Сестрa ти и мaјкa ти ме гледaaт a се прaвaт кo дa не ме пoзнaвaaт кo прв пaт дa гледaaт чoвек.. другaрите твoи истo ..oд oпштa културa мoже дa се нaсмевнaт aкo не другo... и aкo сме пaк зaеднo ..штo прaвиме тoгaш? ...ццццц и пoтoa јaс зa штo сум живеелa зa другите штo збoрувaле .. Акo..некa..
Денот кога те пуштив беше еден сосема обичен ден, ден во кој ништо посебно не се случи... Само се разбудив... Се разбудив од еден сон кој не сакав вака да заврши... Се изнаплачив, убаво се изнаплачив... Се дури снемав солзи, се дури не останав без здив... Се погледнав во огледало, знаејќи дека ќе се исплашам од себеси... Тоа што го видов беше се што не сум јас... Ја избришав секоја солза од лицето што ми падна за тебе... Од прва, па до последна... А потоа со последните сили успеав и да се насмеам... Си ветив - сега ќе те оставам... Ама овој пат ќе биде засекогаш... Ќе те оставам таму каде што ти е местото - во минатото... Зошто не заслужи да бидеш моја сегашност и иднина...
И сонцево веќе не си ти... И нечиј лик не си ти... И мирисот во воздухот веќе не си ти... И песна не си ти... И шепот на увото не си ти... И мирис на кафе не си ти... И блескаво смеење не си ти... И нежно милување не си ти... И бакнеж во чело не си ти... И солза веќе не си ти... И читање од очи не си ти... И празнина во градите не си ти... И чекање не си ти... И болка не си ти... И грижа не си ти... И утеха не си ти... И советник не си ти... И ковчег со тајни не си ти... И судбина веќе не си ти... И потреба не си ти... И страст веќе не си ти... И восхит не си ти... И сила не си ти... И мудрост не си ти... И сон веќе не си ти... И инспирација не си ти... И Гидеон не си ти... И Дарко Лешоски не си ти... И Аладин не си ти... И љубов очигледно повеќе не си ти...
Те гледам на вратата од мојата соба..залепена,слика на мојата сакана личност произлезено од мој труд со моја рака...Оформено е твоето тело целиот во кожа облечен,заедно со твојата црна кацига и кожни нараквичиња на твоите рачиња и секако до тебе твојот црвен лепотан 'Црвениот мотор Хонда' те гледам и си велам: Колку само ти прилега..единствен мој,наксакан мој...Едвај чекам да ти го подарам најмил мој
Те сакам како што никогаш, никого не сум сакала. А да, сум сакала и пред тебе, но ова чувство е толку интензивно. Со секој атом, со секоја клетка те посакувам. Деновите без тебе ми се празни, не ми се прави ништо. Гледам во твојата слика како маѓепсана, како опседната. Сфатив колку ми значиш, сфатив дека поранешните се скроз заборавени, сфатив дека ти ми ги излечи старите рани. Но ми отвори нова рана. Жива рана што крвари посилно од кога било. Знам дека не си за мене и дека можам само да копнеам по тебе. Но ова очекување, надевање и броење на деновите додека да те видам пак е толку слатко. Ме опива оваа слатка меланхолија. Ми требаш. Ми требаш премногу. Се однесувам како девојче што се заљубува првпат. По стопати на ден ги читам пораките. Секој звук од телефонот ме вади од кожа иако знам дека нема да бидеш ти. Ти на мене никогаш нема да гледаш така како што гледам јас на тебе. Ние сме две спротивности. Во твојот живот нема место за мене, можеби само како познаничка или добра пријателка, но знам дека повеќе нема да ти значам ни во најлудите соништа. Но кој може да ме спречи да сонувам? Кој може да ме спречи барем оддалеку да ти се радувам?
Сега попуштив, ама следен пат очи ке ти вадам, биди сигурен. Не толерирам лутење, крај. Кога ми требаше не беше тука.Тркалото се врти
Те сакам. И ситуацијава ме иритира. И нема да донесе добро ако не се среди. Мора да има начин. Има начин. Треба да сакаш само...
АКО ЉУБОВ НЕ Е-ШТО ЛИ СЕГА БЛАДАМ Мартин,прекрасен со коса како свила.Никогаш не го запознав толку многу, онака од далечина, го сретнав тој ден на плажа,го видов и се заљубив. Помислив и знаев дека не постои поубав од него на светов. Мислам секој што ќе го видеше ќе се заљубеше бидејќи беше пример за совршенство. Тогаш ги почуствував оние пеперутки во стомакот, неможев да се борам против своите чусвства. Решив својата љубов да ја возвишам и пишувам на хартија. Дење-ноќе творев за него. Својот живот решив да го посветам на тој мистичен лик од тоа лето. Ех,мили мои мислам поблагодарен и посреќен човек од мене немаше,што воопшто некогаш го видов. Помина долго време, го напушти овој свет,е тогаш за мене се случи вистинска трагедија.Се ми беше безсмислено,во ниеден момент не се откажав од него, тој се засолни во моето срце и таму остана засекогаш. И после неговата смрт јас сеуште творев за тоа совршенство. Иако за мене тој остана недостижна и само платонска љубов,сепак знам дека некогаш сум љубела.И тоа толку силно сум љубела што целиот живот му го посветив. Не љубев било кого. Иако никогаш не го запознав тоа совршенство,тој ме плени.Го украде моето срце,го зароби.Станав роб на своите чувства.Се врежа во моето срце и таму остана засекогаш.
Се да ти се врати на твоја глава ова што го правиш...дупло полошо. Некогаш се прашувам дали воопшто си човек? Робот си? Некој намерно те создал за да си тера мајтапи со мене. Значи, не е можно да постои ваков човек...без срце, без чувства, без мозок, без трошка емоција. Што си ти? И зошто баш јас бев таа "среќливка" за да те запознам и да се замарам со тебе? Кое ѓубре си ти, не си свесен.
Не ми е јасно како можам после се што направи се уште да комуницирам со тебе и да те сакам. Ама не ме заслужуваш.