Би ти кажала веднаш лично, само не сакам да те будам. А морам да ги споделам овие чувства што ми ја скокоткат душата. Па еве затоа ова го пишувам со една рака, додека со другата ја држам твојата. Ахх, момент за кој мечтаев времиња. Конечно си до мене, конечно имам шанса да те љубам онака како што треба. Верувај ми дека не можам да ти опишам со зборови колку сум среќна, ама сигурна сум дека ќе приметиш по блесокот на моите очи. До дека не беше тука често знаев да се прашам, љубов си ми или само навика? Одговорот си го добив денес во моментот кога те прегрнав после три години. Човеку па јас те обожавам! Доста те држев за рака, идам да те гушнам
35 денa кaкo не мислaм нa тебе...a ти имaш лице дa ми пишувaш,дa ми де јaвувaш, БРАВO... пa дa си ме гушнaл,и бaкнaл -е тoa никaкo .. би билo убaвo дa имaме дете ти си живa кaтaстрoфa.
Таман ќе речев, се промени кон подобро ти пак мораш да се вратиш по старо. Верувај дека сум на добар пат да го изгубам интересот за тебе. Верувај, ако еднаш го изгубам и ми биде сеедно, нема назад. Ај, чао.
Сношти си поминав многу убаво, јако иако не бевме заедно, не сум таков тип па секаде да одам со дечкото, имам и живот без тебе. Ама морам да признаам дека помислив на тебе, упс зарем ова сум јас
Христос воскресе.На овој убав ден бевме заедно памтам како денес да беше тој ден,ах господ нека ми те чува бидими жив и здрав и среќен
Со некои постапки ме вивнуваш до небо па веќе во наредните 5минути ме треснуваш јако од земја. Ме разочаруваш, не знам што да мислам веќе. Хаос ми направи и во мозок и во живот. Многу ме збуни со тоа прееска, не те препознавам. Или воопшто не сум те ни знаела како што треба, не знам...
Зошто се обидуваш да ме бакнеш,зошто? не знаеш што сакаш, не знаеш да се изјасниш... Зарем не завршивме, ме прогонуваш... Friends with benefits,сакаш -епа нема!!!!! Секој викенд ме гледаш,и ќе продолжиш ти кажав...ќе ме бараш.
NI SUNCE ZEMLJI KAO TI MENIIIIIIIII се зезам, почна да ми здосадуваш. Ф наместо В? Нема љубов за тебе
Си нашол погрешна личност за поигравање со чувствата, има да ме чекаш и чекаш да се појавам, прашање е дали ќе го направам тоа, некогаш мора да научиш.
Толку од убавината ... Помина и овој викенд љубов. Ми докажа уште еднаш дека ме љубиш со цело срце. Со што го заслужив Боже, постојано ти се заблагодарувам. Сега пак во мојот кревт, во мојот дом кај моите родители, ама со срцето кај тебе.
Сонот од вчера не ми излегува од глава. Цел ден се чувствувам лошо и испревртено поради него. Ја сонував нашата разделба. И кога се разбудив, наместо да се радувам што е само сон, се сетив на она што ми следува, разделбата што навистина ни претстои. Таа е тука, зад аголот. Ми ги полни деновите со страв и очите со солзи. Подготвена сум, иако знам како ќе се чувствувам потоа. Можеби нема да плачам но знам дека нема да биде лесно. Се заљубив во тебе и покрај тоа што го знаев исходот. Дали сега треба да ја платам казната за тоа? И можев ли да ги исконтролирам чувствата? Можеби, но само можеби, на денот на разделбата ќе сакам да те прегрнам. Зашто мислам дека нема да имам сила да те пуштам. Не сакам да размислувам дека ова е "вистинската љубов". Чувствата ми се се уште свежи, но се приврзав за тебе. Не сакам да се разделиме. Сега би плачела и би викала на цел глас но знам дека е залудно. Затоа, тој ден само ќе уживам во времето со тебе и ќе го молам да застане. Но и ќе го проколнувам зашто е безмилосно, зашто убавите мигови како за инает да ги скратува а лошите како да траат цела вечност. Ќе се поздравам со тебе, и знам дека колку и да не ми е до смеење, ќе ти се насмевнам. Со надеж дека ќе ја забележиш горчината во моите очи. А многу работи нема да ти кажам, а само ќе ти помислам: Имај убав живот. Не успеав ни да ти се изнагледам ни да ти се изнаслушам. Јас ќе одам по својот пат, иако се што сакам е да сум со тебе и да те држам за рака. Те засакав во погрешно време, а имавме уште многу да си кажеме, уште многу нешта да направиме заедно. Вината не е во тебе ни во мене, туку само во околностите. Никогаш нема во лице да ти кажам дека сум вљубена во тебе, но тоа е причината зошто не можам да те гледам во очи, мислам дека се издавам. Не сакам да се мешам, не сакам ништо да ти расипам, ниту да се обидам. Зашто знам со колку труд е градено сето тоа. Ќе страдам без тебе, ќе ме боли, и секој ден ќе живеам во надеж дека брзо ќе помине. Во едно сум сигурна, никогаш нема да го заборавам твојот мил поглед, очите што сакав да ги гледам секое утро, но тешко го задржував погледот од возбуда. Нема да ја заборавам твојата смиреност, насмевка, твојот глас. Нема да заборавам ни збор од тоа што кажа. Нема да заборавам како ми посакуваше "Добро утро". Нема да заборавам колку се смеевме заедно, како времето ни леташе. Најважното нешто што го научив од тебе е дека човек се вљубува повторно, дури и кога мисли дека нема шанси. Дури и по сите горчливи искуства, јас без способна да се вљубам пак. Ти ми го оживеа срцето, се издигна како феникс од пепелта. Ти си можеби најубавото нешто што ми се случило. Кратко време поминавме заедно, но во мене ќе останеш долго!
Сонце ми беше вечерва на ова дожделиво време. Топло ми ја огреа душата со твоето слатко однесување Имаш чудна смисла за романтики. Среќа твоја што те познавам многу добро и ги препознав комплиментите завиткани во форма на шеги на моја сметка Душа мила, денес ме направи најсреќна девојка. Биди горд на тоа, оддамна некој не успеал да допре така до мене. Спиј ми мирно и збирај сила, утре ќе те гмечам со мнооогу силни прегратки П.С. Не сакам да помислам како ќе ми биде кога повторно ќе заминеш за три недели. Не бре, ти реков не те пуштам назад
Тешко тебе со мене, тешко мене со тебе. Комедија сме бе. Многу ми е мило што секогаш се трудиш да направиш се' да биде како што треба. Мислев дека ти е сеедно, не мислев дека олку зрело ќе се однесуваш и ме изненади, позитивно. Сега ми значиш уште повеќе. Извини ако те налутив, ќе се трудам да не се случи пак истото. Едвај чекам да те видам.