Се изморив многу. НЕ можам повеќе. НЕ знам шо е работата, можи и ништо да не е, сеедно веќе. Оди од мене, доста беше. Ми треба мир, не можам повеќе да се нервирам.
Сега сфаќам дека ти си ми бил замор,сега сум слободна,среќна,дури наспана со 5 часа..чудно. крај без причина-никогаш немало да ме бараш да се вратиме-во ред. ми пишуваш-не ти враќам- сакаш заедно пак-тоа било додека си барал причина за крај девојка нова си барал те откачила и сега пак заедно сакаш епа нема срце Сани става крај си има и феминска поддршка и од дома и од пријатели...среќна сум...не осамена само сум сама
Djabe si ubav koga neznaes da me napravis srekna,koga ne si svesen sto imas do sebe,koga ne se trudis da me vidis srekna,neka e kraj,taka e najdobro
Со тебе научив љубов што е. Фала ти што постоиш. Фала ти што секогаш кога посакувам да застанам ми даваш сто и една причина да полетам. Фала ти што си тука до мене и си толку внимателен. Фала и за секоја кавга која не направи посилни од било кога. Фала што секогаш гледаш светлина и веруваш во подобро утре. Верувам и јас мил мој. Покрај тебе верувам. Колку и да е денес лошо покрај тебе ќе биде знам совршено. Добро не мора совршено нека биде убаво. И вистинско. И нека трае додека траеме ние. Љубов си ми
За тебе немам пишано еве веќе месец време...а и што да напишам фала богу најтешкиот период помина. Но, ти скоро секој ден ми пишуваш, не ми дозволуваш да те заборавам, а зоошто? Сватив и дека премногу сум ти ги кревала акциите, но што да се прави за тоа се виновни чувствата! Ми велиш те нема, а јас не гледам причина зошто да те барам, свесно сама да се повредувам? НЕ! Јас се помирив дека со тебе иднина немам, уште долго ке останеш во моето срце за жал.
Ти си ми се' во животот. Човекот со кој ќе остарам. Човекот со кој живеам. Човекот кој ме освои пред толку време на денешен ден. Ми влезе под кожа, се насели во мојава душа и ум и веќе не излезе од таму. Првите години беше тешко. И убаво. И тешко. Не бев научена да верувам никому. Но, ти ме увери дека можам да ти верувам на тебе. Дека никогаш нема да ме оставиш. Дека секогаш ќе ме љубиш и дека и после долги години ќе бидеме заљубени како на почетокот. Откако целосно се препуштив во твои раце, стана нешто без кое се прашувам како сум живеела до тогаш. Стана мој најдобар пријател, роднина, љубовник, критичар, некој кој ме фали и кога не треба само за да ми ја крене самодовербата. И свесна сум дека не можам да живеам без тебе. Ваква длабока љубов каква што чувствувам и толку безусловна и голема љубов каква што ти ми пружаш е реткост. Живеам од таа љубов. Живеам поради тебе. Живеам за тебе и нашата иднина. Среќна 9-годишнина. Една третина од животот сме заедно веќе. Се радувам што до крајот има уште многу моменти кои допрва ќе ги доживееме... Те љубам.
Ете веке е готово се, веке нема да те гледам, ова беше последниот пат, последниот пат да погледнам во тие очи кои некаде длабоко го кријат мојот лик и срцето кое знам дека чука за мене. Но не требаше да биде вака требаше поинаку да заврши се ова, не на овој начин,а заврши уште пред да почне. Да знаеш само дека јас нема никогаш да те заборавам, секогаш ке ми бидеш во мислите и кога ке се спомне твоето име срцето ке ми чука 200 на саат. Но знаеш што,може и некогаш ке се видиме,можеби ке започне она што никогаш не започнало, може и јас и ти ке бидеме едно,ама можеби. Колку и да знам дека ова нема да се случи јас длабоко во себе ке те чувам тебе и надежта. Но незнам ни зошто воопшто не се потруди за нас, зошто само јас да се обвинувам, ти не мрдна ни со малиот прст за нас. Не направи ништо, ама не ми е јасно зошто, зошто кога секој пат кога ке ни се сретнеа погледите ти така ме гледаше,зошто не беше и пред мене фраер како пред другите девојки туку беше како збунето прваче на првиот училишен час, зошто ме правеше љубоморна со други девојки па ме подгледнуваше дали гледам накај вас? А зошто? Незнам навистина, но знам дека ти ке ми бидеш во срцето засекогаш и покрај тоа што можеби ке бидам со друг,а ти , ти дури после ке сфатиш што си изгубил.
И категоријава е некако попразна откако ме замолчи ти... И деновите пократки се откако ме замолчи ти... И времето поспоро поминува откако ме излечи ти... И сонцето толку чиниш не сјае, а во месечината не ни погледнувам откако душата и телото ми ги замолчи ти... И мислев никогаш нема да помине... И мислев никогаш морниците по вратот од твојот допир не ќе исчезнат... И мислев засекогаш ќе се одмарам врз твоите усни... И мислев само за тебе очиве ќе ми се смеат... И мислев сила ќе црпам од лудата страст за тебе... И мислев ќе сум само со тебе слободна и своја... И мислев ме знаеш како азбука... И мислев засекогаш ќе те гледам со поткасани усни... И мислев засекогаш маткава ќе ми се згрчува од мирисот твој... И мислев засекогаш бес срам ќе посегам по тебе јас.. И мислев без да кажам знаеш дека од тебе наситка нема... И мислев само до тебе поубава може да станувам... И мислев никогаш нема да помине...но го замолчи ти... И допирот веќе не е истиот тој... И бакнежот твој не е тајна, не е отров, не е лек... И копнежот отпловил некаде.. И зборовите заминале... И потребата... И болката... И јадот... И тајните не кажани избледиле... И се се променило... без да знам , без да сакам... Се далеку отпловило откако ме замолчи ти... Се отпловило откако не оживувам до тебе јас, откако туѓите нежни бакнежи в чело утеха ми дале...
Ми постираш песни со посвета сега? Од збор до збор е пишана за нас, се согласувам. Ама сепак, помислата дека се повеќе се помируваме со ситуацијата и фактот дека дојде крајот, ми го крши срцето на уште поситни делови. На толкав поминат пат и борба, се разделуваме без збор. Боли, боли до коска. А мислев добро се држам. Што не ти направив unfollow на фб, немаше да ја видам песната и немаше сега душата да ми се кине.
Се даа имаш, за мене да прашуваш! и сите забележаа дека ми годи без тебе...па не знаев не бев свесна дека си ме нервирал
Сакам да ги чујам тие две зборчиња повторно. Тие две зборчиња кажани во најнеочекуваниот и најбламирачкиот момент за мене, кои оттогаш ми ја расцветуваа душава, ми го полнеа срцево со зраци полни топлина и среќа. А сега, сега веќе повеќе од 20 дена не сум ги слушнала. Ми се плаче, ми се рика, ми се корнат коси. Ме боли. Сакам да знам зошто и како. Сакам да знам што, како те натерав да се смениш? Како ми се урна бајката? Дали ќе се врати се' онака како што беше? Или ќе биде само полошо, ќе останеме ладни и со два реда муабет, или ќе бидеме подобро? Сакам да бидеме подобро, очајно сакам. Очајно сакам да верувам во нашата бајка. Дека ќе бидеме посилни и поблиски. Разумов ми вели да не се будалам, но како да престанам да се надевам?!
И сега конечно сфаќам дека во сите нив го барам твојот лик. Ми се плаче, ми се вика коси ми се кубат, Таман пред да заминам ќе се појавиш и ќе ме извадиш од патики као увек, дојди ми сега да те љубам и да искористиме дел од времето кое долго го планиравме, дојди ми да бидиме заедно . Ми се плачи
Апсолутно ништо, некој луѓе не заслужуваат ни да плукне човек на нив зошто јас ге направив нешто што не е во мојот ум. Бесчувствителност неизмерна, остани си.