Само што отиде, а веќе ми фалиш. Не ме викна да те испратам иначе ќе дојдев и до автобуска ама ајде и преку фб ти посакав среќен пат. Цел месец ќе те нема, пишувај ми, праќај ми слики пошо да знаеш те мислам цело време. Да помине побрзо времево, сакам пак да бидеш тука скоро секој ден како порано. Ајде ќе помине и летово секако...
Не ми е добро. Се обидувам да живеам без тебе. Се колнам дека се обидувам. Не ми е убаво, не се радувам веќе на ништо. Одвреме навреме ги читам твоите пораки и плачам. Ги гледам твоите слики со надеж дека барем тоа ќе ме смири, но не, не можам да се смирам. Ми фалиш. Се навраќам три-четири месеци назад кога ми се разбудија овие чувства. На почетокот се обвинував себе што те засакав. Но како ќе ја доживеев целата таа среќа, тоа треперење, секое утро, секој ден кога беше до мене? Единствено ми е криво што не останав подолго тогаш кога можев. Сега и да сакам, тоа не е можно. Знам дека и да те побарам, нема да бидеш тука за мене. Ми фалиш, како нешто во мене да се распаѓа. Се` ми е безбојно, бледо, без смисла. Сакам само да плачам и да не прозборам со никого. Но надвор животот тече, а јас стојам во место. Се плашам... ќе те видам ли пак, ќе имам ли шанса барем уште ден да поминам со тебе? Се плашам од секој нов ден, немам мир. Никогаш нема да знаеш колку те сакам. Ми фалиш душо
Се знаеме многу краток период,а јас мисалм те знам многу оддамна...дали се вљубувам,а ми е страв да не бидам повредена повторно
Ако ти не сакаш да пишеш дека си океј и да прашаш јас како сум, ич не ми е гајле. Па нема смисла само јас на тебе да мислам и да ти пишувам, да се грижам и да се потресувам. Уживај си.
Во ред е да бидеш збркан и да имаш измешани чувства, но миличок ја одбра погрешната, жалам што тоа ќе го сватиш на потешкиот начин. Јас пред тебе поминав низ тоа, одбив човек кој ме сакаше исто колку јас тебе, замисли која љубов ја обиваш ти. Но еден ден ќе сватиш дека си згрешил и ќе ме побараш но тогаш јас ќе бидам среќна со друг исто како што тој од минатото е сега среќен со друга. Јас не сакав да ја направам истата грешка и со тебе, но овој пат ти ме замени. Сепак сега научив што значи болка, да имаш некој во срцето но не и во прегратките, сега сватив како му било на тој од минатото, научив уште една лекција, но знај ова срце секогаш е отворено за тебе но и за оној од минатото, бидејќи ако сеуште не ми значеше немаше да го спомнувам.
Кога слушам до нас каков хаос има уште толку се радувам што те имам. Целосно сум препуштена на тебе,чувај ме секогаш како и до сега,среќна сум што имам некој кој стои позади мене во секоја ситуација
Зошто секогаш се појавуваш баш кога не сум спремна да те видам ај кажи ми? А одговор нема на ова прашање........Но само едно знам и тоа денеска се уверив пак и после 4 месеци дека сеуште те сакам и ми значиш...и тоа што започнав со една друга личност е погрешно од моја страна.Не требаше да започнам избрзав,уствари не избрзав само сакав да си дадам шанса на себе да започнам една нова врска,со човек што ме сака,и почитува,ама пусто срце не ми дава поради тебе само,и сега што да правам ај кажи ми незнам дали донесов правилна одлука или не.Те молам исчезни несакам да те гледам,само сакам да те заборавам скрос.А знам дека тоа тешко ке ми оди,ах бре ах.
Се' уште се чудам како ти успеа во толку краток временски рок да се зближиш со мене, обично не го дозволувам тоа поради тоа што често се плашам да се зближам премногу со некој за на крај да не се разочарам. Со тебе е поинаку, се чувствувам сигурно, опуштено, смирено. Знаеш ли колку многу ме радува секоја твоја порака кога наутро полузаспана ѕиркам во телефонот, развлекувам насмевка на лицето и веднаш денот ми почнува убаво? Знаеш ли колку сакано се чувствувам покрај тебе? Знаеш ли колку убава насмевка имаш? Не можам да ти се изнагледам. Толку си мил, емотивен, премногу интелигентен, полн со разбирање за се', детинест и смешен кога се шегуваш и ме задеваш, а сериозен и и со зрел пристап кога зборуваме за нешто посериозно. Се' што сакам да поседува еден човек. Чувствувам малку страв и измешани емоции, признавам, ти кажав уште на почеток што и како се случило претходно пред да почне било што меѓу нас и ти благодарам на разбирањето. Совршен си ми, а секој ден се' повеќе се трудиш да ми покажеш дека ти значам, тоа го ценам препрепремногу. Засега ми е преубаво, од срце се надевам дека ќе продолжи да биде така. Сакам да трае оваа среќа долго, се' што барав- си најдов.
Ти верувам и среќна сум, пресреќна ама со многу резерви, не сакам од ладна надеж пак да бидам повредена, не ми е потребно тоа. До тебе сум, ќе се радувам на секој чекор што ќе го чекориме кон нашата цел, но додека не видам и доживеам нема да верувам 100%. Добра ноќ мило! Уште само 4 дена не делат
Сакав да ти пишам, но се предомислив... Се исплашив, не знаев дали сакаш да ти пишам. Не знаев што ќе помислиш... Затоа што не ми покажуваш, не сум сигурна, а сакам да знам дали го чувтвуваш она што мислам дека го чувствуваш?!? Дали се лажам, дали е случајност... секоја телепатија, сите пеперутки, секое претчувство, секој длабок поглед, секој говор на телото, секоја вибрација на душата, секоја песна, секоја слика, секоја мисла и секој сон... Се гушам во сопствениот страв и несигурност. Сакам да можам да ти кажам се. Се што пишувам за тебе, се што будиш во мене. Фантазијата за тебе е единствена реалност за мене.
Ако ти не знаеш да ми го задржиш вниманието, има други што знаат и се трудат мн поише од тебе. Ич да не се секираш. Само коа пак ќе молиш за назад, не знам дали ќе ми бидеш више интересен Пау пау
Не знaм штo е причинaтa дa ми ги испoлнувaш желбите уште првите денa вo врскaвa, нo ти се oднесувaш кaкo дете,имaм мислa декa ќе ме силувaш,ќе мoрaм дa бегaм oд тебе.