Со душа чекам да ти пејам на увце среќен роденден Да чекам да помине полноќ да те изнагушкам и да ти ги посакам најубавите желби од срце. Срцето ми е полно кога те гледам среќен.
Не знам зошто помислив дека овој пат ќе биде поинаку. Сакам да знаеш дека до дека ти ме туркаш од себе, друг се бори за мене. Болно и иронично е мил мој, вниманието кое го сакам од тебе да го добивам од некој друг. Опрај се, среди се. Остај што самиот не знаеш кај тераш, и мене ми правиш хаоси во животот.
Пффф. Зошто не сум ти κажала? Една недела се познаваме... Сеκаκо деκа нема да ги споделувам дневните движења со тебе. Ама ти ,,ме саκаш" (Аха да. Сигуρно. Ти веρувам) Ајде сега јави се ,,за добρа ноќ" - да видиш κаκо ќе ти се стемни од мене. Наеднаш.
Вака како денеска, кога ненадејно ќе ми се појавиш, главата не знам каде ми е. Кој ѓавол ме натера да се заљубам во тебе. Ама убаво ми е, нема да лажам. Си имам причина секое утро да се разбудам со насмевка, и се будам уште пред алармот, и се спремам со задоволство, и ништо не ми е тешко. Те сакам, повеќе од вчера а помалку од утре. Најслатко суштество на светот си ми.
Карти за секоја полноќна претстава и сушени јагоди ќе ти го кажат ли она што не смеам јас, а што еве Дарко на сите им го кажа.....
Размислувам со часови што да ти кажам, како да се поставам денес со тебе ако воопшто се појавиш. Знам дека да, само мојата нестрпливост е во прашање или не? Несигурност и недоверба? Што е ќе ми кажеш ли? Дали сум јас во прашање? Дали си ти? Кој е и што е? Одбивам и избегнувам да прашам, се плашам од одговорот и од тоа што следува. Сакам да те прашам - Што со нас? Да се однесувам поинаку ќе ме прашаш што е а ќе морам да те излажам, иако не го сакам тоа, ако ја кажам вистината се плашам дека ќе ја расипам оваа идила како ќе реагираш и што ќе ми одговориш. До кога ќе се прашувам јас што навистина ти чувствуваш за мене? Ти за мене си мистерија, еден лавиринт, еден вид загатка која се обидувам да ја разрешам, нешто непознато си ми.. Дали да оставам на времето? Дали со време да реагирам? Ајде, ќе те оставам денес, сакам да гледам од страна каков ќе си.
Те сакам! Yes!!!!! Многу те сакам. Како сега одеднаш да продолжам сама , ко ништо да не било? Заедно легнувавме , заедно станувавме , заедно пиевме кафе на пауза , заедно ручавме иако оддалечени со километри , ние не се делевме... И како сега сама? Што да правам понатаму? Се ни беше планирано. Дамјан и Кристина , нели? Дамјан постар ќе ја чува сестричката , а Кристина ќе се грижи за него. А тато и мама ќе идат на работа да заработат за децата... Знаеш дека секој момент очекував прстен? Знаеш дека секој што ќе спомнеше фамилија ти ми беше асоцијација? Знаеш дека други мажи не постојат и секој комплимент од друг ми беше понижување? Сакав да бидам твоја жена. Сакав од тебе да слушам комплименти. Сакав само ти да ме гледаш. За тебе се дотерував исредував. Сакав да бидам твоја гордост. Ти дадов се ,а ти ме остави... Се надевам дека ќе те сака некоја како мене. А на твојата роднина и посакувам се најлошо. Да ја снајде истото што ти ми го направи поради неа.
Се појавуваш и ми црташ насмевка на лицево. Ништо не може да ја тргне од моето лице денес. На почетокот се двоумев дали вреди да ти го подарам срцево, ама сега знам, не се сомневам, ти си најдоброто нешто што ми се случило во животов. Пијана сум од љубов. Те сакам. Те обожавам. Додека те гледам и се заблагодарувам на судбината што те познавам.