Сите за загрижени за мене, ми се јавуваат да прашаат како сум, ми пишуваа што да земам ,за побрзо да ми помини грипот, сите освен тебе. Тебе те нема уште, гледај мене ако ме снема после е лошо, нема никогаш да ме има уште еднаш.
Четврти ден како си немаме воопшто пишано, знаеш дека нема никогаш веќе да ти пишам, а и јас знам дека и ти веќе нема да ме побараш. Го имам тоа чувство, ама ако многу подобро е вака, навистина. Не се нервирам, не те очекувам, не се лутам ! Најдобро од се, е дека не се надевам ! Сеуште те мислам, ми доаѓаш и во сон, но сега се е поинаку. Не се залажувам веќе. Ти немаше храброст да бидеш искрен и замина без поздрав... Сеедно ми е веќе ти си минато.
Како одеше цитатот, "го гореше моето срце со жежок пламен и истовремено го ладеше со смрзнати стрели."
Тебе може ти е многу чудно ама... Ти уште синоќа заборави на тоа, а мене и денес ми е во глава. И којзнае до кога ќе ми биде
Незнам како да се однесувам спрема тебе... Чуствувам пеперутки кога на тебе размислувам, како некоја 15 годишна тинејџерка... Би пробале ли да сме заедно? Мене ми е малце страв.... нашето би можело да е сериозно. Работа која многу долго ја посакував, а сега се плашам од нејзиното остварување...... Можеби би било убаво, ќе оставам на времето...
Веќе бројам денови, не недели. Возбуденоста ми е на левел откажувам планови и правам нови, кој ден што ќе правиме и каде ќе шетаме, а ете не знам и што ќе се случи со нас. Не сакам да очекувам и да се надевам на ништо, ама самата помисла дека ќе те видам си го прави своето. Само, чисто да имаш на ум некои работи. Променета сум. Не сум истата девојка која ја остави пред неколку години. Сега веќе се борам за работите што ги сакам, а добро знаеш дека и ти си една од тие работи. Не барам премногу од тебе, само да видам каков си одблизу. И двајцата минавме низ проблеми кои влијаеа врз нашето однесување. Сепак, и ти си променет. Созреавме. Сакам да видам во каква личност си се претворил. Сакам да видиш дека не сум само девојка која останува без здив кога ќе те види, макар било тоа и на монитор. Знам да те љубам безусловно и може во твоите очи тоа ме прави кревка и слаба, ама повеќе сум од тоа. Овој пат ќе стојам цврсто на своето. Или бидува како што треба, или воопшто не бидува. Ете така.
Еден глас ми вели да имам трпение, дека повторно ќе ни се судрат патиштата. Јас и после толку време не можам да замислам дека еден ден ќе завршиме со други луѓе. Срцево ми вели дека за нас постојат уште многу други денови, дека не е се завршено. Скоро две години, а ми фалиш секој ден...
Не ми раскажувај бајки, направи ми го животот бајка, а јас ќе те направам крал, но никогаш нема да бидам твоја покорна слуга која ќе ти ги исполнува сите желби.
Ја заслужуваш сета среќа на светот со тоа срце и таа добрина. Се што несакаш те снаоѓа. И уште си наивен како што беше пред 5 години, јас и ти никогаш не би успеале заедно. Требало да се случи тоа што се случи, за да бидам она што сум денес.Да заминам сама, далеку од сите. И утре и ќе се омажам можеби и ќе имам деца, но доволно ми е да знам дека имам некој да се вратам, да се потпрам. Несакам да гледам како се казнуваш сам себеси со неа. Ти си ми брат, пријател, љубовник иако немало ништо повеќе од гушкање. Ти најдобро ме разбираш. Ти благодарам и што после толку време ме побара, да ми кажеш дека се каеш за испуштената шанса. И вистина било, за нив секогаш жалиме.
И знам дека човек кога е вљубен е инспириран, па од својот сакан уметничко дело прави... дело кое рок на траење нема....кое со текот на времето добива на вредност... Но некој ми рече лошите дела времето ги јаде... затоа чекав... чекав... Си дадов време...време... Зошто и ракетата кога полетува троши повеќе гориво од целата обиколка на Земјата, зошто се бори...бори со гравитациите... А потребата за тебе...навиката да ми требаш беа мојата гравитација, која ме влечеше назад... И си дадов време... со насмевка се измачував себе безмилосно...но си дадов време... Си дадов време за да го почувствувам вкусот на нашите разлики... Си дадов време да гледам дека уживаш додека на жената „што ја сакаш“и се руши сликата за тебе... Си дадов време за да видам дека се што сум сакала, кај тебе го немало... Си дадов време за да крвта ми врие од зголемена страст, додека гледав во твоите безживотни очи... Си дадов време да се луксузирам и сонувам нови соништа, додека ти ме учеше со тоа што го имам задоволна да бидам... Си дадов време да ја запознавам болката која ме накити со убавини, додека ти просечна ме правеше... Си дадов време да седам во тишина, додека ти да разговараш со мене не бараше... Си дадов време да читам и да го хранам мозокот, додека тебе да се нахраниш најбитно ти беше... Си дадов време да поверуваш дека сум се откажала, а јас само животен залет земав... Си дадов време патот на надборите да го сонувам, додека ти патот за да те надраснам го отвораше... Си дадов време да ги заборавам молитвите „запри ме и задржи ме до тебе“, додека ти ликуваше дека си погодил дека еден ден ќе престанам да те сакам... Си дадов време да ги слушам сите твои навреди, за да сфатам дека за да му се восхитуваш на некој, ти не си роден... Си дадов време да слушам како мудруваш, додека со камшикот ме бркаш од себе... Си дадов време да бидам втора, да бидам неважна,да споредувам, за сега да ликувам... Си дадов време да умирам од љубомора, додека сфатив дека никој да те сака повеќе не умее... Си дадов време да крварам и со крената глава да ги носам своите солзи, додека ти подгрбави од разумот... Си дадов време да исплачам зошто крилата ми ги сечеше, ти, што си пиле кое знае само во кафез да живее, пиле на кое крила не му требаат... Си дадов време да се уверам дека сум поинаква, за да се дрзнам да креирам сопствен свет... Си дадов време да ти поверувам дека ти не припаѓаш во него... Си дадов време...за да ја променам перцепцијата за тебе... Си дадов време да сфатам дека друг се радува на мојата коса која полудува од ветерот, и друг ита да ме насмее како луда и друг ме неуморно повторува колку ме посакува... Си дадов време... само време...зошто навиката да ми требаш беа мојата гравитација, која ме влечеше назад...
Едвај чекам петок! Четири дена ќе те гушкам, ќе те изедам како најслатките чоколадни колачиња. Слободно нека врне, ич не ми смета, уште поромантично ќе биде. Треп треп
Ај да седиме на тераса кај мене и да тече песнава. Јас да плачам од што ми е преполна душава од солзи и да ти молчиш. Да ме погалиш по мојот нечист образ.
Си душа го чекам Четврток да ми дојдиш, да бидиш мој, да те гушнам најсилно, да ми ја наполниш душава, да се навалам на твоите гради, да дишам мирно.. Те сакам и многу многу ми недостасуваш