Baby, фала што ме изненади. Само тебе требаше да те видам за да оживејам повторно. И како и обично си ги читаме мислите, знаеш нели? Black mmm.
Овие неколку дена без тебе ми се сторија како вечност, толку многу работи се случија овој викенд, а баш сакав да беше до мене, да ми пружеше поддршка. Се надевам дека утре порано ќе си дојдеш, да те видам, да те гушнам силно, да те бакнам Ти си мое знаеш си.
Ги броев деновите додека дојдиш, го замислував секој наш момент..И дојдеа, но стана само полошо..Во мојот живот влезе така случајно, на истиот начин и ќе си одиш. Знам дека мислиш дека сум многу чуствителна и емотивна, знам дека мислиш дека сум наивна, знам дека мислиш дека што и да направиш јас ќе ти простам. Но не мило сега ти се лажеш, ќе се заебаш во мојот мил и наивен поглед.... Не ти ги сватив поентите до денеска, што сакаше од мене, но повеќе не е важно зашто токму овој миг ставам крај. Ставам крај длабоко во моето срце, мојата потсвест, нема да играм игри, нема да се одмаздувам, нема ништо да направам, само ќе исчезнам, како никогаш да не сум постоела. Тешко е да ставиш крај поради неразјаснети работи, работи кои не можеш да си ги објасниш самиот себе, работи кои со денови се преиспитував да не згрешам, твојата крајна несериозност и себичност. Готово е веќе, јас сакам да сум среќна и знам дека треба да се помачиме за да добиеме нешто убаво, но јас доволно се измачив и не добивам ништо. Ова е доволно, не сме еден за друг...Можеби еден ден ќе ме бараш, можеби ќе се сретнеме некогаш и некаде случајно но тогаш ќе биде прекасно, не знаеш дека ги живеам последните денови во нашиот град, повеќе и да сакаш веќе нема да ме видиш...
Иста приказна и денес? Ок. Само немој да се чудиш кога ќе се чуеме да бидам лута, нервозна и по којзнае кој пат истото да ти го кажувам. Не сфаќам како повторно и повторно ги занемаруваш сите работи кои ти кажувам дека ми значат.
Да, да миличок повеќе не те чекам да ми се вратиш а знам дека ќе ме побараш повторно ама нема да ме најдеш. Збогум!
И после толку време би сакала да можев да ти кажам милион убави зборови... И после толку време би сакала се уште да копнеев по твојата кожа... И после толку време би сакала пак да ме преплавуваа рој пеперутки штом те помислам... И после толку време би сакала дланките да ми се тресат кога ќе ги подадам кон тебе... И после толку време би сакала од страст кожата по рбетот да ми се ежи како луда... И после толку време би сакала со истиот блесок да те гледам... И после толку време би сакала лудо да ми недостигаше.... И после толку време би сакала пак да ми навраќаше во соништата... И после толку време би сакала да беше најголемата причина за утре... И после толку време би сакала да беше мотив за лет, мотив за почнување од нула, како некогаш.... Но не... после толку време не е така.... После толку време црнило соништтата ми ги свило... и одамна не навраќаш таму ти... После толку време погледот се по тап ми станал и не те бара наоколу, не те очекува никаде... После толку време живот на монах, во кој никој не дадов да ме има, јас мирот го најдов... После толку време ни нежност, ни копнеж, ни љубов не се она што ми дава сила... После толку време само омразата може да ме натера да се насмевнам... После толку време само дланките стегнати од бес ме потсетуваат дека некогаш сум ги подавала кон тебе... После толку време страста во утробава нилски коњи ја газат... од стравот од тебе...од болката... После толку време само стравот , стравот останал за тебе, сфатив јас.... А сакав... сакав да можам да речам „ те сакам“ после толку време........
Те сакам. Не си свесен колку многу сакав и уште сакам да сум таму со тебе. Но, ако причината поради која не сум е лага не знам како ќе ти простам. Уште оттогаш имам немир во срцево и непријатно чувство. Не ти чепкав низ приватноста затоа што одлучив дека сакам да ти верувам. Ама веќе не сум сигурна. Можеби не беше намерно, и знам дека не е твоја вина, но да беше искрен немаше ништо да замерам.
Ти ја напишав најубавата порака на светот, straight from my heart... Секој ден собирам храброст да ти ја испратам, секој ден не можам... Не дека гордоста не ми дозволува, но како да ми бега храброста кога си ти во прашање...
Тешко е кога пред некого си ја отворила душата, си ги кажала своите соништа и идни планови за тој НЕКОЈ да ти сврти грб преку вечер...Те мислам, само да знаеш. Oнака рандом ќе ми прелеташ низ мисли. Немој да мислиш дека ако не те барам и не пишувам сум те заборавила, не си било кој. People change. Memories don`t.
Многу ми е жал за секој пат кога се муртев без причина и бев негативна и несигурна. Ама сега се ќе биде добро срце. Добро Е. И многу ми е слатко кога ме викаш срце. Лигаво е некако, ама слатко ми е јбг. И најбезбедно на свет се осеќам, срцето ми се топли кога ме гушкаш. Мнооогу ми се свиѓа што си така ладен по карактер, а со мене се разнежнуваш. Те сакам!
Љубов за која мислев дека вреди да се борам за неа по секоја цена. И да ќе вредеше доколку тој беше човекот кој го знаев. Ме напушти, а зошто ЗОШТО ? Зарем поверува дека јас би го направила тоа ??? Твојата малечка, твојот живот, твојата среќа како што ме нарекуваше ? Ти добро знаеш дека се борев како никој за нас и дека ќе направев се зошто јас не ги оставам луѓето на пола пат. И после се што ми стори не си отидов а зошто ли, за на крај јас да бидам виновна ...