Никој ме нема разочарано како ти! Никој ме нема скршено волку многу! Никој не ме сакал вака лажно! Никој не шарал со нож низ душата како ти! Никој друг не ми задал волку болка! Одолговлекуваме ама и двајцата знаеме дека разделбата е неизбежна.
Не може да кажеш нешто, да видиш дека ќе се налутам и да речеш дека било шала. Ај ако не уби чоек и речи само се шалев. Ми здосади више од твоето глупаво понашање.
Да можам би направила никогаш да не си замеруваме за мали изустени работи, непромислени, најчесто од моја страна. Толку многу те сакам и кога те слушам по телефон вака растажен а знам дека причината сум јас и тоа за една мала работа душата ми плаче Сега сакам само една прегратка.
Дали некоја моја солза искрено те допира? И не, не е проблемот во тебе. Проблемот сум јас и моето неосетно трудење да угодам околу се' и сите. Не си ти крив за тоа...
Ти си ЃУБРЕ од човек, до каде ќе тераш само, мене веќе ми е сеедно од твоето понашање. Сам си дозволуваш друг да ти го замени местото во моето срце. Колку плачев само на почетокот на нашата врска, кога за ситници ме повредуваше превише, а јас како слепа на сите им велев ГО САКАМ! Не, не ги слушав ни најмалку другите што велеа дека не си човек на место, дека не си за мене, дека сум предобра за тебе, а сега сум разочарана од фактот дека сите тие другите се во право - ТИ сам со твоето понашање ме увери во тоа. Како и секогаш за што и да е јас сум ти крива за СЕ, само нема уште многу ВЕРУВАЈ, премногу ме оддалечи од тебе, премногу ме направи ладна кон тебе - до толку за веќе да не те гледам само тебе...
Тешко ми е ама нема да дозволам ниедна солза да ми се стркала низ лицето, нема затоа што знам дека нема да вреди, затоа што знам дека ти е сеедно.
Без разлика каде сум, што ми се случува. Без разлика дали сум добро или не првата личност на која помислувам си ти. Во срцето си и таму и ќе останеш. Те штитам без оглед на твоите лудости што ги правиш. И да кажеш дека нема да ми се смириш јас верувам дека ќе бидеме заедно еден ден. Те гушкам и нека те штити Господ од лошо. Те чекам на крајот од твоето лудило. Единствена личност која неизмерно те сака и штити. Засекогаш твоја.
Сакам да те видам. Да те гушнам и ништо повеќе да не е важно, само јас и ти. Колку само ми недостигаш, најмногу. Никогаш нема да се навикнам на далечината, никогаш нема да ми биде сеедно. Те сакам со цело срце и среќа си ми, голема среќа од кога влезе во мојот живот.
Секој ден боли помалку, ама боли. И ќе боли завек, може сосем малку, ама ќе боли. Јбг, така требало да биде. Вечен непребол ќе си ми. Не ми е во полза да го знаеш тоа, ама ете го знаеш.
Одамна му ставам крај на крајот! Но тоа тешко ми оди .... Најмногу ме боли тоа што ти самиот ме пушти да одам , се откажа од мене , иако знам дека за неколку месеци/години ке дојдиш пак кај мене , но ке соберам сила и ке бидам рамнодушна ,исто каков што беше ти! Дали знаеш колку ме боли душата што ладнокрвно ми рече ОДИ?? Дали знаеш дека ноки не можам да спијам?? Дали знаеш дека никогаш не би можела да сакам после тебе? Овие прашања ке останат ниту прашани ниту одговорени ... Ти ме избрка од твојот живот , сега јас сум на ред! Но Карма е Кучка!
Srce, aj te molam glasaj za Kekice @Ketchup ^_~ http://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Гласање-Оброк-во-тегла.24946/unread