Се препотив, душата и снагата ми се растреперија. Си ги читав старите мислења во оваа тема. Секое ми врати слика во главата, во моментот кога бил напишан постот колку си ми недостасувал. Некое време мислев дека сум станала похрабра, дека се справувам со недостигањето. Ама не било така, во овој момент толку сакам да си до мене, да те гушнам и никогаш повеќе да не бидам разделена од тебе. Ми требаш, многу ми требаш Никогаш нема да се одкажам од тебе и ќе се борам за нас.
Симпатијо моја,ти што ми го растреперуваш срцево... погледни околу,зарем не забележуваш дека само од меене имај лајк на објавите.. ахх...надеж
Сосема случајно.... Ме здогледа со сините очи дека идам. Ме погледна.Те видов и јас. Го сврти погледот... Од кога ли те немам видено? Јас (во себе) :Еј, И. Тука е. Убаво го видов дека ме погледна. Поминувам. Ме погледнуваш директно в очи. Згрмуваат две ладни 'здраво'. Ми затреперува срцето. Ме гледаш. Секундарно се вртиш и му кажуваш на другарот нешто. Си мислам одма за мене. Сигурно му велиш оваа е таа што не успеав да ја легнам. Ми избега. А знаеш зошто? Оти сам ми кажа дека сите женски се твои, дека ќе се жениш на 40 години. Но, и ми ја кажа вистината во очи дека сум добра и паметна. Не треба да се разочарувам. Не можи секој да ме сврти. Од сите другарки јас сум најпаметна. Кога ги погледнав тие плави очи видов нешто И, видов. Друг човек, сосема. Повреден, ранет... Ми велиш :Да не паднам во депресија се менувам, денеска сум Рамо утре сум Џејмс Дин. Ти благодарам за раката. Нема да те разочарам. Ми велиш че се кајш со не спиеше со мене... Не знам, не ми беше сигурен. Јас бара емотивно стабилен човек. За мене допирот значи многу. Енергиите се споија, се сеќавам колку само страст течеше во мене од сочниот бакнеж. Твоето 'будалче' сум јас
Ми се чешлаш ко да сакаш бивши да ми стануваш... свесен си? Абе, види.. ја без тебе не знам. Ама... шта се мора лако је.... ау да бе, ова мора? Или јас и ти измислуваме глупости? Не е едностсвно, тоа знам. Душата си ја извадов..... Дај Господи помогни, не траам уште долго вака...
Не знам што се случува. Ништо не ми е јасно. Се обидувам секој ден да најдам одговори и да сфатам што е проблемот, кои се грешките. Како дозволивме да се одалечиме и да бидеме толку ладни еден кон друг. А, само би сакала да те гушкам. Да те гушкам цела вечер под ведро небо и да ги гледаме ѕвездите. А можеби едноставно сакаме различни работи... А јас, јас не сум спремна се' уште да го прифатам тоа.
Ми досади секоја година, овој период да го правиш истото. Ако јас не бев среќна, нема ни ти. Ќе ти уништам се што градеш, и воопшто нема да жалам за тоа.
Κлише или не- пρвиот впечатоκ е најважен. Тогаш ти κажав оти ми личиш на шизофρениκ. (Можеби не тρебаше, ама сум суρово исκρена- шта чу. ) Беше и ќе останеш неважен. А и со очајничκите пρозиρни, непρомислени и глупави потези од типот: лажен пρофил и мутава манијачκо заκанувчκа поρаκа, манијачење на постови од пρед еден веκ само доκажуваш деκа навистина си шизофρеничен. Ρазбеρи- не си ми важен ни ти ни твојот живот! Ниκогаш не бевте. Игноρиρан си. Ете таκа да си знаеш и да не ме замаρаш повеќе. Бесцелно е. Бдв поздρави ја твојата лажна дρугаρκа што одвои вρеме да пишува ρефеρати во твоја одбρана.(Аууу чеκај, па тоа ти пишуваше. Се зафρκавам ни случајно не те поздρавувам тебе.)
Се решив конечно да те пуштам по твојот замислен пат и иднина. Можеби конечно ќе ти се усреќи со нејзе. Не ти посакувам лошо, ако постои карма, таа ќе ти врати. Не си повеќе дел од мојот живот, не сакам ни да бидеш во иднина. Земај ја за сопруга, време ти е да си го исполниш сонот за да створиш фамилија, и чувај ја. Јас преживеав без тебе, можам и сега. Ова е последното од мене до тебе, се колнам во себе. Збогум.
Те засакав кога најмалку очекував. Планирав ти да ми бидеш само попатна станица, утеха за да ги заборавам старите рани. Но планот не ми се оствари. Старите рани ги заборавив, поминаа, не остана ни белег од нив. Но на оваа станица останувам подолго. Стојам и чекам нешто што можеби нема да се случи. Стојам и гледам како хипнотизирана, во твоите сини очи, мила насмевка, свиленкаста коса. И не знам дали да и се радувам на оваа љубов, или да ја проколнувам. А прво си ветив дека нема да се заљубам вака силно... Ми се допаѓаш, си признав. Но со ноќи, кога останував сосема сама, ти се почесто и почесто ми ги опседнуваше мисливе. Не е можно, си реков, зошто ти? Што гледам и што барам во тебе? Така почна се... и сега не знам како да го запрам. Не знам како да се смирам, како да го смирам срцево и телово кога сум во твоја близина, како да му заповедам на погледов да не те бара? Тажно е зашто знам, ти нема да бидеш со мене. Нема никогаш да ме прегрнеш. Нема да те почувствувам како лежиш до мене. Нема да слушнам "Те сакам" од тебе. Нема. Секое утро се обидувам да ги скријам солзите и темните кругови под очите, додека се шминкам за да ти бидам убава. За секој случај. Не знам дали сакам да покажам слабост пред тебе. Сакам да знаеш што чувствувам, сакам да знаеш каква лудост предизвика во мене, но знам дека не смеам да ти кажам. Ќе изгубам се. Ќе ги изгубам трошките од твоето внимание што сега ми се така потребни. Денешната средба болеше. Не знам зошто. Знам дека не е последна, или барем се надевам. Но гласот ми трепереше. Се плашам. Се плашам да не те изгубам сосема. Се плашам да не немам шанса никогаш да не те погледнам. Се плашам од секој нов ден. Се плашам од себе и од своите постапки. Се плашам да не заминеш без поздрав. Се плашам од ова чувство што ме јаде одвнатре. Оваа љубов ден ме уништува, ден ме оживува. Тешко е да живеам со ваков товар, а да знам дека не можам да го споделам, ни со тебе, ни со некој друг. Само заради тебе. Не сакам ништо да ти расипам, не ни помислувам. Подобро јас да страдам, отколку ти. А јас ќе издржам се. Ова го пишувам иако знам дека нема да стигне до тебе. Би сакала да имам шанса ова да ти го кажам очи во очи, а од тебе барам само разбирање, не барам возвратени чувства, прегратка, допир. Можеби требаше да се освестам на време, пред волку да се заљубам, но сега е касно. Ти го препуштив срцево. И добро ми е. Ако ништо друго, тука си, барем сега за сега. Но не знаеш каков страв влеваш во мене со секое поздравување, на секоја наша привремена разделба. Не оди никаде и остани, не би можела да поднесам да те немам во близина. Ти си ми единствената радост иако ми носиш и болка. Само биди тука, ништо друго не ти барам.
Ме уништи од тебе неможам да почнам од некаде, од тебе неможам да засакам, од тебе неможам да почуствувам друга љубов,а и јас самата неможам и несакам да засакам повторно, затоа што сеуште си тука ти, во моето срце, и не не се каам и никогаш нема да се каам за тебе, затоа што ти беше најубавото нешто што ми се случило до сега во мојот живот,со тебе бев нај среќната девојка, со тебе бев сигурна, со тебе доживеав многу работи, проклето нека е се и ти и денот кога те запознав не успеав и не да те заборавам, пусто срце неке, што ми направи човеку, ме смени скрос не сум истата девојка што бев некогаш, само ти успеа во тоа,да ме смениш, кажи ми како се забораваш, кажи ми не ми отежнувај повеке на душава те молам ах проклето ми фалиш се повеке и повеке се би дала да можам уште еднаш да те допрам, гушнам, бакнам, и да те видам, несакав да заврши сакав да трае вечно. Ми фалиш, да те слушнам што ли правиш, како си, ај знам добар си и среќен чуствувам. Не знаев дека ке дојде до ова не знаев да знаев немаше да те пуштам, ке те гушкав силнооо силноо. Знаеш живеам за денот кога ке те видам уште еднаш па макар и последен пат било. Ти си посебен и ке останеш засекогаш во моето срце.