Се прашувам како може најубавата пеперутка да се претвори во стомаче чвор... како може најубавите морници по телото да станат бескрајно гадење... како ли....?
Кики, ќе бидам храбра . А на земја лежам. Ќе станам, ќе станам и ќе видиш дека пораснав. Ќе те направам горд, горд што ме сакаше. Горд на тоа во каква личност прераснав. Морам! Само така ќе излезам од кашава. Во меѓувреме биди среќен со малата таа 20 годишната. Нека ти блеска таа насмевка со дупчиња. Да бидеш здрав и жив. Само арно да гледаш, нека ми те чува Господ од лошо. Никогаш да не го доживееш јас тоа што го доживеав. Чувај се Кики! П. С. Секоја вечер зборував со тебе, 10 години верував дека ќе бидеме пак заедно. Таа те изневери и ти истроши пари. Те остави. А, јас? Јас само претерував во однесувањето. Јас никогаш не ти побарав пари. Јас секогаш ќе те чувам. Замисли, по 10 години идиш да ми ја кажиш веста шо ме потресе до коска. Тагував со тебе заедно. Има правда Господе. Ти беше, си и ќе бидеш мој учител. Те респектирам додека сум жива
Не постои друг како тебе. Ти си најмилото, најдоброто, најгрижливото суштество кое некогаш сум го запознала. Те сакам најискрено!!! Нонстоп си го враќам филмот како се запознавме и со какви зборови ми пријде. Љубов од соништата си ми, види како се лигавам бе, ми го зема паметот
Јас, според тебе, сум лоша жена. Не водам мирен живот, досадно ми е тоа. Целата сум во хаос и сепак добро се снаоѓам. Не го сакаш тоа, но сепак те импонира. Не можеш ни да ме контролираш, знаеш дека пак ќе истерам по свое како што сум намислила. Те нервира тоа, но истовремено и ти се допаѓа. Според она што те учеле, жената секогаш е љубезна. И јас сум, се додека некој не ја премине границата. Тогаш знам да бидам ептен дрска и остра на јазик, културно да го сместам човекот кај што му е место. Ти и сам многу добро го знаеш тоа, кога ќе претераш не сум фина ни со тебе и ти кажувам се во фаца. Ти оди тоа малку по нерви, но од друга страна сакаш што никој не дозволувам да си игра со мене. Да, јас за тебе сум лоша жена. А пак си со мене и никако не ме оставаш. Дел од тебе ми ги сака бурите, и оние моите и оние што на тебе ти ги предизвикувам. Другиот дел од тебе ги мрази. Не сакаш да ме сакаш и упорно се бориш против тоа додека ти се вришти од што сакаш да сум покрај тебе. И немаш поима колку е слатко да се гледа тоа од страна.
Скопје вистински го сакам единствено пред зајдисонце. Тогаш вистински го чувствувам сиот мир и спокој на овој свет. Ми доаѓа нешто како катарза. Во дел од секундата што следи се фаќам себеси во момент каде што ми фалиш. Мразам патетики, но твојот допир ја има таа моќ што лечи закоравени рани и ги претвора во ситна прашинка што ветрерот ќе ја однесе веднаш. Твојот бакнеж на моето рано. Дел од работите што сме ги преживеале (заедно) не би ги менувала за ништо. Те сакам, А. Чекај ме за недела дена; само ќе те гушнам и ќе го кажам и она што сум го закопала во себе и себично го кријам од светот.
цел еден месец со нетрпение очекував да те сретнам некаде, денес таман те здогледав за секунда ја свртев главата на другата страна, баш рутински
Каков ден! Не знаеш колку ме радуваш. Не знаеш како ми го растреперуваш срцево. Душичке, те обожавам!
Голема е веројатноста да не го видиш тоа што сакам да ти го кажам, па затоа ќе го кажам тука....зошто немам храброст поинаку... Знаеш...ме убиваш на начин на кој секој би посакал да умре... немам престава колку биле пред тебе, знам сигурно дека нема да има никој после тебе. Без оглед на крајот и последиците...двајцата изгубени во времето и просторот...и така... Врска немам што кажав...може нема никогаш да влезеш на овие страни и да го прочиташ ова ама барем го кажав....будалче...
Ме изгуби. Најверојатно и да ти кажам нема да ме разбереш. Не знам зошто вака излезе. Посакувам да се бориш за мене, ама тебе изгледа дека ти е сосема океј. Изгледа дека не сум толку битна како што мислев, како што велеше. Ме разочара. Ти кажав и ти немаше никаков одговор. Ни кога ме гледаш како тивко и бесцелно гледам некаде и збор не проговоруваш за да поправиш бар нешто. Да се бориш. Не се сеќавам кога последен пат ми кажа дека ме сакаш.. Најверојатно пред некоја недела оној пат кога јас ти кажав прва после ужасната расправија. Ама нема повеќе. И онака не сакаш да ме задржиш не знам зошто би ги негувала овие чувства. Боли, ли боли. Боли затоа што беше различен, затоа што бев твојата принцеза. Боли затоа што се заљубив и поверував повторно во љубовта. Боли тоа што повторно ја направив истата грешка и се надевав, и сакав и те љубев... Боли што се отворив и што сакав иднина со тебе. Боли тоа што уште имам некоја трошка надеж дека ќе се поправи се', дека ќе се бориш и нема да ме пуштиш толку лесно. Боли што уште сакам се' со тебе.
За мене ,,дечκо" е мисловна именκа. Цела сρеќа се наоѓа по нешто , па пишувам на темава. Сега да му κажам на новиов: Мисловна е зашто немам веρба во мажишта. Немам ни во тебе. Не си многу ρазличен, само малце си ми сладоκ оти имаме ист глуп хумоρ. И интеρесен си ми κо ќе се мачиш да ми угодиш, а туп κо ќе збоρуваш бебешκи. (Зошто? А толκав маж? ) И сега пρед да заспијам ми теκнува на твоите ρаце (моρе ρачишта) Ауууу Муло застани! Немој да се заљубиш. Е ај баш да видам што ќе се случи.
Ретко давам жанса на некој. По толку време ти дозволив тебе да се доближиш. Немој да направиш да зажалам, иако веќе почнав да мислам така.