Песнава... Си ја пуштам вака во ниедно време кога ме совладуваат сопствените мисли, спомените, кога ми фалиш до срж. Како за нас да е пишувана, од прв до последен збор... Ме боли кога и да ја слушам, толку многу што не можам цела да ја дослушам, исклучувам после првиот рефрен...
Едно сфатив... за љубов не се моли никогаш. Џабе е. Залудно е да се трудиш за некој што би се откажал на првата пречка. Не се нуди цел свет, на некој што не знае што е љубов. Џабе беше со мене, тебе не ти треба љубов. Тебе ти треба само внимание, за да си го наполниш своето его. Никогаш не ни помислив дека си се криел под толку добра маска. Знаеш само што? Криво ми е за неа. Криво ми е што не знае ништо за нас, дека си седел на две столчиња. Она е затрескана во тебе, она е во облаци, она се надева. Како јас порано... едно минато свршено време. Велиш нема зошто да дознае за нас. Твое е. Уште од почеток почнуваш со лаги. Не сум знаела дека си толку... неизживеан. Не си свесен моментално колку имам ниско мислење за тебе. А до вчера, буквално до вчера, те мислев за најсовршеното суштество, никогаш не би поверувала дека си способен за такво нешто. Ама ете... додека бев со тебе, буквално секој изминат ден, час, минута, секунда со тебе, ми била најубава, не сум сакала никогаш да заврши. А знам дека нема фајде од живеење во минатото, ама ете, ќе треба некое време и низ тоа да се помине. Не сакам да слушам песни, знам дека моментално во срце ќе ме погоди дури и најавната шпица на вести, но постојано слушам по некоја што ме потсетува на тебе и си летам со паметот. Чисто да се докрајчам, да се истурам од плачење. Читам твои стари пораки, гледам твои слики... и се’ потешко и потешко е. А не треба, знам. Што дури го чувам последното шише вода што го купив, дур шетавме заедно низ Скопје. Е до толку! Чувам се' што ме потсетува на тебе. А не треба. „Може да ми пресудиш за се’, може да ме погодиш, зар не, таму кај што боли највеќе... Пробај ти да гледаш, барем еден ден со очиве, колку трае ноќта без тебе... Пробај да те болам, исто како што ме болиш ти, под кожа да ти бидам, ко што влезена си ми. Пробај да те болам, исто како што ме болиш ти... а ништо не можеш да промениш.“ Цело време ми се вртат во глава некои твои зборови... песните што ми ги имаш посветено. Секогаш кога пробав да ти бидам лута, не успеав, најверојатно поради тоа што желбата да те гушнам и да ти простам, беше посилна од се'. Дури после тоа се каев ненормално, зошто сум ти била лута. Само сакав да сфатиш дека ми значиш и не ми се пушташ толку лесно... Ама очигледно тебе баш и не ти било грижа за тоа. Сакав само да ми дозволиш да те сакам и да ти верувам, ништо повеќе. А не ми дозволи... Можам да се замислам колку патетично и психопатски звучам сега. Порано си велев, никогаш на никој не би му дозволила такво нешто, ниту да се поигра со мене, ама ете... што е најтрагично - не ми е ни криво. Не ми е криво буквално за ништо што сум го чувствувала, кажала или направила со тебе. Нема зошто да ми е криво, за нешто што во моментот ме правело исполнета. Не би се откажала никогаш од тебе, да не излезеше... таков каков што испадна. Би прешла преку се’ за да бидам со тебе, колку и да бев лута, што и да се случеше... ама кога знам дека не е обострано тоа што го осеќам јас, залуден ќе биде трудот. А и веќе кога постои некоја трета личност, за што да се трудам? Кога толку многу ме повреди, ме распарчи на парчиња, јас повторно мислам на тоа како да ти простам? Зошто?! Чурка сум очигледно. All we had is gone now... И кога знам дека и’ пишуваш и се слушаш со неа секое утро, и' посакуваш убаво ден, секоја вечер и' посакуваш убави сништа, во секое слободно време, и дека го знае цел твој изминат ден, и ти нејзиниот... а некогаш тоа бевме ние... Пардон, не некогаш, туку нема ни недела дена? А с продолжил по старо... И не ми е сеедно. Воопшто не ми е сеедно. Ваљда пошто „ти си проблем, што сакам да го имам, ти си дрога, што сакам да ја примам...“ И дефинитивно треба да прекинам со песниве. xD Моментално ми текнува и на песната „Да знаш“ од Весна Писаровиќ... некогаш... се надевам ќе ја слушнеш. Не можам да најдам соодветен збор за тоа колку ми значиш, а нема ни да најдам. А за тоа колку ме разочара... за тоа посебно. Уште од првиот ден ми беше најсовршеното суштество што го имам запознаено. Секоја твоја маана, за мене не е маана. У ствари што тропам... не си ни имал маана. Ќе ми фали твојот сонлив глас наутро. И секогаш, секогаш ќе ми фали, не само наутро. Сигурно да напишам и цел том, па ќе останам недоискажана и тебе тоа ништо нема да ти значи. Wherever you go, whatever you do, I want you to know, that you are on my mind. It’s the hardest thing I ever have to do, to walk away from you, when I wanna hold you… Ова го напишав, со надеж дека еден ден ќе го прочитам и нема да ме боли повеќе... Се надевам тој ден ќе дојде што побрзо...
До ексот: Жими све не очекував дека волку ниско ке паднеш, колку бе лицемерие има у тебе??? Како бе не си заминав тогаш кога требаше, како бе ти дадов шанса, како бе ти поверував дека си различен како бе??? какооооо??? Гнасо една, врати ми го времето!!!!!!! Ми се гадиш! Лицемерен твор, лигав си, тоа си!„ тоа
Kako mozese bas vo ist den dvajcata da ve vidam. I toa so nego bev. Pocnav da treperam, zosto I ti mi se pojavi pred oci, zosto...?!
Би му кажала многу работи што веќе и самиот ги знае.. Би му кажала дека овие ми се најубавите 8 месеци од мојот живот! Му кажувам дека тој ми е силата,причината поради која издржувам да преминам преку се само да сум поблиску до него! Дека го сакам...Со цело мое битие! Дека ќе го сакам и тогаш кога телото ќе ми го красат милион стрии,кога нема да спијам со денови гледајќи го животот што сме го створиле ние двајца. Ќе го сакам и кога ќе биде старо дртало. Ќе го сакам и кога ќе го мразам.. Секогаш..
Те сакам најмногу и затоа не сакам да те притискам со проблеми , а секој ден ми е се потешко. Мора да успееме и да заминеме ....
Zosto se obiduvam da gi svatam i da gi opravdam tvoite postapki koga ti nikogas nemas razbiranje za toa sto jas go baram od tebe. Go povtoruvas greskite. Dosta bese..
вака се гушнавме првиот пат, се сеќаваш? Знам дека се сеќаваш, ко вчера да ми беше, и секое гушкање после тоа ми е поубаво и поубаво. Ти го приметив погледот и очињата плави, насолзени, цел со емоции си. Те љубам, жими се те љубам. Ке се имаме ние двајцата, знам! Имај убав провод у Хр. те чекам тука гласот да ти го чујам и рацете да ти ги почуствувам околу мене. Сфати веќе еднаш дека те сакам, око мое плаво најуубаво си ми
Ме разгалуваш многу,признавам ми годи секое гушкање,секој убав збор се осеќам како на почеток од врската кога не се пуштавме од прегратки Нека трае засекогаш оваа,несакам да се разочарам од тебе и од нас никогаш ,се нека се случува само тоа НЕ ,нема да можам да издржам верувај ! И по незнам кој пат песнава која што секогаш ќе ме потсеќа само на убавини,цел живот ќе ти ја посветувам Верувај, премногу те сакам За тебе се би дала Ме чуваш ко да си ангел мој,ангел мој Те најдов тебе љубов моја Сигурна сум веќе, ти си тој
На зборови никогаш шкрта не сум била... и зборувам... зборувам...со секој... Но тебе одамна ништо не сум ти рекла... прошепотила уште помалку... Зошто шепот немам... Шепот немам за тебе кога пред себе со сведната глава седам... Шепот немам за да си се извинам себе за се... Шепот немам кога во ликот не се гледам... казнувајќи се сама за погрешната љубов... Шепот немам за да се потсетам дека никогаш шминка и накит не ми требале да светам од душата... да пленам со интелектот... Шепот немам да ме потсети како се тоа го дадов без усул, наведнувајќи ја главата... Шепот немам да се потсетам како секогаш сум своја и ничија... убава жена што никој не се пофалил дека ја допрел... да се потсетам за да ја кренам главата свиткана... Шепот немам за да се потсетам колку да љубам знам... колку само за љубов сила имам... Шепот немам за туѓите зборови да си ги повторам, па сама себе пример за сила да си бидам... кога во очи не се гледам, кога грешката не можам да си ја простам... Шепот немам да си речам дека убава сум...дека ликот сјае и покрај грешката тешка...дека од неа поубава сум... Шепот немам да си кажам дека во ова тело гостин не сум, додека го казнувам поради грешниот копнеж со кој денови ме мачело... Шепот немам да си вриснам дека душа чиста имам, која не извалкана гордо сум ја чувала, која грешката орден ја сторила в миг... Шепот немам да вриснам на себе додека се срамам во огледало да се погледнам... се срамам пред оваа амбиција, пред оваа решителност, се срамам пред овие очи што ги измачив за една грешка... Шепот немам за себе за да се убедам дека не си ми се случил никогаш... Изгледа дека шепот имам само за она сонливото „те мразам“... сега, сега кога се срамам во огледало да се погледнам...
Зоштооо? Зошто секогаш кога ми требаш си тука ? Зошто не се искажеш што чуствуваш? Зошто ѓи криеш чуствата? Од што ли се плашиш? Аххх колку прашања......а немам одговор. И постапката од вечерва само уште толку ме тера да те сакам. А смеам лии ?
Ме разочара а тоа ме тера да се тргнам од тебе. Друг ми пишува како сфатил многу погрешил и сакал да ја исправи грешката јас си замислив дека тоа ми го кажуваш ти. Друг сака да искочиме јас повторни си замислив дека си ти. Бивши сака да обновиме врска по исто гомно да идеме јас мислев тоа гомно си ти. И сега?