Те бива за лажење, нема грешка. Испланирани лаги, со малку емоција, дури и глумец би ти поверувал. Многу паметна игра, многу уверливи зборови а јас будала заслепена од емоции те бркам како мачка глушец. Немам време јас за твоите игри, немам повеќе. Живеј си го животот, јас излегувам од твојот, ова нема да го проголтам.
Вчера и завчера ми пак пиша. Денеска добро е што те нема! До толку ли си без душа, ми пишнеш две реченици и толку, чисто онака како да ми ја пецнеш душата, срцето. Како само да ми кажеш тука сум, мисли ме уште повеќе, не ме заборавај ! А, јас полека полека веќе се навикнувам. Размислувам реално, да ме сакаше до тебе ке го искористеше времето и ке се гледавме. Имаш изговори, а немаш храброст да бидеш искрен со мене. Нема потреба веќе да си го трошам времето на нешто што не вреди ! Едноставно зошто да те мислам по цел ден, кога ти не ме помислуваш ни 1 % . И оди си, навистина оди си од мојот живот. Не ме повредувај веќе. Те молам.
Едвај чекам да те видам пак. Се уште ми е малку чудно ова што го чувствувам, ама еве се убедувам себе полека дека нема ништо лошо во ова. Се заљубив во тебе и нема смисла да одам против себе. Не сакам ништо да прогнозирам, да планирам. Сакам да оставам се да си оди по ред и како што треба да го доживеам секој миг додека сум до тебе. Колку ќе трае, што е тоа важно? Тука и сега, те сакам. Со сите твои несовршености кои ми се толку симпатични. Со тебе губам чувство за време и тоа е знак дека ти го подарувам срцето. А оваа ноќ, знам дека пак ќе те сонувам.
Денес ти беше последен ден да се промениш, сега јас ќе се променам. Ми требаше ова да се случи да сфатам дека ти со мене само трошиш време. Ми беше тешко да отворам очиве, но претчувствував дека нешто криеш. Само, кога и како да си заминам? веднаш или полека?
Се плашам дека во тебе татковството уште не се развило, а кога ќе ти текне што си сторил ќе биде многу доцна.
Мило ми е што имам повеќе обврски, кои, не дека те комплетно исфрлуваат од мислите, туку таа пренергична страст што ќе ме натера да пукнам, ја насочувам кон нив, па на крајот од денот, ги имам завршено сите обврски за цел месец однапред, а вечер во мирна глава повторно влегуваш и те сонувам.
Мил ми се на некој начин. Само да знаеш дека не сум јас таков тип шо летам одма во облаци. Одам јас полека, но сигурно и не се залетувај толку по мене, не ти чини, не сакам да те повредам
И викаш така? Јас слика - ти слика Јас кафе - ти кафе А со тие 500 души што правиме? Душо, очаен е си, се гледа од ведро небо.
Женскиии ми треба помош Сакам да му кажам дека го сакам,ама ми треба помош! Како да му кажам индиректно за да не биде тоа директно а да сфати што сакам да му кажам? Да биде тоа од околу? Ве молам! Некој нека ми пише во ЛП Ве молам извинете за оф топик
Ме збрлавуваш од љубов! Не ни сонував дека пак ќе сакам некој волку лудо, а уште помалку дека тоа ќе бидеш ти со оглед на тоа колку бев дрска и ладна на почетокот. Што ми направи? Те обожавам, сакам се да ми е со тебе!