Почнав да не го сакам летото само поради тебе затоа што секое лето бевме заедно,а сега ова лето не сме повеке заедно,ау идиот ке полудам без тебе ми требаш многу,ми фалиш алооооо.Цркниии
Има една соба, цел живот љубоморно и себично ја држам затворена и не пуштам никого внатре... А пробале да влезат...многу пробале да се протнат внатре, на многу им се видела вратата подотворена и мислеле дека лесно ќе успеат да влезат и останат. Некои успеаја да погледнат на кратко и толку, сите ги враќав назад... Одеднаш се појави ти...и додека мислев дека стоиш надвор, ти неприметно се најде внатре...толку природно, како од секогаш тоа да било твое место... И нема да ти речам да излезеш...не сакам да излезеш.... и...така будалче..
Да се воодушевувам на најубавите зајдисонца, засекогаш. Кафеавите очи од кои извира бес, страст, амбиција, како коњак жестоки, а од кои извира толкава топлина, сигурност, љубов. Е, за тие зајдисонца зборувам. п.с Инаку кој сокот и теглите ќе ми ги отвара?
Те сакам, те мразам или ми е сеедно? Не можам да си објаснам себеси, ме боли, па не ме боли...Откако ја виодв вашата слика, пак се разбуди гневот во мене, и пак помислив на сцени од моите фантазии како те боли и тебе ко мене...Но утре, ќе биде заборавено, како ништо да не се случило, зашто тоа не сум јас, сфатив дека ако не се одмаздам кога сум гневна тоа нема да го направам никогаш. Многумина влегуваат и излегуваат од мојот живот, одмана никој не ме повредил, но зошто тоа мораше да бидиш баш ти? Само сакав да те памтам по убаво, но не ми дозволи....Како ќе се среќаваме отсега натаму, нашата приказна уште не е завршена, зашто и двајцата не си кажавме ни збор....Но јас и онака веќе немам ништо што да ти кажам, ти ме повреди, ти грижи се за тоа, јас повеќе нема. Едно знам, покрај многумината коишто влегуваа во мојот живот, после толку време се почуствував живо, гневно и бесно, сум се заљубила можда, но прекасно сфатив. Кога ќе те видам нема да те избегнувам, ќе те поздравам како ништо да не било, ќе се смеам пред тебе, и нема да направам ништо со намера да те повредам, нема да чуствувам ни бес повеќе, не вреди, сепак ти самиот ќе се повредиш. Го знам тоа...
Се навикнав да бидам повредувана,очекував и од тебе истото да го направиш,фала ти за секоја солза и нервоза ме направи посилна,барем за нареден пат ќе знам да не преќутувам и да не ги затварам очите на секоја неправда. Цркни говедо,среќна сум што не си повеќе во мојот живот.
Те молам не ми ја гаси оваа страст што гори во мене, појави се за да повторно се чувтвувам жива. Врати ми го сјајот во моите очи со твојата рефлексија во нив... Оф, и оваа ноќ си зборувам сама со себе, и оваа ноќ ми спиеш во мислите. Зошто те нема?
ја те мислам и се смеам ко ретардирана сама со себе а ти си спиеш... ако љубов спиј ми знаеш дека те сакам најмногу...само се надевам нема ништо да бидне како минатиот пат кога имавме толку убави моменти
Порано успевав да одам сама напред, не ми беше гајле за ништо и за никого, ама сега со тебе е се поразлично. Со тебе е се поразлично, начинот на однесување, на говорење, и искажување. Можеби си преголем залак за мене, не знам, а не сакам и не можам да се откажам, или треба? Не знам што ти се мота во главата, чудно е се некако исто и ти. Ама ако сакаш да ти се налутам, да се тргнам од тебе, ти успеа, лута сум, и сега не попуштам. Имам и јас граници до кај ќе одам. Овој пат дефинитивно. Ти дадов преголемо значење кое очигледно ти не го цениш. Ај.
Ja odavno nikog ne ljubim i spreman sam sve da izgubim Kad god dosla, dobrodosla mi jer jedno za drugo mi smo stvoreni.........................
И правам рефреш и репит, зголемувам број на гледање. Ќе ти ја пеам, може? Не дека ќе ме разбереш, ама ќе преведам ако треба.
Уште пред некое време видов на телефон кај тебе дека си влагал на форумов...стварно бе што бараш тука? На форумов се фини и пристојни луѓе, извини ама нема место за такви гадови ко тебе тука Додека бевме во ок односи заборавив да те прашам да не си случајно зачленет, ама ај не ми е битно толку. Ако читаш (премногу посакувам да прочиташ и да се сетиш дека сум јас) еве ти кажувам дека планирам да ти се одмаздам. Само во две постапки ќе те уништам. Никогаш, за никој, не сум помислила лошо, ни за одмазда, ни за уништување, ни повредување нечии чувства ама сега се заеба вака што ми направи, леле како се заебааааа не си свесен човече... Рокот е една недела, за една недела ќе има прослава кај тебе (ти си знаеш каква прослава) епа тогаш ќе пукне бомбата Освен во меѓувреме ако не се подобри односот, ма да се сомневам во тоа, пошто се претераа сите граници и од твоја и од моја страна, значи заминато се е у пм, значи нема да се потрудиш, значи ќе пукне бомбата, значи ќе се уништиш...тоа што ќе патиш ќе биде друга (побезболна) работа, во споредба од тоа што ќе бидеш У Н И Ш Т Е Н! Зошто да се нервирам само јас? Како да ти кажам колку се заеба сеа
Се прашувам зошто никогаш не ти беше доволно тоа што ти го пружав. Секогаш бараше повеќе и повеќе од мене. Сега кога веќе не сме заедно, мислам дека причината поради која секогаш бараше толку многу е токму тоа - за тебе не беше доволно да те сакам. За тебе не беше доволно врската да е едноставна, секогаш мораше постојано да си докажуваме колку се сакаме со секакви гестови. За разлика од тебе, јас верувам дека понекогаш е доволна само љубовта, дека доволно само е да се чуе гласот без да се разменат потоа 1000 зборови, дека едно кратко и јасно те сакам треба да значи доволно, а не постојано да се бара некоја потврда за тоа. Ти немаше доверба во мене и беше несигурен, а од таму произлегоа многу наши проблеми. Начинот на кој што раскинавме ме боли премногу, особено делот кај што ме изигра. Мислам цело време на тебе и покрај тоа што знам дека нема веќе да бидеме заедно уште го погледнувам телефонот со надеж дека можеби ќе ми се јавиш или пишеш. Се прашувам дали флертуваш со некоја, дали можеби си веќе со некоја друга... Ми фалиш многу и посакувам сега да бевме заедно (а уште повеќе посакувам да ти биде криво за одлуката), да се гушкаме или држиме за раце, ама лута сум ти и не сакам да се смириме. Работите не мораа да испаднат вака. Требаше повеќе да ми веруваш, требаше повеќе да се опуштиш и најважно од се, требаше да веруваш повеќе во нас.