Не знам дали ќе вреди да напишам нешто за тебе. Еден момент мислам дека ти значам, или ти значев или воопшто ти немам. Во друг момент посакувам да те мразам, ама не можам. Но желбата ќе ти ја исполнам, јас се откажав, ти победи.
Очајно те сакам пак таков каков што те запознав... Ама изгледа ќе си почекам.... Кој е вистинскиот ТИ? Мислам дека знам, само не ми се признава...
Што и да правам каде и да одам пак на тебе се навраќам. Ги лажам другите им давам надеж, а всушност само со тебе сакам да бидам и проклето знам дека тоа никогаш нема да биде, ти не си таков тип. Мислиш незнам зошто сега си толку фин и добар и што на секое вклучуваање ми пишуваш, јас тоа што ти помогнав и ти излегов во пресрет баш во правиот момент е затоа што навистина сакав да ти помогнам и не чувствувај потреба дека сега мора да бидеш мн фин, се ми е јасно и кој си и што си и каков си. Оваа добрина сигурно ке трае уште ден-два ,ама ако нели ја сум навикната на оваа срање што ми се случува со тебе.
Само една прегратка,силна,топла. Само еден бакнеж на рамо. Само тоа сакам. Сакам да ме сакаш. Сакам да не ми даваш лажна надеж. Сакам да бидеш искрен. Сакам да си озбилен. Но тоа не можеш да си ти,за жал.
Чувствителна сум на твојата промена... Знам дека е до мене, но ме боли што не покажуваш дека ти значам. Не мора да те гледам секој ден за да те чувтсвувам, но сакам барем еднаш да видам дали треба да се борам. И да, луда сум по тебе, луда од неизвесност, лута на твојот инает, лута на твојата непотребна лутина!
Знаеш дека со мене така не се игра. Премногу сум добра за тебе. Никогаш нема да излезеш како победник, освен ако јас не решам да замижам и да се преправам дека не гледам и не разбирам. Јас можам да преминам преку се, ама немој да мислиш ни случајно дека заборавам. А твоето „извини“ се повеќе ја губи тежината.
Сонце,љубов,злато,срцка,рибо,бејби,пи*ко... Ми те задевам мило бајѓи ама ТЕЕ САКААМММ најмногу од се на светов дојди да те изнагушкам