Ти го видов Like-от на ова.... Иле,I still care.... Секогаш ќе се грижам дали си добро и како се чувствуваш. Сакам само малку да се смириш,таа твојата дивина да се скроти малце оти знам дека длабоко лежи добар човек,знам. Алхохолот те упропастува разбери ! Нема да решиш ништо со тоа,само избегаваш. Се сеќавам кога те видов прв пат пијан,ме погледна со сините очи и ми се насмеа некако заљубено,пијано.Музика трешти ти пијан како и секоја саботна вечер. Јас: Иле,шо прајш? Тој: Еј ( се движи без контрола,очите му засветија) здраво Јас: ( душата не ми даваше да го гледам така пијан,разбафтан низ кафич.Тие плави очи,изгубени) Зошто си толку пијан секоја вечер? (се загрижив) Молк.Се слуша само гласната музика и гужвата околу нас. И само ме погледна уште подлабоко,целиот збунет. Најверојатно го збуни моето трезвено прашање.За миг се вкочани и ме погледна и се насмевна некако поинаку.Замина. Ѕверу,мис ју и се грижам да знаеш. Сакам само да знаеш,а се надевам ќе знаеш еден ден Или можеби многу се грижам......
А, да, и ова - Престани да ги доминираш моиве мисли, бе! Не ме сфаќај погрешно, сакам да си дел од нив, но само јас имам право да диктирам кога и колку... Ќе ја повратам целосната контрола на она што се случува во мојата глава, си ветувам сам тоа!
Cada latido de tu corazon,cada suspiro tuyo me pertenecera(нема да разбере,ама ако треба ќе преведеме )
...со оние сум кои сакаат да бидат со мене и коишто ме сакаат. Но, ете користам прилика и тебе да ти кажам, некој којшто јас го сакам, дека се е минливо и ќе дојдат и моите 5 минути
Би ти кажала дека ми е криво за сѐ... Дека ми е стварно жал дека работите завршија така како што завршија. И да, ти должам огромно извинување. Ќе го искажам, но не знам дали воопшто ќе го прифатиш. Не е ни битно. Сега дури сфаќам низ што сѐ си поминал. Знам, бидејќи сега јас поминувам низ тоа. Те оставив, бидејќи не сакав да поминуваш низ истиот пекол по кој јас одев. Беше малку сурово од мене, не ти дадов шанса да ми помогнеш, но јас сакав тоа да биде битка само за мене. И ми се крши срцето што сега те гледам почесто, а воопшто не разговараме. Би ти кажала дека ми фалат разговорите со тебе до 7 саат сабајле, твојата отвореност, добрина и топлина. Не знам дали сега имаш друга, но внимавај при изборот. Не дозволувај да бидеш искористен поради твојата наивност и добрина, тоа нека останат доблести кои таа би ги почитувала. Но, ниедно нешто нема да биде како нашето, знам. Нашето беше, како што велеше, legen- wait for it- dary . Уживав со тебе, да си знаеш.
И не ги гледам веќе најнежните очи... И не , не те милувам со трепките... И не, нема сјај кога се погледнеме... Страв....страв ме облева кога те гледам.... Страв од се што си...
И после речиси две години, јас пак тебе ли ти "пишувам"? Хах... Ме фаќа некоја носталгија, општо за тоа време, не само за тебе. 17 години, четврта средно, сеуште сметам најубавиот период на еден млад човек.. Да можев да се вратам бар на ден во тоа време. Се прашувам дали тоа што го гаев за тебе беше некој вид илузија, заљубеност, не може да било љубов. И дали тој нереален спомен за тебе сеуште ме држи... Не можам веќе да ти се сетам на ликот, бојата и интонацијата на гласот, што сме зборувале, како сум се чувствувала кога бев со тебе. Ме боли тоа на некој начин. Си велев, како можам да заборавам се' за првата "љубов" а сеуште да ме допира! Те видов во декември, и знам дека беше изменет од она кога бев со тебе, но веќе не се сеќавам и на твојот нов лик.. Знам дека ги извади каналите, ја смени фризурата, можеби порасна, можеби и уште повеќе пропадна..? Ме плаши помислата дека никој после тебе не ме повреди, насмеа или доближи на начинот на кој што тоа го направи ти. Се фаќам дека секогаш кога ќе завршам нешто со некој, јас си го враќам филмот за тебе, ја споредувам болката со таа болка, си велам никогаш нема да биде поголема... Од една страна тоа е добро, но од друга, јас две години немам доживеано ништо вистинско.. И тажно е. Полека, гледам дека ни она нашето изгледа не било вистина, туку некое мое убедување дека сепак таа наша "љубов" постоела. Сакам засекогаш да те снема од мисливе, или ако не врати се.. Не, не, не...
Ти го будиш најубавото во мене. Сакам да допрам до тебе преку сите стихови, преку секое парче уметност, сакам да те допрам затоа што ти си уметност, ти си муза, ти си инспирација. Сакам свет во кој ќе ја слушам мелодијата на твојата воздишка, во кој огледало ќе ми биде сјајот на твоите очи... Сакам да водам љубов со твоето тело и со душата твоја... Дозволи ми јас да бидам светлата страна на месечината и единствената звезда на небото, да бидам првиот сочев зрак кој ќе те буди. Ајде да избегаме!
Враќај се побрзо маме ти јебем, ми фалиш во 6 наутро да ми го масираш голото грбче и да ми дишиш во врат.
На моменти колку многу те мразам не си свесен душата ми ја изеде душата. Немам веќе сили со тебе, ама неможам и без тебе...
Зарем можеше да го завршиш ова нашево? Зарем можеше да си заминеш без ни малку да те гризе совеста? Кажи ми како да не мислам на тебе,како да не те гледам на места каде што бевме секогаш заедно,како едно? Како можам да бидам цело кога зема дел од мене и го однесе во бестрага,заедно со твоето его? Како можам да те избришам како никогаш да не си постоел во мојот живот? Во животот имаме само молив без гума,можеме да пишуваме но никогаш да бришеме.Така е и со тебе,те запишав во моето срце сега не знам како да те избришам.Пробав да го скинам тој ден,да го оделам од мене,но боли.Боли секоја помисла да сме едно големо ништо,а порано бевме СЕ.Боли тоа што кога ке се поврзеш со некого емотивно,тешко дека ке можеш да продолжиш понатаму,возможно е но не и лесно.Зарем достигнувањето во животот ти е некоја емотивна девојка да се затреска во тебе па да ја оставиш? Зарем тоа е твојата цел? Кога влегуваш во нечив живот, тоа не е исто како да влегуваш во продавница,си земаш што тие потребно и излегуваш,таму барем плакаш.Овде идиоту ти ништо не плати а зема се.Проклет да е денот кога те запишав со моливот без гума на моето срце.........
Љубоов се разделивме пред 20 минути а ти почна да ми фалиш.. Кој ке чека утре за да те видам повторно ти си моја среќа знаеш? Те сакам повеќе од се.