Знаеш што сакам? Ти, јас и некоја зелена ливада. Цел ден да се легачиме и да танцуваме... Рандом песни... Мхм, може. Да видам што те весели најмногу, плус да видам какви денс мувс имаш. Не дека не претпоставувам, ама друго е во живо. Еееее можам да те однесам на моено омилено место в село. Таман е: зеленило плус поглед кон езеро. Абе мераци... Каков сарпрајз ќе имаш во сабота ни сам не знаеш.
Го молам Бога утрешниот ден да биде добар, да испадне се како што треба..Мислам дека тогаш ќе се преродам одново,ќе знам од каде да започнам, сега си ги сватив грешките и ќе се трудам да не ги повторувам во иднина..
Ми недостига секој дел од твоето тело...ми недостигат твоите раце на мене. Твојот поглед кој ме лекува. Ми недостигашшш....проклето ми недостигаш.
Мило мое знаеш дека не би напуштила ваква љубов никогаш,каков и да си и со што да се занимаваш и во што да си вмешан ти пак си мојот најсакан.Во моите очи си човекот кој доволно ми докажал дека ме сака,од ова повеќе ништо не ми треба.Секогаш попушташ и сам се нарекуваш клошар(без причина) само за мене да ме направиш над тебе принцеза.И многу ми е мило што си секогаш на моја страна и знам дека би убил за мене.За другите околу тебе си премногу горделив и строг,а со мене не си,си ја погазуваш гордоста и се покоруваш пред мене и си ја признаваш вината,ми веруваш,искрен си,добар си со мене,секогаш знаеш да се извиниш и да не е некоја голема грешка,никогаш немам осетено навреда од твоја страна,културен си,никогаш немам слушнато погрден збор да излезе од устата твоја,знаеш да цениш.И да! Ти си мојот херој за кој можам да сметам дека не сум сама и во каква било невоља!Не си свесен колку ме усреќуваш ама и не си свесен колку јас го ценам тоа и се радувам.Ме грееш со твоите љубвни и топли зборчиња љубовче мое,единствено мое.Биди секогаш достапен за мене како и досега а јас нема никогаш да престанам да те сакам,те сакам многу силно
Не ми се верува, е не ми се верува, дека од сабајле ваков шок ми приреди со тоа што те видов,после 5 месеци, дури после 5 месеци, ах истиот си оној што јас го знаев нема никаква промена на тебе, освен што си ми малце поправен,ама и таков си убав. Срцето исто чукаше, рацете исто ми се тресеа, што ли е ова се прашувам. Само едно знам дека сеуште ми значиш, и дека сеуште те сакам и имам преголема желба да те видам, да те гушнам. Фала што самиот се појави, бар те видов ако не ништо друго. И тоа мие доволно е ваква сум денес на работа и среќнааааа.
Знам, сакаш да си недостапен и ладен спрема други ама спрема мене не ти иде некако а? Гледам, ти се познава по погледот, допирот, гушкањето, муабетот. Ах тие очи твои, поглед твој длабок у кој се губам. Нежен си со мене, имам чуство како да ти е страв да бидеш погруб да не ме скршиш. Те приметувам онака кога ке го свртам погледот од тебе како ме посматраш, а срамежлив си кога ке ти го фатам погледот. Мил си ми, многу си ми. Створен си да се гушкаме, да бидам твоја и да бидеш мој. Тие нежни и “случајни“ допири твои ме греат и ме полнат со позитива. Здравје, ако имам за фалење нареден четврток ке ти пројдам да те почастам и изгушкам, најсилно ама Не знам какво искуство имаш зад себе ама со мене си таков нежен, срамежлив, тивок. Барам од тебе шанса онаква убава за да се зближиме уште повише, ми треба тоа. Те сакам.
Како и да е ќе се вратиш знам,сите бивши ми се враќаат на крај кога ќе видат која будала смешна загубиле,.
Те молам продолжи да бидеш неуморен и бескрајно креативен додека ме потсетуваш кој е патот по кој треба да одам.... Те молам не престаувај секој ден да ме потсетуваш колку те мразам, гориво животно ми е тоа сознание....
Знаеш ли зошто избегнувам да одам на места каде што знам дека ќе те видам? Затоа што мил мој, веќе не можам да ги поднесам тие твои погледи вперени кон мене додека таа е до тебе. Не можам да го поднесам тоа што ти не можеш да ја фатиш за рака или да ја гушнеш неа бидејќи не можеш да го тргнеш погледот од мене. Не можам да ја поднесам таа твоја лажна насмевка и заљубеност која ја делиш со неа. Не знам што ти е фората ама во име на бога одлучи се веќе еднаш, ме сакаш мене или неа, помеѓу нема. Туку јас едно ќе те прашам: Кога твоето срце прескокнува отчукување, кога ќе ја видиш неа или мене? Биди искрен, не се лутам јас.
Што е тоа, која е таа сила што ме тера се да правам за тебе? Дури и да се уништам себе си, ако треба? Да се погазам? Да се замислам и функционирам онаму каде нигаш не сум претпоставувала дека ќе се најдам? Да го трпам и тоа што.. ма не сакам ни да спомнам! Што е? Љубов ли е? Лудост ли е? Наивност? Глупавост..??? Успеваш со една насмевка да ме купиш.. цела... до гола кожа... се што имам да ти дадам... Колку сум само.... ......
Знам дека ти си тоа што го барам толку време. Но, ме нервира што те нема. Ме нервира што изчезна од мапата, од социјалните мрежи и што те гледам еднаш месечно. Се што правам, секаде каде што одам, има една причина...Да те видам, да дојдам до тебе, да допрам до тебе. Можеби никогаш нема да ти кажам. Не зошто не сакам, туку не можам и не смејам, слаба сум, и комплицирана...Но сепак се обидувам да сфатиш меѓу редови. Не знам дали е благослов или проклетство кога те видов за првпат, но знам дека ме маѓепса. Ти ја видов душата во твоите очи. Се видов себеси во нив. Ти си ми и лек и болка.
Се сеќаваш како дојде во мојот живот, кога најмалку очекував. Ми го разубави, ме направи да се чувствувам среќно, а знаеше дека само тоа ми требаше тогаш, да бидам среќна. Штета што се сретнавме во погрешно време, толку млади, полни со живот, ти несозреан, јас како и секогаш со преголеми очекувања од тебе. Многу барав ? Не. Многу добив ? Само моментално чувство на среќа и спокојство. Ти благодарам за тоа. Како ќе продолжи ова ? Не може да продолжи нешто што никогаш не почнало како што треба. За да продолжи треба да вложиш труд.Ти секогаш го вложуваш на погрешно место. Но знаеш што ? Сите се враќаат, порано и подоцна, некои по неколку месеци, некои по неколку години. Мој е изборот дали ќе дозволам да ми пријдат повеќе или не.