Ова мое пусто срце не знае да стави пауза, да успори, да се заштити. Колку и да се трудев да не дозволам да ми влезеш под кожа, да ме направиш ранлива, успеа. Боли што со моиве 21 сакам се' со тебе, а не сме на иста бранова должина. Боли што мојава љубов не ти е доволна. Боли што јас би го дала цел свет за тебе, а знам дека ти не би ризикувал многу за мене. Уште сакаш да проживееш, да се забавуваш и да не се обврзуваш. И се прашувам дали некогаш ќе ти бидам доволна? Дали некогаш ќе можеш да бидеш само мој? И не, не сакам да ти бидам само девојка. Не можам. Не ја разбирам оваа моја потреба да бидам бескрајно сакана од тебе. Како допре толку длабоко до мене да после само неколку месеци толку многу созреав и сфатив се' што сакам. Се' што сонувам да имам. И се' што ми е недостижно. Затоа што очигледно е дека ова нашево не е вечно. Нема да трае долго. Колку и да боли и да ми го кине срцето, знам дека нема да успееме. Ти не си спремен за мене. Ти не си спремен да ме сакаш безусловно и безрезервно. Ти не си спремен да се бориш за мене. Не се плашиш да ме изгубиш, не ти чука силно срцето од самата помисла да ме немаш до себе. Да, посебна сум ти, но се' уште недоволна за да ме гушкаш како да нема утре. И тоа боли. Многу. А имаш простор колку сакаш, те разбирам, не те гушам, ти препуштив тебе да одлучуваш и се обидувам да се прилагодам што е можно подобро, трпелива сум, се трудам се' повеќе и повеќе да не те критикувам, да бидам пофина и помила и да ти ја искажам мојава љубов на најнесебичниот начин, ама изгледа ни тоа не е доволно. Се борам со еден куп демони кои ме збунуваат. Сакам да бидам искрена, да можам еве се' ова што тука го пишувам да ти го кажам, сакам да те љубам на изгрејсонце и на зајдисонце, ама не можам, не смеам. Така уште повеќе ќе те губам. Сакам да те обвивам со бакнежи секое утро додека се' уште не можеш да отвориш очи. Сакам да те гледам како спиеш и да те галам. Сакам да правам планови кои знам дека ќе ги чекаш со нетрпение. Ама сега најмногу од се' сакам да знам како размислуваш. Сакам да знам како се случи да од денот кога слушнав „еден ден ќе го носиш моето презиме“ да дојдеме до степенов каде што не знам кога се шалиш, а кога си сериозен. Кога толку се промени? Како јас повторно да бидам поблиску до тебе? И веќе се раздени, а јас ќе останам со милион прашања во главава. Имам и јас breaking point, и кога ќе дојдам до тој степен ќе баталам се' што сакам и љубовта ќе ја искршам на толку ситни парчиња што колку и да се трудиш нема да можеш да ја сложиш. И ќе ме боли, ќе ме боли многу повеќе од сета болка до тогаш, и нема никогаш да биде исто, нема никогаш да имам некој како тебе, ама ќе уништам се'.
I'll be your dream I'll be your wish I'll be your fantasy I'll be your hope I'll be your love Be everything that you need I'll love you more with every breath
Не знам како ама ке бидеме јас и ти... Те сакам бе! Дојди гушкај ме така како што ти знаеш само, дојди
Кажи ми како да не мислам на тебе? Кажи ми зошто се појавуваш секогаш кога почнувам да оладувам? И тоа, таму каде што најмалку очекувам, како гром од ведро небо... Овој копнеж ме убива, ти ме убиваш, зошто не сум твоја.
На крајот не преостанува ништо друго освен да се мразиме. Не по моја вина, по твоја, зошто кога некој многу влегува во филм и се занесува ништо не му преостанува на другиот освен да му станеш антипатичен и да почне да те презира. До таму стигна и ти, ама знаеш како викаат тенка е линијата меѓу љубовта и омразата. Ти си избра да се премине линијата, а можеше многу поедноставно да биде.
Си ја отворив душата за да ти кажам што сакам од животот, во љубовта и се што ми фали. А ти ми велиш па тоа е истото што го сакам јас. Погрешен одговор злато, за жал јас не верувам веќе во ништо.
Страв ми е. Се плашам за нас. Се плашам дека ќе успее да нѐ раздели Ти си ми највредното нешто во животот. Ти си мојата сила. Ти ме мотивираш. Ти ме бодриш. Поради тебе се будам наутро. Те сакам тебе и без тебе мојот живот не би имал никаква смисла. Тебе не смеам да те изгубам. Ти си моето добро утро и добра ноќ. Ти си мојата насмевка и моите солзи. Ти си човекот покрај кој сакам да остарам..
Паа..ова е последно нешто што го пишувам тука за тебе. Готово е веке те заборавив, ми здосади веке тоа чекање знаејки колку те сакам, доста е. Само ке ти кажам веке во срцево имам друг а се надевам дека кога ке ме видиш на улица со друг срекна како никогаш досега ке ти текне што си изгубил, ке сакаш да бидеш со мене ама тоа ке ти биде залудно. Јас никогаш нема да бидам твоја, јас сосема те избришав.
Хм знаев кон што води ова ама ништо ново сум преживеала и полошо, не ми е првпат кукавички да ме предадат и изиграат! Ново ќе беше за мене да си го оддржеше ветувањето за иднината, како сите нормални да идевме на одмор, да си сеземиме, да си имаме бебе се што сме мечтеале ама не ќе да е интересно ако ангелчето не ќе си ја лупа главата од ѕид за потрошено време, соништа, надеж. А цело време велев ти си мелем на моиве рани, грешка, голема грешка, само чудно како луѓево преку ноќ се менуваат! Кретен! Ко ќе најдиш подобра од мене да ми кажиш!
Колку само сакам да те слушам како се смееш, веднаш се расположувам и јас, секогаш ми пренесуваш позитивна енергија. Колку и да те мачат некои работи, секогаш се трудиш да ме насмееш и расположиш, оваа врска е нешто најубаво што ми се случило периодов, навистина ме правиш среќна. Те ценам премногу, толку си внимателен и нежен према мене. А на почетокот, уште пред да почне било што меѓу нас ни на крај памет не ми падна дека си ваков. Обожавам тип на луѓе кои на прв поглед изгледаат онака како и сите други, потоа некако ќе те заинтригираат, па кога подобро ќе ги запознаеш ќе сфатиш дека зад таа едноставност се крие цел универзум, едноставно те фасцинираат. Еден од нив си ти, мило ми е што од нигде никаде наеднаш ми влета во животов и ми го направи повесел и поубав.
Сакам да те заболи толку силно кога ќе видиш исто како мене кога ме боли кога помислувам на моментот дека ќе ти биде жена
Нема да биде лесно. Ќе биде навистина тешко. Ќе мораме да работиме на ова секој ден, но сакам да го правам тоа затоа што те сакам. Сакам сè од тебе, засекогаш, ти и јас, секој ден.