е многу, но морам да те заборавам!!!
Денес ја слушнав нашата песна после долго време. Ме врати во едни најубави години. Бевме малечки и љубевме за прв пат. Бевме исплашени, ама најсреќни. Песната ми текнува, си ја пеевме бев некоја причина, едноставно убава ни беше. А не бевме свесни дека биографска ќе си ја правиме. Пушти ја, преслушај ја! Мене ми го разубави денот, се надевам дека и врз тебе ќе го има истото дејство. Ах дечишта, да знаевме тогаш дека не така лесно се наоѓа љубов каква што имавме! П.С. Муабетот ќе ти го кажам и во живо за две недели
Знам дека не си тука за да останеш и ме лазат морници од помислата на разделба. Не знам како ќе издржам. Иако ова што го имам со тебе е чисто платонско, иако знам дека најмногу што можеме да имаме е пријателски однос, јас се приврзав за тебе. Еве, нема да лажам. Се вљубив. И не знам дали жалам поради тоа. Од една страна, пеперутките во стомакот ми полудуваат и ме прават да се чувствувам непобедлива. Но реалноста е друга. Ти нема да останеш уште долго. Ти ќе продолжиш, ќе морам и јас. За тебе сум една станица во животот. Дури и тоа е премногу. Се надевам дека барем ќе ме паметиш. И уште еднаш ќе ти повторам колку сум вљубена, Вљубена! Секогаш се плашам од тоа чувство затоа што го доживувам и преживувам многу тешко. Не можам ни во очи да те гледам кога сум со тебе. Мислам дека ќе се издадам. Дека секое делче од моето тело вреска за тебе... да останеш уште малку. Нема да ти ги признаам чувствата. Не смеам. Не можам. Грешката е само во мене. Моментот кога ги почувствував првите знаци требаше да си одам, да бегам од тебе. А јас останав. Ти ја отворив вратата до моето срце и знам дека си длабоко во него. Сега и да сакам, не можам да избегам. Ти ја обожавам насмевката. Смиреноста, сталоженоста, нежноста со која го изговараш секој збор. Твојата ненаметливост. Во тоа е разликата помеѓу тебе и другите. Ти не настојуваш да се истакнеш насекаде но јас само тебе те забележувам сега. Ти си прекрасна личност, комплетна личност. Во тебе е собрана целата добрина на светов. Им завидувам, искрено, на луѓето кои го поминуваат времето со тебе. Те сакам! Но што вреди, кога знам дека ми носиш само солзи.
Не сакам ни да го изустам ни да си го помислам ова ама... Те сакам! Не треба, ама срцето не прашува. И фала ти што ги денешниот ден ми го разубави
Ми недостигаш да! Ми недостига да ми се јавиш по неколку пати во денот ! Ми недостига да ме смееш до солзи ! Ми недостига да ме кажеш Мацо ! Ми недостига твојот долг бакнеж ! Ми недостига начинот на кој ми ја мирисаше косата! Ми недостига начинот на кој ме гушкаше ! Се ова ми недостига, ми недостига таа личност, стариот Ти ! Сега ваков каков што си, воопшто не ми требаш. И подобро што замина од мене, не си одговараме ни физички ни карактерно ! Уште само да те заборавам....
Ми фалиш бе па.Не е фер ова.Ај да живееме заедно,шо има врска.Ах пред 15 мин се разделивме,ќе си пукнам до утре. Можно ли е човек волку зависен да стане од некого? Не,не е и никој никогаш нема никого да сака вака. Затоа што ти си поим за самиот збор љубов. И не е тоа само збор,многу далеку од тоа. Ама ако почнам да пишувам на таа тема,цел роман ќе е во процес. Така што катастрофо моја,ужас мој,ти си ми целта на животот. Живеам за да бидеш среќен.
Ти беше единствениот кој знаеше како да ме направи среќна,беше единствениот што ме правеше среќна,што знаеше да ме насмее,што знаеше да ме ислуша и како пријател,што секогаш гледаше да ми биде убаво,што секогаш ке ме прашаше како си,едниствениот со кој се осекав и бев сигурна девојка,и знам дека до ден денес ке бев,после тебе станав посилна девојка,ти си единствениот што успеа да ме смени,станав ладнокрвна и безчуствителна девојка која више не верува на никој,и да знаеш дека за мене секогаш ке бидеш најдобриот дечко на светот.Никој нема да те замени тебе.Дури и пак би ти се вратила кога би имала само уште една шанса.Но знам дека нема назад и тоа е тоа.Биди ми среќен затоа што ти тоа го заслужуваш.Ти благодарам за убавите моменти и денови поминати со тебе да знаеш секогаш те мислам.
Нема да ти кажам, но се усрамив кога при муабетот на маса те наведоа тебе како пример за работи што ги сакам . Како мало дете I loved it, I do you too.
Промените се добредојдени кога резултираат со успех. Се може да се постигне со зборови. Толку се кратки и едноставни, а имаат таква моќ што во мигот може да премостат ситуации кои долго време биле распослани на погрешно место.
Gledam te tako nadmenog... tako praznog... siromasnog duha… Gledam te u pjevam u sebi…. Gdje mi je pamet bila slijepa kraj zdrava oka dva fali mi sada dobra vila da ona stara postala bih ja Suze mi za tobom vise nikad nece klizit obrazom i kunem ti se Bogom nikad necu spustit pogled pred tobom