Лепотанче мое ти си злато од човек и ти на мене многу ми недостасуваш душо моја, животе мој,едвај чекам да те изгушкам нее сум стрпливаа..не сум! Како е можно да си толку убаво суштество што постои на светов..како?! Излудев И НЕ ТОА ДЕКА САМО ЈАС НА ТЕБЕ ТИ СУМ СОНЦЕ,И ТИ СИ МОЕТО СОНЦЕ КОЕ МЕ ГРЕЕ љубов моја,слатко мое
Помина многу време. Секојдневно помислувам на тебе. Но денес, денес сакам да знам како си. Со кого си. Што правиш? Сакам само да знам. Сакам да знам дека си добро и дека си среќен.
Полека почнав да се приврзувам за тебе. Ми недостигаш, сакам да те гушнам толку многу. Сношти многу убаво си поминав. Ми требаш покрај мене
Те прашав - беше со некоја? И ме погледна така...не го знам вистинскиот збор. Загрижено. Кога гледаш дека имам мисли кои ме повредуваат, кога ти велам "јас мислев ти веќе не ме сакаш" и само ќе го наведнам погледот, ќе почнам да вртам некое ливче хартија меѓу прстите, ти имаш некој таков поглед, кој само само јас ти го читам. Поглед - будалче, што ти паѓа на памет и потреба да ме заштитиш од таквите мои сомнежи. Некако ти се тресат веѓите, ти се насолзуваат очите и знам сѐ би направил да ме поштедиш од болката која сама си ја причинувам. Не ми текнува колку долго чекав пак да ме погледнеш така, да почнеш да забележуваш кога сум отсутна, кога сум нервозна. Ама не жалам што мораше да ни се случи тоа за да нѐ разбуди. Само што овој пат тргнувам без планови, без сонови, без сериозни муабети. Сепак...ти благодарам што повторно очите твои така ме гледаат, што рацете силно ти гушкаат и што ми овозможи мирни соништа. Повеќе од доволно ми е.
Jas neznam zosto se zenat usvari takvite kako tebe Gospod pa uste I deca vi dava Kako I da e. Podaleku od mene te molam.
Еднаш кога ќе се налутам, назад нема. Толку многу ми е скурчено што не знам како да те сфатам. Терај си ти.
Не сакам да играм по твоите ноти...Сакам јас да бидам диригентот, со тебе тоа не ми оди од рака...не знам дали да бидам среќна или исплашена заради тоа.
Ти кажувам што би сакала да промениш и потенцирам дека се работи за твое добро, а ти место да се лутиш како порано, ми одговараш дека знаеш и уште ме прашуваш дали од утре да почнеш. Ме збуни. Очекував - "доста, не ми збори за тоа" или "јас сум си таков", ама не очекував да сфатиш дека имам добра намера. Ми велиш дека времето ќе покаже до каде сме, не летаме, не се занесуваме, не очекуваме... Не те напнувам повеќе да доаѓаш, не ти го планирам времето само за мене, не ми е потребно целиот живот да ти се врти околу мене. Чудно ми е колку пораснав за само два месеци, не само во однос на тебе, туку прв пат се гордеам со тоа каква личност станав. И веројатно таа моја внатрешна среќа се одразува и на нашиот однос. Само нека потрае...